Пред некој ден,после скоро една година,се сретнав со добра стара пријателка и се разбира дека седнавме на кафе моабет да видиме што биднувало за тоа време.Работи во пензионерски дом и кога ја прашав како и е на работа,ми одговори дека е исто како да работи во градинка:менува пелени,ги учи да одат,ги шета,ги рани,облекува,забавува,бања,им сече нокти,ги чешла,бричи,но сето тоа со една разлика,во градинка доаѓаат весели родители и насмеани ќе си ги земат децата за да другиот ден повторно ги донесат, а тука во домот,ретко кога ќе дојдат во посета блиските а камоли некој да ги земе и да ги однесе дома.Поентата ми беше на мислењево каде е тука смислата на животот?