Како да изберете име за вашето дете?

Emma.T

Истакнат Член
23 декември 2012
241
352
163
Овие работи одат во договор со сопругот, не може само јас да бидам одговорна за имињата на децата.
Затоа што веќе се изјаснив дека сакам да имам 3 девојчиња, имам избрано 6 имиња, кои намерно се интернационални(за секое дете по две, во случај првото да не му се свиѓа на идниот сопруг, да имам резерва:giggle ): Ана, Бјанка, Клара, Лора, Кара и Изабела.
Е, ако имам машки деца тогаш едно сакам да се вика Максим, а другите би биле договорени или избрани од сопругот.
 

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
Ако почнам од сега да не спијам ноќе мислејќи имиња за децата, кај ќе ми биде крајот :frantic
Мене мајка ми ме крстила по омилениот парфем хехе а кумот сакал да се викам Даница :x :nah среќа мајка ми реагирала :D
а што знам мене онака привлечни имиња ми се Габриел, ми звучи многу строго, одредено, цврсто, заводливо....
а за женско Меланија ми е така-така, немам некое баш омилено..
а како ќе ми се викаат децата само еден Бог знае :D
 

♠ Таа Сум ♠

Староседелец
17 април 2012
233
444
1,063
Скопје
Првиот е Давид,ставено од кумот ама со моја помош :giggle
Е сега вториов незнам како ке биде...Ми се допаѓаат: Огнен,Кирил,Горјан и Калин .. Имам време до Јуни,се надевам ке изберам најправилнооо (inlove)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and JaMi

CofD

Нов член
22 февруари 2012
23
9
3
Првиот е Давид,ставено од кумот ама со моја помош :giggle
Е сега вториов незнам како ке биде...Ми се допаѓаат: Огнен,Кирил,Горјан и Калин .. Имам време до Јуни,се надевам ке изберам најправилнооо (inlove)
Само немој Калин да го крстиш, греота е да го осакатиш детето, цел живот ќе го носи тоа име :) Другиве 3 ок се :D
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Најголемата караница во досегашнава врска, и брак со жена ми, ни беше поради тоа - избирање на имиња.
Јас сакам штосни - и шпански, таа сакаше старо македонски...
И на крај од Никола, дојде Николи, а за принцезата во еден глас се согласивне Ивана, нагалено Ива, од песната Кој да ти каже ивана...
 

Bum-Bum

Истакнат Член
3 март 2012
1,126
1,845
423
Еден досаден град
За машко Борјан за женско Борјана....
Некако ми се многу убави овие имиња.
Освен ако нормално не се роди на некој празник ,тогаш денот ќе си го даде името.
Иако ја имав една луда идеа за име...ама многу ми е симпатично.За женско Кирилина....на кој и да кажам сите ми се смееа или Антигона....мене ми се многу убави :)
 

Strumfeta

Полноправен Член
20 јуни 2013
57
91
18
Јас си имам некои омилени имиња што би сакала да ги носат моите деца, еве на пример ако се машки и женско би ги крстила Даријан и Меланија :)
Во никој случај не сакам да ставам имиња по бабата, дедото, прабабата итн, итн.
Сеа размислував за можноста ако имам ќерка да ја крстам по мајка ми (бидејќи е почината и некако како должност некоја чувствувам), ама дечко го кажал тоа дома на мајка му, оваа одма се намргоџи (punch) И као демек сеа дечко ми на обиколен начин ми кажува дека ако требало децата да се крстат по баба, дедо тоа требало да бидат имињата родителите од мажот (yea right :mad ) И така пресеков нема такви имиња, ставаме нешто модерно ... Здравје Боже само да дојде тој момент (sun)