А што ако тоа е некој идиот у секоја смисла на зборот? Зар родителите би си ги дале децата на некој таков тип?Јас сум муслиманка. Ако нешто вакво се случи кај нас е преголема страмота. Ние од наша вера треба да си се чуваме до првата брачна ноќ, да бидеш чесна. Ако си ја направила таја работа пред свадба мора да те земе тој што ти ја одзел невиноста, друг нема шанси да те земе.
Што се однесува до темава најнормална работа само проблем би имало доколку мажот не го прифати детето, т.е не си ја признае грешката, а ги има многу такви. Е сега и ова не би било страшен проблем доколку мајката би била малку разбрана, разумна и современа жена т.е не би се замарала што би рекле "комшиите" туку би се замарала како да го воспита и израсне детето. Но кога би имале некоја мајка која е хистерична и која не би ги преживеала муабетите на "комшиите" е тек тогаш и до абортус доаѓа само за да не биде посрамотена она и нејзиното семејство пред "комшиите". И во двата случаи на крај детето пак го влече дебелиот крај и би било нарекувано со секакви навредливи зборови.
Менталитет балкански.
Што се однесува до мене може ова и не ни треба да го спомнувам ама добро би било тие помалите да научат нешто од туѓите грешки. Туку три пати ми се има случено да мислам дека сум, од тие три пати двајцата беа како да им соопштиле смртна казна, се уплашија, избегаа, па дури стигнаа и да ми се закануваат, ме тераа да пијам таблети за "чистење" до 72 часа, чиста среќа што одеа на рецепта па не можев да ги земам и што ли уште не. Разбирам да се уплашат и јас бев уплашена но кој да ти верува, се осеќав како само јас да бев виновна и како на сила да сум ги натерала тоа да се случи. Затоа девојчиња пред да запознаете некој и пред да почнете нешто со него размислете и проучете го каков е т.е што за личност е, а најдобро ќе ви биде воопшто да не се впуштате во некои такви авантури со луѓе кои не ги познавате доволно добро оти има секакви луѓе ама баш секакви. У кратки црти не бидете глупи ко мене!