Дали некогаш сте плачеле во јавност?

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
ОооОо каква плачка сум јас... т.е седам и ми течат солзи, не липам.. само си се тркалаат солзи по лице... тоа е плачење веројатно :giggle
си плачам и кога некој ќе ме налути, и разнежни, и натажи... чувствителна сум (или бев:unsure )
Плачев на поламутура од жал дека се разделувам од соучениците и за класниот, плачев во трета година средно за 8ми март кога и дававме подарок и цвеќе на класната(предобра жена, полна со разбирање нема таква друга), плачев кога некој на некоја свирка ја свиреше и пееше Hero(повеќе пати сум плачела во таков сличен случај), плачев со секое плачење на другарките, плачев на погреб, плачев секогаш кога Реал ми губеше од Барса, плачев кога Икер плачеше на светско кога станаа шампиони... и така уште безброј пати плачка... не ми текнува сега :D
Не сметам дека сум слаба личност, баш напротив, многу сум цврста.
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Да да да. А ич не сакам. Срам ми е ама неможам да допрам, и што повеќе се напрегам да не плачам , толку повеќе солзи ми течат:):)Ама па потоа ми е многу полесно на душава, како препородена:):)
 

Dolphine

Истакнат Член
25 јуни 2012
304
302
63
Во јавност, не. Подобро ќе истрчам на некое место каде што никој нема да ме види и ќе си ја ослободам душата, отколку сеир да ми гледат :)
 

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,068
113
Скопје
www.statik-group.com
Дали ви се случило да пуштите солза во јавност пред многу луѓе? Во дискотека,на работа,на училиште,факултет,во парк или било кое друго јавно место?
Дали сте од оние личности кои ги покажуваат своите емоции без разлика каде се наоѓаат или пак внимавате и ги задржуваате емоциите во себе?
Дали чувствувате некој срам ако плачете пред многу луѓе?

Оваа тема изгледа е само за женски :D
Сум плачел, не викам не ама не на јавни места и плачењето било во екстремни случаи.
 

LadyD

Полноправен Член
Да...неколку пати во мојот живот.
и од среќа, и од тага
од среќа плачев кога земав норма за олимпијада и кога настапив на светското првенство
а, од тага кога на еден натпревар очекував финале а не успеав, и кога имав многу тежок случај за тешка одлука во спортот-бев помеѓу два огна и на крај тоа пукна во мене дури мислам дека ако не почнев да плачам ќе пукнев-зошто осеќав дека воздух неможам да земам
И воопшто не се срамам од тоа што сум плачела, ако можам од радост можам и од тага (за жал) - тоа некаде мора да избие.