Дали некогаш сте плачеле во јавност?

Roxelana

Староседелец
13 март 2013
134
277
1,063
Скопје
Дома си плачам многу често, знам да си бидам многу емотивна. :D
Воопшто не се срамам, затоа што после се чувствувам многу посмирено и препоредено.
Пред 2/3 недели ми се случи да не можам да се исконтролирам.
Во тој момент најмалку можев да внимавам каде се наоѓам и кој има на тоа место.
Се враќав од едно место, бев многу повредена, тажна и разочарана.
Едноставно не можев да се контролирам, солзите сами си течеа, ми навираа од очите.
Воопшто не ми беше гајле кој ме гледа, затоа што болката беше поголема од срамот.
Плачев и одев по улица т.е. се враќав дома, поминав и покрај автобуската, имаше многу луѓе - сите се ѕвереа во мене, ама тоа е тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Umpuranche

incule

Староседелец
5 јануари 2015
740
128
1,053
30
Да сум плачела пред јавност,осетлива сум ама срам ми е ради тоа некој да гледа кога плачам и гледам да се воздржам