-Душо, многу те сакам!
- Зошто ова не ми го кажа порано?
- Од кај да знам дека ќе добиеш лото...
_________________________________________________________________________________
Маж и жена имаат брачна криза и одат кај брачен советник.
Советникот:
- Госпоѓо, вие почнете прва.
Жената:
- Тој мене воопшто не ме сака, не ме приметува, како да сум фотелја во куќата, и оние работи не ги прави! Како да сум сама жена, како да не сум во брак!
Станува брачниот советник, ја грабнува жената и ги соблекува гаќите и бам, бам, бам. Мажот гледа од страна. Завршува советникот, ги закопчува панталоните и вели:
- Гледаш ли, вака треба да правиш по три пати во неделата.
Мажот размислува и вели:
- Јас можам да ти ја доведам понеделник и среда, ама петок играм фудбал.
________________________________________________________________________________
Во авион патувале Грк, Американец и Македонец.
Одеднаш се појавил ѓавол и започнал да го сече крилото на авионот.
Гркот му рекол дека ќе му даде 100.000 евра само да престане да го сече, но ѓаволот продолжил да сече.
Американецот му рекол дека ќе му даде 500.000 долари само да престане да сече, но тој продолжил.
Македонецот се насмеал и рекол:
- Ќе ти дадам 100 денари, само продолжи да сечеш.
Ѓаволот се изнервирал и рекол:
- Ти луд ли си бе? За 100 денари да се отепам!