Вицови

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
Другари и другарки ова е тема каде секој можи да објави по еден(минимум а можи и повеќе битно е да се смешни) виц на денот :):)

Разговараат дечко и девојка и дечкото и вика на девојката: можи да те викам Ева?
Разговараат дечко и девојка и дечкото и вика на девојката: можи да те викам Ева?
Девојката одговара: Можи, а зошто?
Па дека ми си прва.
А девојката вели: А јас можи да те викам Пежо?
Дечкото: А зошто?
Девојката: Дека ми си 207-ми...
 

Proton

Староседелец
12 февруари 2012
148
279
1,063
Скопје
Хахахахха, од 205 па нагоре? :)

Еве еден од мене:

Се вози тип на мотор и случајно удира еден врабец во лет. Му паднало жал, застанал и видел дека врабецот е уште жив. Го понел дома и го ставил во кафез со малку вода и леб.
Неколку часови подоцна, кога врабецот се разбудил, погледнал околу себе и почнал да се кае:
- Решетки, леб, вода... сум го убил мотоциклистот!
 

Sara

Истакнат Член
13 февруари 2012
116
116
343
Ајде малку да се посмееме :)

Која е разликата меѓу маж и батерија?
Батеријата има и позитивна страна.

Зошто жените обрнуваат повеќе внимание на подобрување на својот изглед, отколку на подобрување на нивниот интелект?
Затоа што повеќето мажи се глупи, но многу малку од нив се слепи.
 

Baronessa

Истакнат Член
13 февруари 2012
541
751
93
Los Angeles!
Брачен пар Цигани продавале облека на тезга во Шутка. Трет Циган им ја украл бундата која била на продажба.
Мажот извикал: Женооо, ни отиде бундата!
Жената: По која цена?
Мажот: По набавна!
 

Proton

Староседелец
12 февруари 2012
148
279
1,063
Скопје
Така а? Удри на машките :)

Еве на:

Сопира сообраќаен полицаец плавуша и и бара возачка дозвола.
- Тоа е она со розева боја и што има моја слика?
- Да и одговара полицаецот и и ја бара и сообраќајната дозвола.

- Тоа е она со сиво-зелена боја и нема моја слика?
- Да, и вели полицаецот и бидејќи гледа со кого си има работа, почнува да го откопчува шлицот.

- А плавушата зачудена:
- Леле, пак алко-тест?
 

CyberKnight

Полноправен Член
14 февруари 2012
51
41
18
30
Велес
www.facebook.com
Две плавуши разговараат:
- Знаеш ли дека за да се исплете еден џемпер потребни се три овци!
- Што зборуваш! Не знаев дека овците можат да плетат...

(Без навреда)
 

важна

Истакнат Член
14 февруари 2012
552
695
93
33
Скопје
Си одел некој човек по пустина и наишол на вода и до водата змеј. Почнал да го удира со сета сила со змејлот и по некое време на змејот му дошло по преку глава и му рекол:
-Што сакаш бе ти?
-Да пијам вода
-Па пиј, шо се тепаш? :D
 

Maks

Староседелец
Кавадарчанец гледа вести на телевизија, а таму кажуваат дека температурата во Битола достигнала -55 степени.
Кавадарчанецот: Ееееее нема грешка... Нема шанси толкава ниска температура!
И му текнува да му се јави на братучед му во Битола да го праша дали е вистина тоа што го кажуват на вестите.
Кавадарчанецот: Ало братучед ти ли си?
Битолчанецот: Да брат јас сум!
Кавадарчанецот: Колку е температурата таму?
Битолчанецот: Чекај да видам... - 33 брат!
Кавадарчанецот: Ееее тоа е нешо друго... Тоа може, а не на телевизија викаат било -55!
Битолчанецот: А па надвор може и толку е, ја за дома ти кажа. :)
 

Maks

Староседелец
Влегува Цветко во продавница и и вели на продавачката:
- Колку пари се веспите?
И продавачката му вели:
- имате од 600 евра, од 1000 евра и имате од 800 евра, а вие за што сте заинтересирани?
- За црни кундури 39 број. :)