Идеја за подарок

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Па не баш.Треба навистина да го познаваш тој што му го поклонуваш за да знаеш кој парфем го сака.
Тука не може да се потпреме на сопствен избор затоа што тоа што нам ни се допаѓа, не значи дека ќе се допадне и на другите.
До душа тешко е да се погодат поклони,ама суштината на поклонот е гестот,одвоеното време и вниманието...
Целосно се согласувам со тебе JaMi најважно е поклонот да го одариш со душа и со срце ама кога подобро човек ќе размисли најдобар поклон би било чоколадо речиси сите го сакаат =D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

DaBeTojSum

Нов член
11 август 2014
4
2
3
30
Имам мноогу блиска пријателка т.е. другарка.. Си живееме долго време, и онака пред некој месец и купив поклон, колекција, парфем со шауер џел беше мислам.. Сега за некој период и е роденден, па незнам што да и купам.. Сакав нешто од сваровски но незнам дали ке најдам нешто до кај 1.500 - 2.000 ден.

Давајте предлози, фала ви однапред.
Поздрав.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Имам мноогу блиска пријателка т.е. другарка.. Си живееме долго време, и онака пред некој месец и купив поклон, колекција, парфем со шауер џел беше мислам.. Сега за некој период и е роденден, па незнам што да и купам.. Сакав нешто од сваровски но незнам дали ке најдам нешто до кај 1.500 - 2.000 ден.

Давајте предлози, фала ви однапред.
Поздрав.
Верувам ја познаваш доста добро, дури до степен да знаеш кој парфем/препарат за интимна нега го користи, така да пак не ти е лоша идејата. Истото важи и за книга. Ако има дечко можеш да порачаш да и` направат заеднички портрет овие цртачиве во рамстор што се. Секако са ова ќе ти треба заедничка фотографија со типот.
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Зошто би ѝ купил Сваровски?
Идејата од Саладин ми се допаѓа, портрет, а ако таа не ти се допаѓа размисли што сака девојката, во што ужива... Направи ѝ изненадување а не да отидеш да купиш поклон и трап - бап(јас на такви поклони рака на срце се лутам, било да се подарени од жена ми, другарка, сестра, другар).

И да додадам оти не бев фер не ти кажав предлози.
Еве ти неколку:
1. Направи ѝ торта сам(рецепт од интернет) и вечерта во дванаесет договори се со другар нека ти „уфрли уште две раце“ затоа што ќе ти требаат... додека ѝ ѕвониш ти на врата за да ѝ ја дадеш другар ти нека ги запали огнометите, ако имаш кола можеш и да полееш со музика ситуацијата, уште ако имаш другар што свири на гитара... мераци(англиската Хапи брдеј ту ју не е убава на гитара, ама затоа шпанската...звучи феноменално).
2. Оди во златара, најди привезок инфинити. Ако имаш дома Дактилографска машина, напиши ѝ кратка честитка потоа завртија во конус и со панделка заврзи ја. Привезокот стави го во малечко кесиче за поклони, оди каде што полнат балони со хелиум, прво фино лепо конусот ставете го во балонот е потоа нека го наполнат. Откако ќе го наполнат заврзи го на поклончето а малку погоре стави игла.
- ако не ти се допадна ништо од ова, кажи, ќе ти дадам уште 10000 идеи.
 
Последна промена:

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево

Наместо таа може да пее „...животот мој е подаарооок твој“ од М. Стојановски.

Тамам роденденска песма.
 
DaBeTojSum

Нов член
11 август 2014
4
2
3
30
@Arkantos
Е зошто да не? На пример некое ланче, некој кристал, што би го носела ретко, бидејќи е таков тип и сака такви работи.
Твоите идеи не ми се допаѓаат баш, ова за инфинити ајде, ама останатото некако не...
Можеби и грешка направив што не напоменав дека таа полни 18 години, дека не сум и јас некој возрасен.. едноставно размислував ЗА ПОКЛОН а не приредби.

Сеуште идеи се добредојдени, а идејата предложена од Саладин е ја земав во обзир и размислувам за истата, така да -
@Saladin - фала за идејата братче.
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Зошто би ѝ купил Сваровски?
Идејата од Саладин ми се допаѓа, портрет, а ако таа не ти се допаѓа размисли што сака девојката, во што ужива... Направи ѝ изненадување а не да отидеш да купиш поклон и трап - бап(јас на такви поклони рака на срце се лутам, било да се подарени од жена ми, другарка, сестра, другар).

И да додадам оти не бев фер не ти кажав предлози.
Еве ти неколку:
1. Направи ѝ торта сам(рецепт од интернет) и вечерта во дванаесет договори се со другар нека ти „уфрли уште две раце“ затоа што ќе ти требаат... додека ѝ ѕвониш ти на врата за да ѝ ја дадеш другар ти нека ги запали огнометите, ако имаш кола можеш и да полееш со музика ситуацијата, уште ако имаш другар што свири на гитара... мераци(англиската Хапи брдеј ту ју не е убава на гитара, ама затоа шпанската...звучи феноменално).
2. Оди во златара, најди привезок инфинити. Ако имаш дома Дактилографска машина, напиши ѝ кратка честитка потоа завртија во конус и со панделка заврзи ја. Привезокот стави го во малечко кесиче за поклони, оди каде што полнат балони со хелиум, прво фино лепо конусот ставете го во балонот е потоа нека го наполнат. Откако ќе го наполнат заврзи го на поклончето а малку погоре стави игла.
- ако не ти се допадна ништо од ова, кажи, ќе ти дадам уште 10000 идеи.
Изгледа пари му требаат на дечково а не идеи.
 
DaBeTojSum

Нов член
11 август 2014
4
2
3
30
Изгледа пари му требаат на дечково а не идеи.
До каде ни цепе умот и до каде ќе тераме со човечноста? Упаднав овде со цел да споделете идеи, ама налетав на колосални троглодити ( орхидејата и аркантосот ). #Amen

EDIT : И на кому не му требаат пари? Тебе вишок дане ти се? :)))))
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Работа на вкусови и замисли за поклон.
Еве ти предлози:
1. Побарај помош од пријателка и изберете чанта - девојка... на нејзини години ги има за извос, а и да ги нема сака да ги има, така да полн погодок е чанта за подарок.
2. Ако е миленик на животни пекинезерче, пинч... и такви слатки мали кученца. Можеш и маченце зошто да не.

Ама како и да е, сигурен сум дека и овие нема да ти се допаднат.

До каде ни цепе умот и до каде ќе тераме со човечноста? Упаднав овде со цел да споделете идеи, ама налетав на колосални троглодити ( орхидејата и аркантосот ). #Amen
Застанав брат да ти помогнам, видов дека ти жежи под нозе. Не можеш да очекуваш дека ќе ти дадам идеи кои ќе ти се допаднат и ќе те воодушеват. Јас сум јас, ти си ти. Тоа не значи дека треба да навредуваш веднаш.
Џст ту ноу, ќе ти го пријавам мислењето.
 
Последна промена од модератор:

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Случајно влегов на темава не со првенствена цел за да помогнам (признавам) , туку си реков деее нова тема некој отворил јупииииии и ајде брзо брзо да влезам. Да прочитам можеби и мене некоја идеја ќе ме бендиса па ќе ја искористам за кога јас ќе треба да купувам поклон.
Детето си кажа дека си има пријателка со која си е доста близок , дека ќе се има роденден девојчето наскоро и бидејќи и е јубилеен се сетил да и купи кристал од Сваровски зошто сите ние девојчињава потајно си уживкаме во светликави кристалчиња одвреме навреме, па макар биле од пазар земени за 50 ден.
Идеите од Аркантос се прекрасни и иновативни но јас некако ги доживувам како момчето или некој кој е вљубен во неа да би ги направил. Јас на нејзино место и другар мој толку да се намачи некако би ми дошло како скриена порака за I love you... а ако има вистина во ова I love you тогаш и те охрабрувам да направиш нешто вакво затоа што дефинитивно ќе ја поместиш од место.
Орхидеја лошо се вклучи во муабетов мислам дека и самата знае. Можеше барем идеја да даде, или да донира едно 100 евра ако мисли дека целта на темава е да се соберат пари за подарокот :frantic

Он топик:
Имаш привезоци до цената што си планираш да ја одвоиш, и можеш да ја искомбинираш со кожна врвка исто има таму и кристалчето па ќе може да си го носи и за секој ден. Убав подарок за 18 год.
Ако има омилена група, пејач или пејачка можеш да и купиш некој омилен албум проследено со убава бела роза.
Или на обична бела маица нека ти напишат некоја кратка порака за Хепи брдеј, и урамија во некоја стаклара. Јас еднаш урамив дресс , ме фати 600 ден, и беше баш специфичен подарок .
Gary_neville_signed_manutd_shirt_frame5.png
Нешто вака ама наместо дрес, на маицата би имало роденденска порака и долу три слики ваши од некои убави моменти.

Моментално толку од мене ако се сетам на нешто ќе се навратам пак.