Разговараат двајца директори и едниот го прашува другиот:
-Како ја замислувате идеалната секретарка?
-Да е стара 20 години и да има 30 години работно искуство - рекол вториот!
На некоја коктел забава, една жена и вика на друга жена:
- Зошто венчалниот прстен го носиш на погрешна рака?
- Затоа што се омажив со погрешен човек.
Си биле снаа и свекрва и се шетале по пазарот. Свекрвата здогледала некој домати и и рекла на снаата:
- Снао види што убави домати да ги ставиш во уста да не ги извадиш.
Поминале покрај гробишта и снаата на свекрвата и рекла:
- Свекрво види гроб да легнеш да не станеш.