Арогантни продавачи и службеници

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
Мое искуство?
Еднаш кога бевме во ресторан...Седнавме на маса и еве го келнерот, ни вели „Ќе останете ли вие долго овде“? Не, бе за пет минути сме...И потоа ни „Ако останувате долго, станете од оваа маса и одете на таа таму“ и ни покажува кон една маса. Ние го прашуваме зошто, дали е резервирана масата, а тој вели дека не била, но да сме оделе на друга... Очигледно сакал да не откачи он себе и да не закачи на друг келнер. Отидовме на другата маса и еве го сега и вториот келнер... Веќе бевме нервозни и порачавме само по еден сок. После пет минути доаѓа келнерот и ни вели дека нешто биднало со компјутерот и морал сега да ни ја даде сметката и да платиме...Направивме како што ни рече иако знаевме дека го направи тоа само за поскако да ни ги наплати соковите...Си отидовме од таму и отидовме на бурек...
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,495
14,409
1,683
во светот на бајките
Има една претерано арогантна стара женска будала на една бензинска на Макпетрол...
Често одиме таму со Фанот да стаиме бензин и цигари да купиме.
Вечерва се погодува вештеркава на смена и ми враќа кусур без 5денари и ми вика еве ти едно крембаначе (немала ситно,а касата полна со железни),ај си го собрав и крембананчерто и кусурот,не бев расположена да се расправам(не ми е за 5 ден ,ама зашто да не ми ги врати,не и побарав крембанана,и да нема ситно нејзина должност е да се снајде)...
Фанот ми има кажувано за таа колку многу крадела пари и многу пати ја имаат и фатено ама изглеа жал им е да ја избркаат дека пред пензија изглеа.
Од тоа столчето не го мрднува тој дебел гз' цела смена,се понаша ко да е газда,ароганција на нивоу... :facepalm2
 

bibuska

Истакнат Член
10 октомври 2013
7
3
103
40
Причина зошто не влагам веќе у Еликсир у Верото. Имаше едни 2 сурутки глупи што ме напатија со муабет да не ги трошам тестерите од парфемите. Па да ти е*ам мамицата,за што се ставени тие таму,за дечко ти да се прска пред искачање?! И мразам коа ми дишат у врат со 100 прашања за се што ќе фатам,и ако не купам ништо ме гледаат подмукло,као џабе било мачењето. Ако не купам,не купам,моја работа,ќе ти купи некој друг,не биди толку осетлив/а на јајници е*аго.
Слично искуство имав и јас во шатци парфимеријата во бисер, веруј само два парфеми пробав и типкава ми се нафрли демек не сум знаела што барам ако не сум купувала да не ги трошам тестерите за џабе и сл.толку беше нафурана па со колешка ми излеговме ем неуслужени, ем изнервирани.
 
  • Like
Реакции: JaMi

musterika

Нов член
25 ноември 2013
1
0
1
31
ima i nervozni musterii a i nervozni prodavaci ama jas mislam deka najveke se nervozni musteriite zatoa sto ili im se brza za nekade dali penzioner dva saati ke se rasprasuva dali e taze no svaka cast za isklucok no jas sekoj den pazaram od SPECIJAL tolku se bezobrazni nekoi musterii sto ne cekaat ni red a ima i prodavacki sto se stvarno bezobrazni
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,214
2,301
1,153
Skopje
www.facebook.com
Ја за чудо до сега не сум налетала на такви продавачи, службеници но сум налетала на многу такви случаи. Не се замарам многу.
Е уствари ми се случи и мене еднаш таква случка само што не се расправав со службениците, а со полицаец поточно му се развикав. :giggle
Си вадевме со мајка ми пасоши во сред лето, а таму гужва, гужва, митинг. Внатре овие си пуштиле клима, а надвор +45 степени. И од таа промена на температурата таман кога влеговме внатре на мајка ми и се слоши и ми се онесвести, а внатре ниту еден стол немаше, немав кај да ја седнам, ми доаѓа цајканов (језда тој викна брза помош и благодарна сум му за тоа но многу ме изнервира) и ме прашува што и е. Му кажав отприлика тоа што знам и овој ми вика нешто отприлика (имам заборавено одамна беше) држи ја викнав брза помош, ја му реков: добро, а може стол да ми најдете да ја седнам тешка ми е не можам да ја задржам, а тој ми вика па нема. И тука ми пукна филмот и почнав да му викам: Kако бе нема што за полиција е ова еден стол да немате на човек да му се слоши нема кај да седне, а внатре кај вработениве 3-4 празни и овој отиде и зема еден.
 

The High Commander

Староседелец
2 мај 2012
206
131
1,043
119
Ова е тема за нашите искуства со продавачи/ки, конкретно во бутици. Што сте забележале за нивната услужливост, професионалност, нивното ниво на култура и сл., дали си ја знаат работата итн.?

Инспириран сум да ја отворам темава зошто денеска ми се случи нешто што никогаш не верував дека ќе ми се случи: ме избркаа од бутик зашто пробував и не купив ништо. Значи излегов да си купам џемпер, влегов во бутиков и вистина пробав неколку, околу 5-6 џемпери (зошто јебига сакам да пробувам, како инаку ќе знам дали нешто ми се допаѓа или не). Најдов еден што ми се свиѓаше ама не бев спремен одма да го купам. И ете ти, на одење почна дечкото да ми збори....

Но добро... Од толку бутици ќе се погоди и некој ваков.
Инаку си купив два џемпери и многу се убави :) од други места фала богу.


п.с. Бутиков се викаше Bruda мислам, во Гостивар, на потегот од Аида до црквата.
 

Coelho

Староседелец
2 април 2012
286
493
663
Скопје
Има веќе една ваква тема.

Инаку нивото на услуженост и однесувањето на продавачките/продавачите варира од продавница до продавница.

Знаеш, кога ќе влезеш во продавница за многу од вработените не си ништо повеќе од потенцијален муштерија или, како на цртаните, знак за долар со нозе и раце. Нивна цел е да те натераат да купиш нешто. Ако изгледаш и се однесуваш како човек кој би им направил промет тогаш си им најдобар пријател за тие половина час - час додека си таму.

Поради нивната ајкулска природа, ако помирисаат дека веројатно со празни раце ќе излезеш тогаш нивното пријателско однесување избледува и расте нивото на нетрпеливост.

Имав една незгодна случка пред некое време во Zara.

Продавницата навистина ја сакам, мислам дека имаат одлични парчиња облека и често ќе најдам нешто што ми се допаѓа. Може не многу работи, ама ако влезам веројатно барем едно нешто ќе купам. Меѓутоа има една девојка вработена таму што последен пат кога ми се падна да ми "помогне" ми ја наполни соблекувалната со 143 парчиња облека затоа што во соблекувалната влегов со пар панталони, неколку маици и џемпер - ама она се чувствуваше должна да ми донесе по 10 работи што ќе одговараат со работите што земав да ги пробам + патики/кондури за секој "outfit". Затоа што сум си слабак, и воедно културен, си преќутев и пробав се. Два часа подоцна си излегов со тоа со кое што влегов да го пробам првенствено и тоа го купив.

Имаше еден момент каде ми донесе една маица која веќе ја имав купено пред тоа, но кога и кажав дека веќе ја имам ми кажа "дека немало потреба да се правдам, ако не ми се допаѓало нешто слободно сум можел да кажам". |-(

Меѓутоа во Pull&Bear има две девојки кои се вработени кои ме препознаваат. Таму, на пример, никогаш не сум имал проблем со вработените, не ми вршеле притисок да купам нешто и не ме загушувале веднаш кога ќе влезам (како што често знаат да прават).

Така да услугата е различна во секоја продавница. Меѓутоа поголеми се шансите некој арогантно и ептен дебилно да се испонаша, како во твојот случај, во продавници кои можеби не се толку познати и големи. Како помал во продавница во Лептокарија купував со другарка подарок за роденден и не избркаа со оправдување дека "премногу долго сме гледале, сме намислувале да украдеме нешто".

C'est la vie.