Арогантни продавачи и службеници

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,239
1,758
113
Малку таму, малку овде...
Кога мислам на арогантни мислам на луѓе кои немаат никакво однесување кон муштериите.
Пр. влегуваш во бутик, но исто како да не си влегол. Продавчот си чита весник, си пие кафе, се освен да те услужи. А ако прашаш за цена, мака им е да ти кажат. Просто и да сакаш да купиш, ќе изгубиш волја од таквите...
Но, во темава можеме да ги дискутираме и оние „давежите“ кои ти дишат во врат додека разгледуваш.
Одат во чекор со тебе и те следат како да си отишол на крадење.
Покрај продавачите и продавачките може да се коментираат и служебениците во установите.
Какво е вашето искуство?
Дали некогаш сте имале контакт со таков/ва продавач/ка, службеник/ка?
Како реагирате кога не сте добро услужени или кога дрско се однесуваат?
 
  • Like
Реакции: Alley3112 and jovanKH2O

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,400
4,421
1,153
Искрено да си кажам, си сакам раат. Поарно да си чита весник и да не ми обрнува многу внимание отколку шо викаш да ми дише во врат.
Најмногу ме нервираат кога ми нудат и тоа шо ме интересира и тоа шо не ме интересира.
Или кога упорно се обидуваат да ме убедат колку е нешто wow.
Не можам да се сетам дека некој се однесувал дрско со мене. Шо знам, немам такво искуство.
Валјда е сето тоа некако двонасочно. :)
 
  • Like
Реакции: Bibi@ and LMFAO

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,838
6,527
1,153
Градибачалник на Прибој
Со оглед на тоа дека преминуваме во маркетинг концепција- приватизирање на секоја установа, ќе ги земам за пример измачената работна сила. Како што кажа продавачките.
Дали си се запрашала некогаш дали тоа е производ на мобинг,малтретирање , понижување, дискриминација од страна на шефот или колегите?
Секој гест на работникот зависи од работодавачот, на кој начин го адаптирал на тоа работно место и како го инспирира за подобра функционалност.
Никогаш нема да плукам по работната сила која макотрпно си го вади лебот. За едни помочани 150-200 евра месечен придонес уште па ние треба да ги коментираме.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,050
6,674
1,153
Big Sur
Абе шефот ако ги третира неубаво, тој ги тера баш да бидат газолижачки настроени спрема клиентите за да оди бизнисот.
Туку има арогантни фаци на кои не им е денот, или имаат проблеми во приватниот живот, па сета негатива ја пренесуваат во просторот, небаре друг им е крив.
На таквите, ако ми фркне си излезам и им кажам „Фала на услугата/љубезноста“ или пак само излезам и крај.
Нема комуникација - нема успешен бизнис.
 
  • Like
Реакции: МериСелест

jovanKH2O

Староседелец
1 март 2012
54
82
1,018
Од продавачи сум бил изнервиран повеќе пати особено кога не обрнувале никакво внимание коа ме интересирало да прашам нешто како на пр. имате ли поголем бр. од нешто да пробам, или па од такви што ме следеле до гардероба уште да ми влезеле внатре фалело :p да не им снема нешто. Од службеници ме изнервирале тие неписмените на шалтерите што работат во МТВ кога пред некое време вадев државјанство и извод и поима си немаа од ништо, згора на се на секои 5 мин си стануваа и си разговараа помеѓу себе а чекав може 2 часа да дојдам на ред :confused:
 
  • Like
Реакции: Bum-Bum

Bum-Bum

Истакнат Член
3 март 2012
1,125
1,845
423
Еден досаден град
Мене искрено ми е смачено од арогонантни продавачки.....И да го имаат најубавото и најефтиното јас не го купувам....Од пусти инат...Како што неможе секој да биде доктор исто така неможе секој да биде продавач ;)

А ако е подложен на мобинг,малтретирање итн. не сме ние криви...Има институции каде што ке си се обрати ;)
Ние имавме дуќан и мајка ми работеше и замислете колку се поголеми обрврските и нервозите на сопственикот но кога ке влезеше муштерија таа забораваше на се и го услужуваше човекот на нормлаен начин ;)

Не треба да го земаат лебот на некои што си се комуникативни и надарени за да ја работат таа професија ;)
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,231
17,758
1,673
На сигурно
Со оглед на тоа дека преминуваме во маркетинг концепција- приватизирање на секоја установа, ќе ги земам за пример измачената работна сила. Како што кажа продавачките.
Дали си се запрашала некогаш дали тоа е производ на мобинг,малтретирање , понижување, дискриминација од страна на шефот или колегите?
Секој гест на работникот зависи од работодавачот, на кој начин го адаптирал на тоа работно место и како го инспирира за подобра функционалност.
Никогаш нема да плукам по работната сила која макотрпно си го вади лебот. За едни помочани 150-200 евра месечен придонес уште па ние треба да ги коментираме.
Аааа не те оправдувам,ако не им се доста тие пари за кои што се платени ај да почнеме да се тепаме мегу себе.Мене ме прашува ли некој кога одам да купувам за колку пари работам?Ако работам за 100 евра имам право да ја истепам вработената?Што и сум јас крива или па таа мене.Си има институции каде да си се обратиме.
Јес да,признавам не секогаш ни е на сите денот,или пак некои имаат дебели причини што работат за работодавци од кои не се задоволни ама пак јас најмалку им сум крива.
Додуша јас лично не сум имала многу проблем со продавач ради тоа што кога пазарам не сакам да имам никој на глава и по не ми сметаат тие што читат весници отколку некој да оди по мене.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,084
7,013
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Не ме интересира што им се случува во приватниот живот, на работа треба да се однесуваат професионално. И можеби не е фер, но муштеријата "секогаш е во право". Колку и да се однесува муштеријата снобовски и арогантно, вработениот треба да остане смирен, љубезен и услужлив. И треба да се има баланс, просечно обрнување на внимание на своите муштерии, ниту да го запостави, ниту да го натера побргу да си замина поради пренападност.
 

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,838
6,527
1,153
Градибачалник на Прибој
Аааа не те оправдувам,ако не им се доста тие пари за кои што се платени ај да почнеме да се тепаме мегу себе.Мене ме прашува ли некој кога одам да купувам за колку пари работам?Ако работам за 100 евра имам право да ја истепам вработената?Што и сум јас крива или па таа мене.Си има институции каде да си се обратиме.
Јес да,признавам не секогаш ни е на сите денот,или пак некои имаат дебели причини што работат за работодавци од кои не се задоволни ама пак јас најмалку им сум крива.
Додуша јас лично не сум имала многу проблем со продавач ради тоа што кога пазарам не сакам да имам никој на глава и по не ми сметаат тие што читат весници отколку некој да оди по мене.
За мобинг зборував девојко, платата се споменува само за да не ги коментираме- не заслужуваат ремет со оглед на тоа колку се платени.
Пс. Се извинувам можеби е моја грешка, ме нема во избришани мислења.
 
  • Like
Реакции: Bum-Bum

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,231
17,758
1,673
На сигурно
Без разлика колку се платени,не оправдувам понашање во однос на плата.А ова со пс не разбирам шо ти е:)