Хахаха.Се додека размислуваш како палаво детиште кое јава на коњче, е нема да имаш дечко...треба да пораснеш прво, потоа ќе си фанеш некој..и никако детски поклони...ај сеа тебе ќе ти купиме кукла што плаче ако и ја извадиш цуцлата
Кога се подарува нешто, треба да биде интересно, убаво, посакувано, корисно, вредно за чување.... Некогаш, ако се нема пари, подобро е едно чоколадо купено од срце или привезок за клучеви со напишани имиња
Никогаш не треба да го заборавиме детето во себе. И верувај многу повеќе би го израдувало тоа отколку некој вообичаен класичен и под подразбирање поклон. Може да детски е но многу подолго би се памтел отколку еден пар привезоци со напишани имиња кои за неколку години најверојатно би се изгубиле.
Не е битна формата на подарокот туку креативноста, желбата и искрената намера со која сака да се подари и ако некој не знае да го цени тоа, воопшто и не заслужува поклон па макар тоа да е и едно бомбонче.
А што се однесува до мојот начин на размислување дали е детски или пак не е и дали истиот е причина за тоа што немам дечко, не би коментирала бидејќи не сметам дека мојот живот како и мојот начин на размислување моментално се тема на муабет, тие што ме познаваат доволно добро знаат како размислувам и каков тек на живот имам, за другите ич не ми е гајле.
И да ако некој ми подари кукла што плаче кога ќе и се извади цуцлата, би го гушнала силно, а куклата би си ја чувала (сигурно не би си играла со неа ) и при секое гледање во неа би се потсеќала на тој ден и воопшто на таа случка што тоа би рефлектирало кај мене радост, насмевка и позитивна енергија, нешто што многу ретко е присутно во нашите животи, а подобар поклон од тоа не верувам да има!