Колку деца би сакале да имате?

tinka

Нов член
27 јануари 2014
11
16
3
27
јас отсекогаш сум сакала да имам 4 деца две да бидат близначиња едното машко а другото женскоо :gus
 
  • Like
Реакции: escape

rain-bow

Истакнат Член
21 ноември 2014
174
79
338
Сакам 3 дечиња. Не е толку битно какви, но сепак би сакала да имам ќеркичка. А за имиња уште не сум размислувала.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,353
3,846
1,153
Секогаш сакав три деца, од кои минимум 2 женски. Денес имам две, едното машко, другото женско.
Кај да е, ќе засукувам ракави и ќе туркам фармерки за да си ја дозавршам мисијата :)
 
  • Like
Реакции: belabelina

Katry

Нов член
6 декември 2014
5
9
3
Одсекогаш сум сакала 2 машки и 2 девојчиња
Па ќе видиме дали ќе се исполни желбата кога ќе дојде време за тоа. Но сепак најважно е да бидат живи и здрави без разлика какви се.
]:)
 
  • Like
Реакции: Y1K991

Fashion.Lover

Староседелец
19 февруари 2015
297
83
628
New York,New York
4/5 од кои минимум две мора да се женски.Тоа е сепак желба.И да не се исполни не е крај на светот.Само да се здрави и живи,тоа е најважно.
 

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,105
971
733
Јас сакам две деца, два сина. Јас имам ретко и уникатно име. Едниот син ќе биде крстен по мене, другиот исто ќе има ретко и најубаво име :)
 
  • Like
Реакции: Kisserboy

Falanga

Истакнат Член
10 април 2016
350
293
173
38
Јас сакам две деца, два сина. Јас имам ретко и уникатно име. Едниот син ќе биде крстен по мене, другиот исто ќе има ретко и најубаво име :)
Бре бре бре, ги нападна сега темиве за мажени и женети хахахахаха.....
Баш ме интересира како се викаш, што е толку уникатно :)
 

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Искрено, мене ми е многу глупо кога ќе прашат некој/а какво е детето или какво сака да биде и ќе каже одредено син или ќерка. Нели е најважно да биде здраво живо детето? Еднаш така една жена кога лепна: Машко мора да биде да ја чува куќата да не чува нас. Еве комшиите имаат ќерка и син па синот си замина во странство ги гледа еднаш годишно а ќерката им доаѓа секој ден тука им помага со се, ги гледа. Многу безвезални работи ми се тоа. Син, за да му ја препишам куќата. Ало бре, ајде да ја оставиме ќерката на улицата? Ако си маж, син ќе направиш :facepalm2
Тоа се според мене селски размислувања и сфаќам сите имаме некои желби, али овој тип на желби Сакам син/ќерка за мене се безвеза. Тие луѓе не можам да ги сфатам сериозно или да ги гледам со некоја блискост.
Од друга страна пак, пред да се родам јас, мајка ми сакала да има син а татко ми сакал да има ќерка. Може и тоа до некаде има некакво влијание зошто сум далеку поблизок со мајка ми.
Посебно ако станува збор за прво дете прваче. Ако сакаш ќерка а ти се роди син, нема да го сакаш? Толку е млитаво и без веза.
Да не бидам офф топик, се на се земено, тешко е финансиски, кога гледам колку непочитување има помеѓу браќа сестри и тд итд, сакам да имам едно дете. Не е важно дали е машко или женско. Важно е да биде човек и да ме почитува. Без разлика на се, сигурен сум дека тоа дете ќе ми биде се и ќе се потрудам да биде најсреќното дете на светот :)
 
  • Like
Реакции: escape, Prashina and malo