Кога мислам на арогантни мислам на луѓе кои немаат никакво однесување кон муштериите.
Пр. влегуваш во бутик, но исто како да не си влегол. Продавчот си чита весник, си пие кафе, се освен да те услужи. А ако прашаш за цена, мака им е да ти кажат. Просто и да сакаш да купиш, ќе изгубиш волја од таквите...
Но, во темава можеме да ги дискутираме и оние „давежите“ кои ти дишат во врат додека разгледуваш.
Одат во чекор со тебе и те следат како да си отишол на крадење.
Покрај продавачите и продавачките може да се коментираат и служебениците во установите.
Какво е вашето искуство?
Дали некогаш сте имале контакт со таков/ва продавач/ка, службеник/ка?
Како реагирате кога не сте добро услужени или кога дрско се однесуваат?
Тоа ти е дел од приватизација.
Исто и доколку ти би била вработена во некоја приватна фирма, еве пример бутик, сигурно дека ќе сакаш да имаш што помалку работа а да си земаш добра платичка.
И сега веќе кога знаеш дека платата ти е иста кога работиш т.е кога имаш купувачи или кога немаш, сигурно дека не би сакала да работиш.
Конкретно кажано, ти е гајле дали ќе продадеш денес 10 пара фармерки и ќе направиш 200 еу профит или ќе продадеш еден пар гаќи од 100 денари.
А да е твој тој бутик богами би висела во дуќан и би правела се’ за да си исполниш дневна квота на профит.
Кога ќе наидам на такви паразитки/паразити, напуштам продавница.
А кога влегувам во јавна установа пример, фонд за здравство, завод за вработување, итн итн толку се дрски, арогантни, те гледа и мислиш дека преку шалтер ќе ти рипне и ќе ти укопа пенкало во око.
Особено кога заради нивна грешка не добиваш сини картони и одиш таму да ја дознаеш причината заради која ти не добиваш картони.
И ги вадам зборовите со клешти од уста, за на крај да ми рече дечко морам малку да јадам, прееска на пауза не се дојадов.
Пауза од 10:30-11:00 а јас сум дошол во 1:30.
Со тоа сака да ти каже кој те е*е.
Урлај викај пискај, за на крај да ти дојде обезбедување и да те извади надвор и да ти рече да дојдеш утре.
Ама тоа ти е, клати врата земај плата.
Да се случува тоа на нејзин внук, ќе лета со уши од шалтер до шалтер за да среди работа.Ама тоа е.