А што правиме со арогантни несаламни купувачи. Ти влегуваат во дуќан, воопшто не те погледнуваат и се пулат наоколу ко телина во шарена врата. Десет пати им викаш повелете што да ве послужам, за што сте заинтересирани а тие шетаат низ дуќан пола минута- минута и излегуваат без збор да речат или воопшто да го погледнат продавачот. Пред да излезат со повисок тон обавезно да ме слушнат имам неколку комбинации на сочни дофрлувања па ако сакаат повеќе нека не влезат или нека ме кажуваат низ град . Преку такво од поговорката муштеријата е во право !!!
Дали вие очекувавте да не ви ја продаде,се разбира дека не,таа е таму за тоа,посебно ако е нејзин бутикот или зима процент уште поголема желба да го продаде.И дали женава виде можност да продаде повеќе не знам, ама кога се фати за една кич блуза и ме убедува и убедува.Па види што убаво ти стои и не знам што, а нема никаква врска, и мајка ми ја убеди. Едвај после јас успеав да ја убедам мајка ми да не ја купуваме .
Дали вие очекувавте да не ви ја продаде,се разбира дека не,таа е таму за тоа,посебно ако е нејзин бутикот или зима процент уште поголема желба да го продаде.
И јас имам срам кога купувам и ми е незгодно да пробувам и на крај да кажам дека нема да купувам ама тоа е мој проблем зашто сум така воспитан.
А колку па некогаш е лошо кога се влага а продавачката прави муабет и ти како да си воздух влагаш излагаш и не си ни заприметен?
Да но од една страна и тие се луѓе кои имаат лоши денови а и платите кои ги зимаат се минимални..Дали ќе бидат исти доколку платите би биле повисоки? Не.Кога едноставно ќе влезам во таков бутик, како и да не сум влегла, едноставно ИЗЛЕГУВАМ и повеќе не ме гледаат таму.
Истото важи и за сите продавници. А во државни установи каде има службеници и слично.. пак си заминувам, и се враќам во другата смена, кај друг човек.
Ме нервираат такви да ги наречам ПРОСТИ луѓе
Да на секој може да му се случи да има лош ден, ама па воопшто да не те меморира па и тоа не го бидува. Ти прашуваш колку ви е маичката - исто ко со ѕидот да си праиш муабет... и тоа не го бидуваДа но од една страна и тие се луѓе кои имаат лоши денови а и платите кои ги зимаат се минимални..Дали ќе бидат исти доколку платите би биле повисоки? Не.