Абортус: за или против?

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Секој со својот став и мислење. :) Лично јас, доколку би била силувана некогаш и останам бремена,не би абортирала, сите сме под Господовото небо. Се што ни се случува, случува со причина и е од Господ.

Малце оф топик е муабетов, али чисто информативно: тој твој господ рекол дека е дозволено силување? Го пишува ли тоа во библијата или некаде на друго место? Така ли проповедаат свети лица и го учат народот? Дека во ред е силување?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: LaJa5

-•Lil Lamb•-

Баниран
27 февруари 2012
74
48
318
31
Малце оф топик е муабетов, али чисто информативно: тој твој господ рекол дека е дозволено силување? Го пишува ли тоа во библијата или некаде на друго место? Така ли проповедаат свети лица и го учат народот? Дека во ред е силување?
Мисица, не е во ред силувањето, но има премногу лоши луѓе. Во никоја книга не го пишува тоа. Но го пишува она дека абортусот како АБОРТУС е забранет, во било кој случај :)
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Мисица, не е во ред силувањето, но има премногу лоши луѓе. Во никоја книга не го пишува тоа. Но го пишува она дека абортусот како АБОРТУС е забранет, во било кој случај :)

Без разлика што има многу лоши луѓе, ти рече дека тоа е причината поради која не го оправдуваш абортусот. А доколку ти се случи нешто што е забрането, тогаш можеби единствена опција ти е да направиш и ти нешто што е забрането за да се извлечеш себе си од таа ситуација во која некој друг против твоја воља те ставил.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: LaJa5

-•Lil Lamb•-

Баниран
27 февруари 2012
74
48
318
31
Без разлика што има многу лоши луѓе, ти рече дека тоа е причината поради која не го оправдуваш абортусот. А доколку ти се случи нешто што е забрането, тогаш можеби единствена опција ти е да направиш и ти нешто што е забрането за да се извлечеш себе си од таа ситуација во која некој друг против твоја воља те ставил.
Единствената причина што не го оправдувам абортусот- е таа што Абортусот ни Господ не го оправдува, а јас колку толку се трудам искрено да одам по тие стапки што ќе ми помогнат во другиот свет да се справам со нив, доколку јас го прекршам тој закон, мене во другиот свет ме очекува нешто страшно нешто, со оглед на тоа што сум муслиманка. :) Лично јас не би го прекршила тој закон, мене ми е страв од мојот Аллах. :) А, секој за себе,нормално.
 

Fashion.Lover

Староседелец
19 февруари 2015
297
83
628
New York,New York
Имам еден проблем и после подолго време решив да го споделам со вас и да побарам совет.
Незнаев во која тема да го ставам но мислам дека овде највеке одговара.
На кратко ке ја објаснам ситуацијата во која се наоѓам.

Имам 18 год, имав долга врска од година и 3 месеци, и пред еден месец раскинавме. Имавме некои проблеми, најголем проблем е тоа што многу ретко излегувавме, имавме многу малку пријатели, тој беше многу љубоморен и ми беше забранил да се гледам со една другарка. Тоа не е се, ме имаше изневерено, јас му простив, но пред еден месец и јас го изневерив за да му вратам. Раскинавме поради сите тиа причини, тој ми се молеше но јас не се вратив. Ова е воведот сега следи главниот дел.

Пред 2-3 недели дознав дека сум бремена. Со сигурност, на гинеколог бев. Прво бев сигурна дека сакам да абортирам но сега не сум баш. Бившиот ми вели да се смириме, да се земеме, дека тој ме сака мене а и детето и дека тој ке се промени ке излегуваме, ке бидеме срекни итн.
Сега незнам што да правам дали да абортирам или да се омажам!?

Ова е од некој друг форум,а во случајов со девојкава би абортирала.Иако сум против абортусот,во овој случај би абортирала.
 

MacedonishQueen

Истакнат Член
17 јуни 2015
205
131
143
Јас сум за "за" бидејќи што ако некој ја силува девојката и таа останува бремена секако дека нема да сака да го чува тоа дете. Или девојкатае во брак па останува бремена а за тек на бременост му излегуваат куп проблеми па мора да се раздели од мажот, и тоа дете без татко ли ќе расте? само за викенд ли ќе го гледа таткому? Глупост. А и се случува грешка, никој не сме безгрешни. ;)
 

scarstone

Староседелец
15 април 2013
22
25
603
Ниту сум „за“, ниту пак „против“ абортусот.
Сум за имање право на избор. Во ситуации во коишто треба да одберам меѓу „за“ и „против“, се обидувам да се ставам на местото на личноста и не сакам да сум категорична, затоа што не ретко те стигнува она од коешто бегаш. Тоа е начин на животов да ти покаже дека си човек и не можеш да бидеш посилен од 1 човек.
Многумина ја прават оваа грешка: наместо да се обидат да се стават во кожа на личноста којашто минува низ сето тоа, се споредуваат во однос на некое нивно слично искуство. Ниту една бременост не е иста. Не постојат две сосема исти околности под кои се случила несаканата бременост, затоа што се многу персонализирани, поради тоа што се измешани со личните чувства, состојби, ситуации, окружувањето и поддршката од истото, односи со луѓето итн.

Ниту пак се сметам за помалку религиозна доколку не сум pro-life за сите по секоја цена. Напротив, свесна сум дека штом сум одбрала таква насока во животот, не можам да бидам ништо повеќе од ученик (и тоа најверојатно слаб ученик) во истиот и не смеам да си дадам за право некого да осудувам поради неговите избори, затоа што ја немам неговата сила, неговите емоции и неговата ситуација. Тој мој правец може да влијае на мојот личен избор, не на моето мислење за туѓиот избор. Може да влијае само на мојата љубов и поддршка кон ближниот и врз помошта што поскоро да ја преброди таа лоша епизода во неговиот живот.

Што се однесува до мене, никогаш не би сакала такво нешто за себе. Не сакам да направам такво нешто, од оваа перспектива, не би можела да функционирам како што треба по такво нешто. Но, не можам да изигрувам пророк и да велам „никогаш нема“, токму поради тоа што сум свесна дека сум послаба од животот, како и секој човек и покрај сиот наш труд.
 

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
За абортус да, само доколку веќе родени може да се вратат на таа постапка ,а за нов живот што треба да се роди во ниеден случај !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
За абортус да, само доколку веќе родени може да се вратат на таа постапка ,а за нов живот што треба да се роди во ниеден случај !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
A? Де ако сакаш малку поопширно изјасни се. Јас искрено ништо не те разбрав што сакаш да кажеш.
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
A? Де ако сакаш малку поопширно изјасни се. Јас искрено ништо не те разбрав што сакаш да кажеш.
Сака да каже да се вратат таму од каде што дошле, толку лесно за разбирање е ова..а тек за бесконечноста..............аааууууууууууууууууууууууу
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mnogo Bitno