Јас најискрено, би се почувствувал глупо и тотално неважно доколку женска ми дојде на роденден со парфем или некој таков ефтин пакет (па и да е најскап, за мене е ефтино
). Сакам уникатни подароци, да давам и да ми дават. Доколку не знам што би можело да и се допадне на личноста на која и одам на роденден, тогаш давам пари.
@Харингтон во твојов случај, според мене е најдобро да бидеш уникатен. Не којзнае што, ами нешто кое ќе се памти посебно ако сте во почетната фаза од врската. Можеш на пример да ја однесиш во ресторан, па после јадење да му речеш на келнерот да и донесе една ружа ( не знам колку пари се, ама сигурно не се многу скапи) со некоја добра порака, секако. Ако не можеш да смислиш сам, побарај помош од некој пријател кој се разбира во такви работи. Многу мало и навидум незначајно, ама ти гарантирам дека ќе го памти моментот целиот живот.
Доколку ти е срам да го направиш тоа
или не ти е баш по ќеф можиш да се обидиш со оние работи кои ги кажаа членовите погоре. Слика со вас двајца (НЕ НЕ и НЕ само неа, барем не според мене, јас попрво би и однел слика од МЕНЕ
во твојот случај слика од ТЕБЕ), некоја интересна маица (лого од нејзината омилена серија, бенд, актер/ка, пејач/ка и сл), некоја ситница за која ти кажала дека и се допаѓа и и е во план да ја купи (јас упорно и кажувам на мојава што книги сакам, се надевам ќе и текне да ми купе некоја од тие што ги барав по книжарите), можеш на пример да и нарачаш торта со некоја фраза која ви се допаѓа на вас двајцата, некоја мисла која ти се допаѓа или која ве опишува и слично... не знам колкави сте, ако на пример ја влече медицината купи и од оние детските играчки што се за доктори/ки (уникатно 100% ти гарантирам, мој другар и купи на девојката беше пресреќна), ако сака спорт купи и фудбалска топка и напиши на неа некоја
уникатна порака со фоломастер и слично.
Абе деца, како може толку да сте, јас колку уникатни идеи имам тоа е чудо едно!
На крајот на краиштата, се се сведува на тоа да бидиш
уникатен. Нешто интересно, несекојдневно, нешто што ќе го памте. Не ја познаваме за да знаеме каква е, ти најдобро си ја знаеш каква е и што сака.
Со среќа и пиши после што си направил, ако не е тајна.