1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Која е смислата на животот?

Дискусија во форумот 'Философија' започната од melpomena, 22 март 2012.

  1. Хептаграм XI

    Хептаграм XI Староседелец

    Зачленет на:
    26 мај 2013
    Мислења:
    1,723
    Допаѓања:
    880
    Ова се всушност должности. Бидејќи не си човек ако прво не ги сфатиш и сработиш своите обврски, а потоа следуваат привилегиите од своите должности!

    Ова се должности кон себе си!

    • Сфати дека ти си средиште на својот сопствен Универзум.
    • Истражи ја Природата и Моќите на своето сопствено Битие.
    • Развиј ја во соодветна хармонија и пропорција секоја способност што ја поседуваш.
    • Контемплирај за својата сопствена Природа.
    • Пронајди ја форумулата на оваа цел или „Вистинската Волја“ во еден израз колку што е можно поедноставно.
    • Прошири го до крајни граници опсегот на својата свесност и нејзината контрола над сите сили кои се туѓи.
    • Никогаш не допуштај мислите или волјата на кое било Битие да се вмешува во твојата сопствена.
    • Немој да го пригушуваш ниту ограничуваш ниеден вистински инстинкт на твојата Природа туку посвети се до совршенство само во служба на твојата Вистинска Волја
    • Радувај се’!
    Ова се должности кон другите!
    • „Љубовта е закон, љубов под волја.“ – I:57
      „Дојдете, о деца, под ѕвездите и исполнете се со љубов!“ – I:12
    • „Како браќа борете се!“ – III:59
      „Ако тој е Крал ти не може да го повредиш“ – II:59
    • Избегнувај го секое вмешување во другите волји.
      „Внимавајте никој да не го присилува другиот, Крал против Крал!“ – II:24
    • Настојувај ако ти е по волја да ги просветлиш другите кога ќе ти се укаже прилика за тоа.
    • Обожувај се’!
      „Секој маж и секоја жена е Ѕвезда“ – I:3
    И има уште на овој линк, но сигурно нема да најдете потреба од истите во Вашите животи, а може и нешто од погоре не ви е по ќеф, но кој Ве прашува што ви е по ќеф или не... кога се работи за должности - има да ги извршите или ќе бидете робови :)
     
  2. pozdrav eden topol

    pozdrav eden topol Истакнат Член

    Зачленет на:
    10 ноември 2017
    Мислења:
    606
    Допаѓања:
    345

    Сето ова пишано горе, е многу тешко за реализирање:nah
     
  3. Хептаграм XI

    Хептаграм XI Староседелец

    Зачленет на:
    26 мај 2013
    Мислења:
    1,723
    Допаѓања:
    880
    И доаѓањето на Земјата не е лесно... па што? :)
     
  4. pozdrav eden topol

    pozdrav eden topol Истакнат Член

    Зачленет на:
    10 ноември 2017
    Мислења:
    606
    Допаѓања:
    345
    Јас лесно сум дошла на овој свет, мајка ми ме родила како кокошка кога снесува јајце;)...а ти што потешкотиии си видел кога си доаѓал:eek
     
  5. İncognito

    İncognito Староседелец

    Зачленет на:
    31 август 2013
    Мислења:
    2,481
    Допаѓања:
    3,757
    Не барајте ја смислата на животот во некоја одредена дестинација, менувајте ги во себе мислите, чувствата, духот, карактерот, копајте метафорично во футуристичката поема која ќе ве дефинира надвор од вас и заборавете на вашето его, за да ги погледнете нештата како што навистина изгледаат. Не се идентификувајте со материјалното што го поседувате дури и со телото кое не ви припаѓа вам туку на природата. Уживајте во патувањето наречено живот, кој ноќва некаде згаснува, а пред вас е новиот ден и не заборавајте да посакате во него нешто убаво, кое можеби и ќе ви се случи,
    за промена.
     
    На Prashina и violetmoon им се допаѓа ова.
  6. Laila

    Laila Полноправен Член

    Зачленет на:
    18 јуни 2019
    Мислења:
    30
    Допаѓања:
    24
    Смислата е во сегашноста, затоа што нема утре. Има само денес и овде. Свесна сум за се што ми се случува, затоа што јас одлучувам да биде такво. Секој мој избор, секоја моја постапка, моите одлуки, целите кои што си ги поставувам, трудот кој што го вложувам влијаат врз квалитетот на мојот живот и еден ден ќе ја комплетираат смислата на моето постоење.
     
    На antonio и Ballet is my life им се допаѓа ова.

Сподели: