Јас како мала идентична близначка сум имала на 2 саати само
ама нема везе, не се ни сеќавам на неа. Прилично мирна сум била, за ништо не сум се бунела и не сум плачела многу. Рано сум прозборела, едвај сум проодила со помош на некакви апарати... Ама штом сум пошла во граднинка малку сум се разлошила. Се сеќавам имав една другарка и многу се тепавме. Кај и да се видевме партали се праевме. Еднаш татко ми дојде да ме земе од градинка и јас му кажав дека се тепавме со девојчето и тој ја бараше да ја праша зошто сме се тепале а таа под една масичка се скрила
Останував понекогаш и втора смена, со тројца близнаци и еден другар...Шо се не и правевме на воспитачката...Душа и знае, ама и ден денес кога и да ја видам секогаш ја поздравувам. Во забавиште опседната бев со Пипи долгиот чорап па скоро секој ден имав прцки. Не правев глупости оти не ми одговараше друштвото. Е после кога отидов во основно почнаа лудориите. Татко ми на работа шминкан со “фонтани“ на главата одеше, а јас цела вечер се мачев да му ги направам. Дома не се прибирав цел ден, мајка ми ќе ми симнеше долу јадење и пак се качуваше дома. Еднаш пробав и од трети спрат да летам, откако го гледав спајдермен. Жива среќа навреме ме виделе. На сред улица градевме колипки од гранки, па кога ќе ни ги растуреа ги мававме луѓето со се што ќе најдевме и на крај во ливадата кај нашите згради градевме огромни колипки, па таму бевме скоро секогаш. Јадевме, дремевме, си игравме, се тепавме...Како втор дом ни беше. Со кукли не си играв многу ама обожавав да ги распарчувам
Во петто пробав да летам од покривот на куќата кај дедо и баба ама тато ме фатил навреме. Обожавав да се качувам по дрва, оти мислев едно време дека сум птица и дека можам да летам
Будалче сум била и сеуште сум