Дали сакате деца?

Foxboro

Староседелец
16 јуни 2012
716
1,479
693
Pripyat, Ukraine
Прочитав коментар кој викаше„А ако испаднат прости и грди“ како може човек така да гледа на сопствено дете?
Па ви процветува цел живот бре луѓе кога ќе ги погледнете тие мали слаки очиња и знаете дека се дел од вас, дека во нив е ваш ген.

Од секогаш сум сакал да имам деца. Ми се чини тоа ми беше единствената голема цел во животот. Да имам семејство - нешто што никогаш претходно сум го немал, и да имам деца, кои ќе имаат се‘ што јас сум немал.

Кога ми се роди син ми пред една година и 2 месеци јас се расплакав од радост. Најубавиот ден во животот ми беше токму тој. Кога го видов од далеку.
А кога ми дозволија да го имам во раце. Ми се чини тогаш се изгубив. Страв ми беше да ја помрднам раката. Беше толку нежно и „кршливо“ во мои раце што, два три месеци после тоа мене ми беше страв да го држам во раце.

Ама секој момент со него ми беше уживање.
Прочитав тука финансиски причини, прочитав и за станувањето, неспиењето.
Не знаете колку е убаво кога знаете дека станувате сабајле за наработа и знаете зошто сте станале. Доаѓате дома и знаете дека некој ве чека. Легнувате да спиете и до ваш дишка малечко детенце.
Нема... нема поубаво нешто од тоа да имаш свои деца...

Еве за некој ден ме чека истата работа како ред 1 година со ќеркичката, и толку сум возбуден и среќен, може да се забележе од ова што сега го изнапишав.

Имајте деца луѓе, зошто не можете да најдете нешто на светов што ќе ве исполнува повеќе. Сите што мислат обратно се во тешка заблуда.
брат да ти бидат живи и здрави........големи да ти пораснат.....;)
 

Dolphine

Истакнат Член
25 јуни 2012
304
302
63
Многу сакам деца, сакам да имам 3 или 4, што се вика - полна куќа. Само рано е уште, животот е пред мене. Со моите 18 години рано е да планирам семејство :D
 

Препознатлива

Истакнат Член
27 јуни 2012
119
94
328
Многу сакам деца и поради тоа и сакам да имам 4 деца по можност две машки и две женски. Ќе биде за некоја година, ќе биде здравје :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marchisio

Foxboro

Староседелец
16 јуни 2012
716
1,479
693
Pripyat, Ukraine
......абе како може некој да каже дека неке дете бидејки можело да испадне грдо и глупо.....па битно да е живо и здраво......да бидам онтопик и јас сакам деца..........здравје рано ми е уште.......:)
 

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Сакам свое да имам ама не препаѓам по деца и не сум дечар , некој шо сака да си игра со нив да ги занимава и слично....незнам може ќе се промени тоа кај мене
 

~ Скарлетка ~

Активен Член
25 октомври 2012
348
204
43
35
Скопје
Сакам as in општо во животов... Сега - неќам пошто немам услови за дете, ама ужасно многу сакам да имам и мајчинскиот инстинкт ми врие од пред 2 години, значи спремна сум и физички и психички, ги прочитав сите книги за бременост, пораѓање и деца и само се чека моментот на стабилизирање и почнуваме со формирање на семејство. Too much information people ама се инспирирав :rofl
 

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
Голема дечарка сум. Порадо би била во друштво на бебе или помало детенце отколку со некој возрасен. Сите помали деца во улицава ги израснав јас. Комшиите кога имаа некоја работа ми ги оставаа на час-два.
И секогаш се замислувам каква би бил кога би имала свое дете. Дали и кон него би била стрплива како што сум сега со други дечиња :)
Значи да, би сакала да имам деца. Не верувам дека постои некој кој не би сакал.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: $3Я3|\||)&p&†Y