Треба да биде така, ама не е. Не секој што станува сексуално активен е свесен за последиците. Затоа е потребна сексуална едукација и тоа да започне од дома! Повеќето родители(најчесто од постарите генерации) да си ги сменат оние закржавени размислувања и да не чекаат државните институции да им ги едуцираат децата. Сексуалната едукација би требало да им биде задолжителна како и домашното воспитување. Во никој случај не тврдам дека абортусот треба да биде контрацептивно средтсво!
Види, и јас не сакам абортус и досега мислам дека не би била психички спремна да го направам, како што велиш ти, сѐ се работи испланирано.. Но јас и ти можеме да си кажеме за нас, наши искуства и наше мислење за абортусот, но во никој случај не смееме да ги осудиме тие што абортирале затоа што не знаеш што им се случувало во нивните животни во тој период и како тие гледаат на бременоста. Некои не биле психички спремни, некои финансиски, некои имале проблеми во врска/брак, имале здравствени проблеми, биле премлади... Затоа сметам дека секоја жена треба да има право на абортус, финансиски достапен за сечиј џеб, во соодветни услови итн. Нејзино е дали ќе го прифати.
За првиот дел од постот апсолутно си во право. Сексуалната едукација е неопходна, ама баш, неопходна во нашево општество. За другите родители не знам, моите деца ќе бидат информирани од А до Ш. Ќерка ми ќе ја воспитувам дека одговорноста да не забремени е само нејзина, затоа таа треба да се чува најмногу. Син ми ќе биде информиран дека кондомот не заштитува само од бременост итн. Да не си ги кажувам јас животните проекти и да не замарам.
Само што последната реченица од првиот пасус, ти е контрадикторна со вториот пасус. Токму затоа што абортусот не треба да биде контрацептивно средство, НЕ ТРЕБА ДА СЕ СФАЌА КАКО ТАКОВ.
Да не бидам сфатен погрешно. Не дека ги гледам со поинакви очи тие што абортирале, ама не ги почитувам како личности - бидејќи немале доволно храброст да се соочат со животот.
1. Не биле психички спремни: кондом, апчиња за контрацепција, свршување надвор;
2. Финансиски спремни: кондомите не прилично достапни за сечиј џеб - кутија цигари; апчињата за убивање сперматозоиди се 500 денари; тие другите не знам колку се, нешто ми вика дека и на рецепт одеа(може бладам, ама оддамна беше кога ги користевме);
3. Имале проблеми во врската и бракот: стварно? А за секс немале проблем? Туф... ја не знам како проблемите влијаат на тоа да се заштитиш кога имаш односи;
4. Имале здравствени проблеми: поштувам. Кажав и погоре. За такви случаи мислам дека и е измислен абортусот како опција, е сега што ние сме неблагодарни и што сѐ сакаме да упропастиме, тоа е друго;
5. Биле премлади: начините кои што ги набројав во првата точка, важат и за овие што едвај пупките им излегле, а сакаат секс.
Значи, подециден за ниту еден став не сум бил. Доколку направиш грешка, и доколку се случи што и да е во животов... треба да си свесен дека треба да си ги сносиш последиците.
Јас сум дете на родител(самохрана мајка) која можела да ме абортира, не го направила тоа.
Да, во мигот сум бил само плод во утроба без никакви емоции и сл, и ако таа ме аборитрала...што? Денес немало да го живеам животов за кој што секој ден сум благодарен што го живеам.
Чао, пријатно.