Не знам на ова како да одговорам. Јас лично не сакам да сум трудна на свадбата. И еве до некаде ми се исполни желбата, ме запроси, закажавме свадба а се уште не сум трудна(ако останам у меѓу време, ќе треба место на свадба на пороѓај да одам)
иако кога соопштувавме на сите прво прашање беше да не има нешто.
Е сега, не можам да ги сфатам оние кои се по повеќе од 8-9 години во врска, не им текнува на брак, некои и веќе живеат заедно, и оп ќе остане трудна и ајде сеа мора брак????
Од друга страна, некоја останала трудна може затоа што така сакала, и сака да си прави свадба...не ги осудувам. Има многу тука за дебатирање.
Порано дома не смеел да ти дојде на гости а не па трудна да си на свадба. Ништо не е исто.