Тоа детенце секогаш може да го дадеш на некои кои сакаат да посвојат дете, а не да го убиеш...
@diva orhideja а мајка ли е ако го абортира?
Штом таа самата смета дека не може да му овозможи од х причини на детето да расте покрај неа има парови кои со години чекаат да добијат детенце и да му ја пружат сета љубов.На овој начин барем тоа ќе добие шанса за живот.
Давањето на дете на посвојување е нож со две острици. Затоа што мајката цел живот ќе знае дека има дете "таму некаде". Ако во моментот не е спремна да гледа дете, можеби ќе дојде време кога ќе е. И тогаш ќе почне да жали, да се прашува каде е и што е, мал милион случаи каде пробуваат да ги најдат, па децата не сакаат да ги видат и слично. Вака полесно им е да преболат, знаат дека детето го нема, знаат дека не постои нивен потомок за кој што не знаат ништо.
Плус децата што се дадени на посвојување немаат секогаш среќен крај. Да, може да завршат кај пар кој што сака дете повеќе од цел свет и нема ништо поблагородно од тоа да им подариш, меѓутоа сметајте колку деца се влечкаат по никакви услови, немаат кој да ги заштити, во домовите е катастрофа, нема ниту една добра институција која ти гарантира дека детето ќе е заштитено, најадено и ќе има каде да спие. И тоа малку што го има, до 18 години, потоа детето е само препуштено на себе. Знаете ли за што е способно дете од 18 години? За ништо. 20+ сум, па уште се "печам", односно не знам што и како со животот. Дете на 18 години на улица, само, гладно ми е позастрашувачка слика од неродено дете.
На крај да не испадне дека сум антихрист што мрази деца, јас сметам дека нема ништо поубаво од мајчинство, ама кога вистина можеш да дадеш се на дете, а не направи, па мора да се роди по секоја цена. Абортус само во такви случаи, изјави како на г-ѓа Најчевска дека фетусот е паразит кој се храни од мајката, не поддржувам никако!