Идеја за подарок

DaBeTojSum

Нов член
11 август 2014
4
2
3
30
Случајно влегов на темава не со првенствена цел за да помогнам (признавам) , туку си реков деее нова тема некој отворил јупииииии и ајде брзо брзо да влезам. Да прочитам можеби и мене некоја идеја ќе ме бендиса па ќе ја искористам за кога јас ќе треба да купувам поклон.
Детето си кажа дека си има пријателка со која си е доста близок , дека ќе се има роденден девојчето наскоро и бидејќи и е јубилеен се сетил да и купи кристал од Сваровски зошто сите ние девојчињава потајно си уживкаме во светликави кристалчиња одвреме навреме, па макар биле од пазар земени за 50 ден.
Идеите од Аркантос се прекрасни и иновативни но јас некако ги доживувам како момчето или некој кој е вљубен во неа да би ги направил. Јас на нејзино место и другар мој толку да се намачи некако би ми дошло како скриена порака за I love you... а ако има вистина во ова I love you тогаш и те охрабрувам да направиш нешто вакво затоа што дефинитивно ќе ја поместиш од место.
Орхидеја лошо се вклучи во муабетов мислам дека и самата знае. Можеше барем идеја да даде, или да донира едно 100 евра ако мисли дека целта на темава е да се соберат пари за подарокот :frantic

Он топик:
Имаш привезоци до цената што си планираш да ја одвоиш, и можеш да ја искомбинираш со кожна врвка исто има таму и кристалчето па ќе може да си го носи и за секој ден. Убав подарок за 18 год.
Ако има омилена група, пејач или пејачка можеш да и купиш некој омилен албум проследено со убава бела роза.
Или на обична бела маица нека ти напишат некоја кратка порака за Хепи брдеј, и урамија во некоја стаклара. Јас еднаш урамив дресс , ме фати 600 ден, и беше баш специфичен подарок .
Gary_neville_signed_manutd_shirt_frame5.png
Нешто вака ама наместо дрес, на маицата би имало роденденска порака и долу три слики ваши од некои убави моменти.

Моментално толку од мене ако се сетам на нешто ќе се навратам пак.
Ами фала богу некој да ме разбере :))) Фала ти мнооогу на предлозите!
"Имаш привезоци до цената што си планираш да ја одвоиш, и можеш да ја искомбинираш со кожна врвка исто има таму и кристалчето па ќе може да си го носи и за секој ден. Убав подарок за 18 год." дефинитивно ќе е оваа :) Фала ти моме многу уште еднаш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mystique

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Изгледа пари му требаат на дечково а не идеи.
По што заклучи ова?
По тоа што човекот сака да и` подари Сваровски кристал?
Самиот си кажа на почетокот дека спремен е да одвои 1500 - 2000 за поклон. Работата е - на што?
 
MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Еве јас лично на што би се израдувала ако добијам како подарок:

Музички албум - било да е последниот албум пуштен од омилениот македонски изведувач или пак цела дискографија (доколку повеќе луѓе учествуваат во купување на подарокот), мене секогаш би ми се допаднало тоа како подарок. На пример, албумче/дискографија од Smut, Hardfaced, Новиот Почеток, Фонија,... just a thought. (wasntme)

Шминка - нека биде тоа и најмалецката сенка за очи или пудричка, битно да е квалитетна. Не мора да биде од најскапите, но подобро за 300-500 денари да купиш едно парче квалитетна шминка, оттколку повеќе работи, но со слаб квалитет.

Чоколадо - или нешто друго благце. Повторно и тука ќе споменам како за шминката, не мора да биде тоа најголемото чоколадо или повеќе работи, подобро едно, ама квалитетно. На пример, екслузивното чоколадо со бадеми од Европа.

Пијалок - Jameson (иделен подарок за поголема група). Само шише или со чаша. А може и друго виски или пак Шток. Поскромна варијанта, добро вино.

Технологија - не велам да ми се подари таблет или мобилен телефон. :zelen Но, може некој вид на accessory. Увек се добродојдени нов пар слушалки или пак УСБ.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: BlackTulip

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Штека цигари да ми подари некој најубаво би било. Може и пакет не се противам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Харингтон

Нов член
23 март 2015
3
0
1
29
Здраво форумџии..
За неколку дена и е роденден на девојка ми. Ако можете малку да ми помогнете околу поклонот, бидејќи навистина не знам што да и подарам.. Ќе полудам...
Имав некои работи на ум, но или не носи такво нешто или пак имам подарено до сега.
Прво сакав да и подарам Сваровски нараквица, но не обожава накит, нараквици, ланчиња, обетки и слично... Потоа реков некој парфем, и имам подарено неколку пати до сега... Сега се двоумам некоја колекцијада и купам или пак чанта, паричник нешто такво... (ма да не носи ни чанти многу). Ве молам за некој совет, малку помош бидејќи целосно сум избезумен.
 
MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Здраво форумџии..
За неколку дена и е роденден на девојка ми. Ако можете малку да ми помогнете околу поклонот, бидејќи навистина не знам што да и подарам.. Ќе полудам...
Имав некои работи на ум, но или не носи такво нешто или пак имам подарено до сега.
Прво сакав да и подарам Сваровски нараквица, но не обожава накит, нараквици, ланчиња, обетки и слично... Потоа реков некој парфем, и имам подарено неколку пати до сега... Сега се двоумам некоја колекцијада и купам или пак чанта, паричник нешто такво... (ма да не носи ни чанти многу). Ве молам за некој совет, малку помош бидејќи целосно сум избезумен.

Имаш интересни сетови козметика во маркет DM, баш прееска ги гледав. Имаше едно сетче со гел за туширање и лосион за тело од марката Balea за 350 денари, убаво изгледаше. Имаше едно друго поголемо со 2 гела за туширање и лабело убаво спакувано во шарен несесер (му ја заборавив цената). Исто, во DM има едно масло со стапчиња (без палење, само се става стапче во шишенцето со масло), ако сака такви миризливи работи, ќе и се допадне, околу 150 денари е.
Или пак ако те носи патот накај Чаршија, од страната кај Скендербег има една продавничка со преубави марами, од некој прекрасен материјал се, еднобојните се 250 денари. Исто, во Чаршија во едно продавниче погоре (накај Музеј на Македонија) има едно многу интересно огледалце, со старински изглед со каменчиња, 200 денари. А вакво огледалце со метално чешле во кутија е 300 денари.
Всушност, има доста интересни работи низ Чаршија, само треба да разгледаш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Здраво форумџии..
За неколку дена и е роденден на девојка ми. Ако можете малку да ми помогнете околу поклонот, бидејќи навистина не знам што да и подарам.. Ќе полудам...
Имав некои работи на ум, но или не носи такво нешто или пак имам подарено до сега.
Прво сакав да и подарам Сваровски нараквица, но не обожава накит, нараквици, ланчиња, обетки и слично... Потоа реков некој парфем, и имам подарено неколку пати до сега... Сега се двоумам некоја колекцијада и купам или пак чанта, паричник нешто такво... (ма да не носи ни чанти многу). Ве молам за некој совет, малку помош бидејќи целосно сум избезумен.
A можеш и да и’ купиш некоја книга, да и’ напишеш некоја интимна посвета и мислам дека ќе биде пресреќна...
Парфемот и колекцијата ќе ги потроши, марамата ќе ја износи, накит не обожава...а книгата останува за цел живот...кога и да ја види ќе се сети на тебе со насмевка...
 
Харингтон

Нов член
23 март 2015
3
0
1
29
@LittleButterfly Фала ти што одвои време да ми одговориш. Ете не го спомнав тоа погоре. Не чита книги. ( Не е никаков трол, само пробувам да најдам соодветен подарок што ќе и остане во сеќавање, а и да не биде нешто онака купено колку да се рече). Можда малку паничам, но така е бидејќи ова е прв нејзин роденден откако сме заедно. Навистина сакам да и се допадне.
@MissChievous Еве денес баш ќе отидам во DM, да разгледам што има.. А тоа со чаршијата не ќе можам, бидејќи сум од друг град.
Сакав само да ве прашам, онака од женски аспект да ми кажете. Би ве повредило ли на некаков начин тоа за роденден да добиете некоја колекција како погоре наведената од вашишт партнер? ( Знам дека е глупо прашањево, но ете да си прашам). (think)
И да, ти благодарам и на тебе многу.
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253

Мора да признам дека поклон кој содржи гелови за туширање и лосиони а плус па од ефтините(ке помислам дека дечкото има примедба со мојата лична хигиена)не би посакала.Незнам колку пари ти се на располагање за трошење но има многу убави рамки за слика, па стави некоја ваша заедничка, голем букет, балони во облик на срце на пр....има очила за сонце, капчиња за на глава,фигура слонче за среќа ....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Давор

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Треба да си издвоиш колку ќе потрошиш, да не испадне изненадно нешо, иако се работи за личност која ти е многу блиска. Колку-толку, до тебе е.
Сеа другава ставка е, а тоа е дека големината на сумата не ја детерминира посветеноста во врската или по нашки Колку пари =/= толку музика. Горе ти пиша Мис за релативно евтини пакети но ако на типката и` годат токму тие, џабе ако и` купиш Викторија Сикрет ствари ако не и легнува и не се осеќа своја во нив.
Друго исто што го спомна меѓу редови Пеперутката е дека кај цури више пали посветеноста и малите нешта. Тоа од лично искуство ќе ти кажам дека е точно. Не мора книга. Не мора ни пакет козметика, може накит ако знаеш што точно носи. Можеш нешо custom made, особено ова пали. Сваровски е превише мејнстрим, но ако тоа „обича“, зашо да не. Битна работа е парфем и накит имаат огромно дејство само ако личноста ја познаваш многу многу добро и ако го сака тоа. Во спротивно добиваш нешто со сила праење.
Исто што ми текна е портрет од тебе со неа заедно или одделно или ти или она нацртано од оние уметницине во Рамстор.
Најбитно е да има некоја порака на посветеност во тоа, не нешто да биде for the sake of the day.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy