Арогантни продавачи и службеници

Ice_Man

Староседелец
16 февруари 2012
440
236
1,053
повише би сакал продавачот да седи и ја да си бирам што ми треба ,отколку .пр. има една продавница за патики која ја избегнувам и не купувам од таму,само што влезам и кажувам дека сум за патики,ми вика кажи број,која боја и до која цена да бидат да ми даде нешто да пробам.... уште да ги носи за мене
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,279
2,353
113
Софија
Не сум наишол на многу такви арогантни. Но кога би наишол за инат не купувам, затоа што е арогантен.
 
  • Like
Реакции: Bum-Bum

vitocorleone

Староседелец
27 јуни 2012
75
39
1,018
30
Она по што е карактеристична Македонија, мора да се реагира што повеќе тоа подобро, мој совет направете паника, барајте претпоставен и на претпоставениот работите терајте ги до крај, ајде кај продавачите заради профит се помалку ги имаме ама во администрација луѓе ве молам, денес имате телефонски броеви каде може да се жалите да пракате поплаки и терајте ги работите за нашите деца да не ја трпаат оваа тортура.
 

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,130
1,066
113
Скопје
www.statik-group.com
Кога мислам на арогантни мислам на луѓе кои немаат никакво однесување кон муштериите.
Пр. влегуваш во бутик, но исто како да не си влегол. Продавчот си чита весник, си пие кафе, се освен да те услужи. А ако прашаш за цена, мака им е да ти кажат. Просто и да сакаш да купиш, ќе изгубиш волја од таквите...
Но, во темава можеме да ги дискутираме и оние „давежите“ кои ти дишат во врат додека разгледуваш.
Одат во чекор со тебе и те следат како да си отишол на крадење.
Покрај продавачите и продавачките може да се коментираат и служебениците во установите.
Какво е вашето искуство?
Дали некогаш сте имале контакт со таков/ва продавач/ка, службеник/ка?
Како реагирате кога не сте добро услужени или кога дрско се однесуваат?
Тоа ти е дел од приватизација.
Исто и доколку ти би била вработена во некоја приватна фирма, еве пример бутик, сигурно дека ќе сакаш да имаш што помалку работа а да си земаш добра платичка.
И сега веќе кога знаеш дека платата ти е иста кога работиш т.е кога имаш купувачи или кога немаш, сигурно дека не би сакала да работиш.
Конкретно кажано, ти е гајле дали ќе продадеш денес 10 пара фармерки и ќе направиш 200 еу профит или ќе продадеш еден пар гаќи од 100 денари.
А да е твој тој бутик богами би висела во дуќан и би правела се’ за да си исполниш дневна квота на профит.

Кога ќе наидам на такви паразитки/паразити, напуштам продавница.

А кога влегувам во јавна установа пример, фонд за здравство, завод за вработување, итн итн толку се дрски, арогантни, те гледа и мислиш дека преку шалтер ќе ти рипне и ќе ти укопа пенкало во око.

Особено кога заради нивна грешка не добиваш сини картони и одиш таму да ја дознаеш причината заради која ти не добиваш картони.
И ги вадам зборовите со клешти од уста, за на крај да ми рече дечко морам малку да јадам, прееска на пауза не се дојадов.
Пауза од 10:30-11:00 а јас сум дошол во 1:30.
Со тоа сака да ти каже кој те е*е.
Урлај викај пискај, за на крај да ти дојде обезбедување и да те извади надвор и да ти рече да дојдеш утре.

Ама тоа ти е, клати врата земај плата.
Да се случува тоа на нејзин внук, ќе лета со уши од шалтер до шалтер за да среди работа.Ама тоа е.
 

~ Скарлетка ~

Активен Член
25 октомври 2012
348
204
43
31
Скопје
Јас би играла на картата да си седи и да си ужива продавачката... Зошто најчесто се жени што пијат кафе со продавачката од продавницата подолу. Само да не збори на телефон и да ме игнорира зошто за тоа е таму, ако сакаш да ја прашаш нешто да ти каже. Знам дека им е тешко... не, не тешко... ужасно досадно... ама ако не им се седи, си знаат каде живеат, нека напуштат работно место. А да ми дише некој во врат, навикната сум, не ми смета! ]:)
 

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,413
1,536
1,133
27
Причина зошто не влагам веќе у Еликсир у Верото. Имаше едни 2 сурутки глупи што ме напатија со муабет да не ги трошам тестерите од парфемите. Па да ти е*ам мамицата,за што се ставени тие таму,за дечко ти да се прска пред искачање?! И мразам коа ми дишат у врат со 100 прашања за се што ќе фатам,и ако не купам ништо ме гледаат подмукло,као џабе било мачењето. Ако не купам,не купам,моја работа,ќе ти купи некој друг,не биди толку осетлив/а на јајници е*аго.
 

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Пред неколку дена бев во Охрид. Продавачки у обичен прехрамбен дуќан се понашаат како Хурем Султан??? Што е работава со луѓево?? И тука у Велес има такви не дека генерализирам нешто. На шо се должи тоа? Фрустрација? Комплекс оти работиш како продавач? Од кога почна тоа да биде деградирачка професија? Од газдата шо те малтретира? Од не редовната плата? Во ред, ама ако седиш и ќутиш само ти ќе патиш...ние сме муштерии , не можеме да знаеме на кого му е лош денот...а ти ако сакаш да си професионалец ќе ги тргнеш маките настрана и ќе ме услужиш како човек оти јас ти пристапувам како таков. Мене тоа намќор ствар не ми е јасно...па ти постоиш оти некој друг има потреба и обратно. За службениците во банка или административците да не праам муабет...пример го зимам фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Аеродром - Скопје....се прашувам инвалиди работат ли тамо па неможе од стол да стане...веројатно инвалиди...у мозокот !
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
4,725
5,266
1,183
Disco
Многу ретко наидувам на арогантни и нељубезни продавачки и продавачи. Има и такви случаи но воопшто не им замерам за тоа. Ако се земат во предвид условите и надокнадата која ја добиваат, не може ни да се очекува нешто повеќе. Дури ме изненадува што се малцинство, оние нељубезните. Теоретски може (`што сум ти јас крив, јас сум муштерија бла бла`) како што теоретски може и Лихтенштајн да биде светски првак во Фудбал. Во реалноста работите се малку поинакви.

Бирократите и службениците се друга приказна. Тоа пред зид треба да се истера...
 
  • Like
Реакции: MoonFairy and Redhead

Хоуп*

Proton
Член на администрација
4 април 2013
2,414
4,232
753
Баш пред некој ден во Кам маркет чекав на ред да платам што имав, и пред мене една фина бабичка мислела дека е сол, а зела шеќер, па сто пати и се извини на продавачката ептен културно. Сакаше да ја почека да го врати.
Се сврти накај мене као демек да не има проблем, а зашто би имало нели, луѓе сме правиме грешки, ама продавачката не можеше да се помири со грешката на бабичкава. Ај што си беше намуртена и пред тоа, ама после тоа збесна. Почна да вика да се буни како кутрава бабичка којзнае што да и направила.
Женава се усрами, се натажи, си го плати шеќерот и замина.
Оваа дотичнава ајде што си ја покажа културата и непочитта спрема постарите, па и таква ароганција на работно место каде со сите сили треба да привлечеш, а не да избркаш муштерии?
Не знам јас по која логика ја примиле таа огорчена будала, а толку фини луѓе на кои стварно им се работи седат без работа.
Еден пример од многуте, а не е и реткост да начекаш и на арогантен келнер/келнерка, ама ај не е темата за нив.
За службениците нема што да се разговара тие се синоним за ароганција : )
 
  • Like
Реакции: bibuska and JaMi