Идеја за подарок

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
А букет рози за вас се оригинален подарок? Ми даде рози за годишнина, ми ги донесоа оние разнесувачине на велосипед, 100% го чинело накај 1000ка, ама мене ми идеше од глава да му ги треснам.
Не дека сум незахвална, ме стопи гестот, ама па не сме малку заедно за да не знае дека јас НЕ САКАМ ЦВЕЌИЊА. Дома не ги гајам, затоа што не ми се допаѓаат. Воопшто. Знае дека сакам книги (да, ми има купувано и буквално сум скокала од радост на „Идиот“ од Достоевски). Знае дека сакам сребро, едни обетки ќе го чинеа помалку ако веќе се решил да даде пари.
Секако дека ништо не му реков, навистина го ценам гестот, сеуште си чувам слика од букетот, ама јас не сум романтичар, ами практичар.
Под оригиналност не сметам рози, мечиња, блузи, парфеми, иако му имам подарено и парфеми и фармерки и блузи. Сум знаела дека нема во моментот, па зошто да не.
Оригиналност е некој ситница, значајна за вас двајца, некоја рачна изработка, нешто подарено од срце. Лани пред Нова година му подарив мини пакетче во црвена мрежа, внатре полно со ореви и на него закачена порака I'm nuts about you. Ете, сеуште му стои на регал. Рачно изработени честитки, или едноставно обичен лист хатрија во плик испишан со зборови од душа, за нас.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Најчесто подарувам шолји за кафе или чај (обично со некакви натписи или мотиви шо ме асоцираат на стилот на личноста итн)...или книга .....или се случува и нешто сама да изработам некое мало но значајно поклонче. А за по екстравагантни подароци знам да подарам некаква плоча винтиџ , грамафон, нешто од антикварница, можеби некој филигран инт...

Сакам да добивам на подарок уникатни табакери и запалки или карти за џез концерт ...тоа најмногу ме радува:) and love all the time..the best gift
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Holla and Prashina

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
Зависи за која прилика и кому подарувам..
Најчесто тоа се оригинални поклони кои сама ги изработувам, честитки, писма кои сама ги пишувам, зошто тоа го обожавам и ми оди од рака, па зошто да не го искористам, за да напишам убави зборови за некого..
Имам подарувано и рамки заедно со слика каде што сме заедно со тој/таа што го прима поклонот, книги, накит, чоколатца...
Еден подарок што ми има останато во сеќавање за еден роденден подарив чаша на која како позадина стоеше наша слика и испишан дел од песна, како и посвета за среќен роденден :)

А што најмногу сакам да примам како подарок....што и да добијам од личност која ми значи, за мене ќе претставува нешто највредно, па макар да е и најмало нешто : )
( а да, сакам и многу чоколатца да добивам за подарок, по благото сум си :giggle , на тоа најмногу се радувам)
 

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Me интересира мислење ваше за една идеја поклон за роденден:
Сакав да биде нешто уникатно и интересно , а бидејќи двајцата сакаме риболов , помислив да купам цела опрема за риболов и да напишам на картичка There are plenty fish in the sea BUT i only want you
(think)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
парфем е најдобар поклон дал за женско дал за машко
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
парфем е најдобар поклон дал за женско дал за машко
Па не баш.Треба навистина да го познаваш тој што му го поклонуваш за да знаеш кој парфем го сака.
Тука не може да се потпреме на сопствен избор затоа што тоа што нам ни се допаѓа, не значи дека ќе се допадне и на другите.
До душа тешко е да се погодат поклони,ама суштината на поклонот е гестот,одвоеното време и вниманието...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Holla

Истакнат Член
17 јуни 2014
162
90
338
Види .. од 6-ти до 15-ти јуни на плоштад траеше баскерфест каде секој си го продаваше она што го имаше.
На нашата тезга имаше рачно изработен накит (ланчиња, обетки, нараквици итн од кристали и полудраги каменлиња) и тоа по ниски цени.
Па ако некој сака поклон за девојче може да избере нешто.
-Не дека се рекламирам (и то да) туку еве ти и пример што да купиш. Не мораш да купуваш скап накит од 2000 кога имаш поевтин, поценет, поскапоцен накит!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Makedonec and malo