Идеја за подарок

Харингтон

Нов член
23 март 2015
3
0
1
29
@Saladin Аха, те разбирам... Се наоѓам во навистина тешка ситуација, во која што сам морам да се снајдам.
Како што ви наведов погоре, не обожава накит (не носи воопшто).
Добра ти е идејата со портретот, но ќе мора да биде само нејзин, бидејќи заеднички тешко. ( не постои таква слика сеуште). Знам дека звучи малку глупо, али што е тоа е...
Преостануваат уште неколку дена, ако не ќе морам со мала помош од сестра и... (worried)
 
MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Тууууу роденден е, ко кој знае што да е. :zelen Не знам што е толку лошо едно убаво лосионче да се подари, мене никогаш не ми се на одмет такви работи. Особено ако е со кокос. (wasntme)
Реално и пообични и позначајни подароци можат да се подарат во секој момент (не мора да се чека роденден), но на крајот на краиштата, прашање е дали моментално ќе и се допадне. Не можеш да му ја мислиш сега за децении. Него, можеш и да ја однесеш на вечера некаде (ете ме мене пак, со "подарок" кој нема да и остане за во иднина :giggle). Одвојување/посветување време сигурно ќе направи да се осеќа убаво и посебно.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Абе тоа „нема да и` остане во иднина“ е многу грешка сфатено. Ако ти треба предмет за да се потсетиш на некој што ти го подарил предметот тогаш веројатно треба да се запрашаш дали воопшто придаваш значење на таа личност. Подарок е јеботе, не знам што има толку лошо во подарување „обични“ работи. Па имаш тука „ама времето кое си го посветил за подарокот е битно“. Кое време? Она што си го одвоил за да тркнеш до продавница и да купиш нешто? Или времето кое си го одвоил за да смислиш како да подариш нешто од кое ти ќе добиеш емоционална корист од жртвата? Па да не се трошел подарокот, па не знам ти што да бил... купи и` мед затворен во оние бурињата од НАСА и ем никогаш нема да се расипе ем нема никогаш да го потроши.

Или зашто ти е женска you can make sweet love like this:
1414574244624.gif
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and Saladin

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Јас најискрено, би се почувствувал глупо и тотално неважно доколку женска ми дојде на роденден со парфем или некој таков ефтин пакет (па и да е најскап, за мене е ефтино :zelen). Сакам уникатни подароци, да давам и да ми дават. Доколку не знам што би можело да и се допадне на личноста на која и одам на роденден, тогаш давам пари.
@Харингтон во твојов случај, според мене е најдобро да бидеш уникатен. Не којзнае што, ами нешто кое ќе се памти посебно ако сте во почетната фаза од врската. Можеш на пример да ја однесиш во ресторан, па после јадење да му речеш на келнерот да и донесе една ружа ( не знам колку пари се, ама сигурно не се многу скапи) со некоја добра порака, секако. Ако не можеш да смислиш сам, побарај помош од некој пријател кој се разбира во такви работи. Многу мало и навидум незначајно, ама ти гарантирам дека ќе го памти моментот целиот живот.
Доколку ти е срам да го направиш тоа :rolleyes: или не ти е баш по ќеф можиш да се обидиш со оние работи кои ги кажаа членовите погоре. Слика со вас двајца (НЕ НЕ и НЕ само неа, барем не според мене, јас попрво би и однел слика од МЕНЕ :zelen во твојот случај слика од ТЕБЕ), некоја интересна маица (лого од нејзината омилена серија, бенд, актер/ка, пејач/ка и сл), некоја ситница за која ти кажала дека и се допаѓа и и е во план да ја купи (јас упорно и кажувам на мојава што книги сакам, се надевам ќе и текне да ми купе некоја од тие што ги барав по книжарите), можеш на пример да и нарачаш торта со некоја фраза која ви се допаѓа на вас двајцата, некоја мисла која ти се допаѓа или која ве опишува и слично... не знам колкави сте, ако на пример ја влече медицината купи и од оние детските играчки што се за доктори/ки (уникатно 100% ти гарантирам, мој другар и купи на девојката беше пресреќна), ако сака спорт купи и фудбалска топка и напиши на неа некоја уникатна порака со фоломастер и слично.
Абе деца, како може толку да сте, јас колку уникатни идеи имам тоа е чудо едно! :zelen
На крајот на краиштата, се се сведува на тоа да бидиш уникатен. Нешто интересно, несекојдневно, нешто што ќе го памте. Не ја познаваме за да знаеме каква е, ти најдобро си ја знаеш каква е и што сака.
Со среќа и пиши после што си направил, ако не е тајна.
 
Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
@Saladin Аха, те разбирам... Се наоѓам во навистина тешка ситуација, во која што сам морам да се снајдам.
Преостануваат уште неколку дена, ако не ќе морам со мала помош од сестра и... (worried)
Лелее, тешката ситуација... :D Што ти е young love...ништо страшно и да утнеш де, веројатно сте на почеток на врска, нема потреба од расфрлање.
Битна е личноста што го дала подарокот, а ако прчи муцки дека не ѝ се допаѓа, I've got bad news for ya.
Еве, мене, меѓу другото, и замотано какао ми донесоа пошто пред година дена сум направила Несквик по грешка. Ем неочекувано од срце ме изнасмеа, ем повеќе ќе го памтам тоа отколку било кој традиционален подарок.
Порано момакот да ти наснимаше песни на ЦД што мисли дека ќе ти се допаднат - готово, може за брак да размислуваш...сега со Јутуб се уништи магијата.
Не знам...еве земи ѝ од оние шољине со среќа е...нешто што се, испринтај ѝ го омилениот музичар или лик од филм/серија на маица...или едноставно, а и практично - нарачај торта или капкејк(с) што ќе ги потсредат со некој натпис/срце за неа и едно балонче со честитка (don't take this the wrong way).
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Абе тоа „нема да и` остане во иднина“ е многу грешка сфатено. Ако ти треба предмет за да се потсетиш на некој што ти го подарил предметот тогаш веројатно треба да се запрашаш дали воопшто придаваш значење на таа личност. Подарок е јеботе, не знам што има толку лошо во подарување „обични“ работи. Па имаш тука „ама времето кое си го посветил за подарокот е битно“. Кое време? Она што си го одвоил за да тркнеш до продавница и да купиш нешто? Или времето кое си го одвоил за да смислиш како да подариш нешто од кое ти ќе добиеш емоционална корист од жртвата? Па да не се трошел подарокот, па не знам ти што да бил... купи и` мед затворен во оние бурињата од НАСА и ем никогаш нема да се расипе ем нема никогаш да го потроши.

Или зашто ти е женска you can make sweet love like this:
Отвори ја прикачената датотека 23453
А запази на онаа нигеркана глаата и` отиде од смеење :rofl
Не, не... не е до времето. До суштината е. Посветеност цури поштуваат, и да ти одземе 10 минути или 2 дена во спремање на поклонот. Али да има суштина. Да не биде дадено онака ради present's sake. (no pun intended :D)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
@Saladin Се тоа супер. Ај вака, да речеме дека имаш некои кројачки способности и викаш „Ќе и` скројам... минич?! Не, фустан.“ И си кроиш ден-два-три и конечно е готово. Го даваш поклонот ама не и` се свиѓа, ете брате не го сака :D и чисто од куртоазија глуми лудило.
Другата година го купуваш првиот фустан кој си го здогледал и и` го даваш :zelen и и` се свиѓа, ама пошто не си се посветил она иде дома и го фрла?!
 
Еми ако го фрла тоаш е до нејзе.
Ако типот ич не се замара тоаш е до него.
Затоа зборам он нек проба што е до него и до оноа што и` се свиѓа на нејзе (пак е до него пошо он е тој што ја знае и знае отприлике шо и` треба). Ако она изводи и тоа нему му пречи, тоаш е до карактерни некомпатибилности, и не е до него. Работата е он да не го стаи овој пропуст како негова грешка.
Многу е лесно у суштина. Треба да и` земе нешо шо нејзе и` се свиѓа/го носи/користи, не мора да чини многу но да има суштина во тоа. Пошо нема бољи поклон за мушко ако цурата шо му се свиѓа и` го погоди подарокот и види искрена насмевка.
Добро де осим set of drums, појачало и електрична гитара, али сеа да не се преценуеме :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MissChievous

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Порано чекав од една женска да ми подари Реми Мартен коњак ама никогаш не и текна :(