Наставничката:
- Кога викам бев убава, тоа е минато време, а кога ќе кажам убава сум, тоа е?
- Лага, наставничке.
Хомосексуалец, пушач и алкохоличар решиле да се откажат од своите пороци. Тројцата другари отишле кај еден вештерка и таа им кажала дека ако пак се вратат на своите пороци ќе умрат. По 1 месец алкохоличарот не можел да издржи и пробал алкохол, и веднаш умрел. Месец потоа хомосексуалецот и пушачот оделе по улица и здогледале една цигара. Тогаш хомосексуалецот му рекол на пушачот:
- Ако се наведнеш да ја земеш цигарата, и двајцата ќе умреме.
Се натпреварувале Македонец, Американец и Русин кој подолго ќе може да зачува државна тајна.
И така прво го мачеле Американецот едно 10 минути и ништо, не издржал, им ја кажал државната тајна. Русинот го тепале 40 мин и на крај им ја кажал тајната.
На крајот Македонецот го тепале, го тепале цел ден тој никако да им ја каже тајната.
Вториот ден го ставиле во некоја соба метар на метар и му ги пуштиле најглупите турбо фолк песни на цел глас, и тоа не успеало, не ја открил тајната.
Третиот ден решиле да му ја честитаат победата, ја отвориле вратата од собата и го гледаат македонецот со прстот на главата како си зборува сам на себе:
- Сети се глупаку! Сети се… ќе те убијат!!!
Македонец, американец, германец и грк се качиле на облакодер.
- За Америка! – рекол американецот, скокнал и умрел.
- За Германија! – рекол германецот, скокнал и умрел.
- За Македонија! – рекол македонецот и го турнал гркот.