Многу ситно девојче, со виткани коси, темни очи..на 5 години сум прозборила.
И друго не знам![]()

ама нема везе, не се ни сеќавам на неа. Прилично мирна сум била, за ништо не сум се бунела и не сум плачела многу. Рано сум прозборела, едвај сум проодила со помош на некакви апарати... Ама штом сум пошла во граднинка малку сум се разлошила. Се сеќавам имав една другарка и многу се тепавме. Кај и да се видевме партали се праевме. Еднаш татко ми дојде да ме земе од градинка и јас му кажав дека се тепавме со девојчето и тој ја бараше да ја праша зошто сме се тепале а таа под една масичка се скрила
Останував понекогаш и втора смена, со тројца близнаци и еден другар...Шо се не и правевме на воспитачката...Душа и знае, ама и ден денес кога и да ја видам секогаш ја поздравувам. Во забавиште опседната бев со Пипи долгиот чорап па скоро секој ден имав прцки. Не правев глупости оти не ми одговараше друштвото. Е после кога отидов во основно почнаа лудориите. Татко ми на работа шминкан со “фонтани“ на главата одеше, а јас цела вечер се мачев да му ги направам. Дома не се прибирав цел ден, мајка ми ќе ми симнеше долу јадење и пак се качуваше дома. Еднаш пробав и од трети спрат да летам, откако го гледав спајдермен. Жива среќа навреме ме виделе. На сред улица градевме колипки од гранки, па кога ќе ни ги растуреа ги мававме луѓето со се што ќе најдевме и на крај во ливадата кај нашите згради градевме огромни колипки, па таму бевме скоро секогаш. Јадевме, дремевме, си игравме, се тепавме...Како втор дом ни беше. Со кукли не си играв многу ама обожавав да ги распарчувам
Во петто пробав да летам од покривот на куќата кај дедо и баба ама тато ме фатил навреме. Обожавав да се качувам по дрва, оти мислев едно време дека сум птица и дека можам да летам 
Будалче сум била и сеуште сум 
не бев некое мирно,повлечено, ниту пак хиперактивно.памтам многу се интересирав за креативни нешта:цртав мои лични креции на фустани,правев куќи од картони,боев во боенки,шиев фустанчиња и апсолутно цело време цртав!еден ден на мајка ми му се здосаде да ми купува фломастери,па турав самата ракија во фломастерите за да ми писат поубаво xDhttp://www.crnobelo.com/zabava/evergrini/13137-koga-bevme-maliСите носиме спомени од детството во срцето и со радост се сеќаваме на нив. Кои од работите кога бевме мали оставиле трага во вашата меморија? Што од ова би сакале да го правите сега пак?
Кога бевме мали:
Јадевме кришки леб со чубрица. Додека си игравме на улица мајките викаа по нас со лепче во раката.
Бабите ни даваа да јадеме матено јајце со шеќер.
Пиевме растворен Step Light. Од што беше вкусен го лижевме на рака. Што радост беше кога ќе ти се офарбаше јазикот црвен.
Пукавме петарди низ цело маало. Тек кога ќе дојдеше Нова година...Сигурно сите добро се сеќавате за заканувачката приказна за детето што му пукнало петарда во рака и останало без прсти.
Облеката не ни беше брендирана, а сепак уживавме додека си игравме и така облечени по цели денови низ маало.
Неуморно вртевме хулахоп. Со часови чекавме редици за лулашки...а, денес се празни.
Девојчињата скокаа на ластик и играа плочка, а машките џамлии и на тапка.
На сите зглобовите ни беа направени рани од мавање со клик клак.
Гледавме Мамли, Том и Џери, Баљум баљум, Мечето Ушко.
Пишувавме споменари и водевме лексикони во кои пријателите одговараа на лични прашања.
Елката за нова година ја китевме со бастумчиња и златни бомбони.
Барбиките ни ги носеа од странство и ги чувавме како очите.
Собиравме животинско царство и за цел пополнет албум добивавме пакет со слатки.
Си игравме продавачки и готвачки, каубојци и индијанци, жмурки...
Улиците беа исполнети со детски џагор. По цели денови и ноќи. И на најтопло и на најстудено. Се дружевме сите. Се тепавме, се сакавме и на љубовно фото. Се бркавме, се штипкавме.
Кога бевме мали не знаевме дека безгрижноста е ограничена и сакавме да бидеме големи и да пораснеме.
Пораснавме..
![]()
извор