Абортус: за или против?

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
А во случај на несакана бременост, дури и кога била користена некаква заштита и се случила грешка?
Одговорните си ги сносуваат последиците, верувам дека абортусот не е пријатно искуство. Работава е ради таква грешка да не страда и трета, невина личност.
Тој изговор дека и покрај секаква заштита се забременило може да се прифати кај 1-2 девојки во цела Македонија(да не ме фатите здраво, за готово со „статистикава“ - сакам да кажам многу ретко). Сите околу мене(вклучувајќи ме и мене) имавме долги врски, и на никој/а не му/ѝ се случи „по грешка“ да забремени, сите добивме деца во мигот кога ги „испланиравме“. Значи можело да се пази. Сѐ друго е пливање во води без да го знаеш типот на брановите, па се давиш.
И претпоставувам дека секој кој што почнува да е сексуално активен, размислува за опциите / ризиците кои ги сносува. Бременоста е една од нив. Ако на сите им стои абортусот како решение за сѐ... сме ја утнале многу работата. Нели постојат тие таблетите кои се пијат после 72 часа? Секоја ќе стане свесна дали има опција да остане бремена по самиот чин, може да си го купи и да заврши работа...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

Big Berta

Староседелец
7 февруари 2015
106
208
1,053

Треба да биде така, ама не е. Не секој што станува сексуално активен е свесен за последиците. Затоа е потребна сексуална едукација и тоа да започне од дома! Повеќето родители(најчесто од постарите генерации) да си ги сменат оние закржавени размислувања и да не чекаат државните институции да им ги едуцираат децата. Сексуалната едукација би требало да им биде задолжителна како и домашното воспитување. Во никој случај не тврдам дека абортусот треба да биде контрацептивно средтсво!

Види, и јас не сакам абортус и досега мислам дека не би била психички спремна да го направам, како што велиш ти, сѐ се работи испланирано.. Но јас и ти можеме да си кажеме за нас, наши искуства и наше мислење за абортусот, но во никој случај не смееме да ги осудиме тие што абортирале затоа што не знаеш што им се случувало во нивните животни во тој период и како тие гледаат на бременоста. Некои не биле психички спремни, некои финансиски, некои имале проблеми во врска/брак, имале здравствени проблеми, биле премлади... Затоа сметам дека секоја жена треба да има право на абортус, финансиски достапен за сечиј џеб, во соодветни услови итн. Нејзино е дали ќе го прифати.
 
За првиот дел од постот апсолутно си во право. Сексуалната едукација е неопходна, ама баш, неопходна во нашево општество. За другите родители не знам, моите деца ќе бидат информирани од А до Ш. Ќерка ми ќе ја воспитувам дека одговорноста да не забремени е само нејзина, затоа таа треба да се чува најмногу. Син ми ќе биде информиран дека кондомот не заштитува само од бременост итн. Да не си ги кажувам јас животните проекти и да не замарам.
Само што последната реченица од првиот пасус, ти е контрадикторна со вториот пасус. Токму затоа што абортусот не треба да биде контрацептивно средство, НЕ ТРЕБА ДА СЕ СФАЌА КАКО ТАКОВ.
Да не бидам сфатен погрешно. Не дека ги гледам со поинакви очи тие што абортирале, ама не ги почитувам како личности - бидејќи немале доволно храброст да се соочат со животот.
1. Не биле психички спремни: кондом, апчиња за контрацепција, свршување надвор;
2. Финансиски спремни: кондомите не прилично достапни за сечиј џеб - кутија цигари; апчињата за убивање сперматозоиди се 500 денари; тие другите не знам колку се, нешто ми вика дека и на рецепт одеа(може бладам, ама оддамна беше кога ги користевме);
3. Имале проблеми во врската и бракот: стварно? А за секс немале проблем? Туф... ја не знам како проблемите влијаат на тоа да се заштитиш кога имаш односи;
4. Имале здравствени проблеми: поштувам. Кажав и погоре. За такви случаи мислам дека и е измислен абортусот како опција, е сега што ние сме неблагодарни и што сѐ сакаме да упропастиме, тоа е друго;
5. Биле премлади: начините кои што ги набројав во првата точка, важат и за овие што едвај пупките им излегле, а сакаат секс.

Значи, подециден за ниту еден став не сум бил. Доколку направиш грешка, и доколку се случи што и да е во животов... треба да си свесен дека треба да си ги сносиш последиците.
Јас сум дете на родител(самохрана мајка) која можела да ме абортира, не го направила тоа.
Да, во мигот сум бил само плод во утроба без никакви емоции и сл, и ако таа ме аборитрала...што? Денес немало да го живеам животов за кој што секој ден сум благодарен што го живеам.
Чао, пријатно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and MoonFairy

gabi96

Полноправен Член
4 септември 2015
36
28
18
28
јас лично никогаш не би прифатила абортус без разлика на тоа каква е ситуацијата...бидејки како што и некој други членови пред мене коментирале на темава треба да се размисли пред време...ако ми било убаво во моментот убаво би ми било и да го родам.Но ако девојката/жената била присилена или има причина за абортус во ред е...(со сила убавина не бива):*
 
Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Да ми ја објасни некој логикава зад „убаво ти било да се онадиш, сега е правилно да родиш“? :eek
И што ако сексот бил далеку од убав? :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Да ми ја објасни некој логикава зад „убаво ти било да се онадиш, сега е правилно да родиш“? :eek
И што ако сексот бил далеку од убав? :D

Ubao tibese koa se onadese sea ke go frlis a? hhehe...:rofl тешко е да се најде логика во таквата изјава, како и многу популарни народни изјави - логиката не им е јака страна...ваљда како остаток од минатото коа трудноча значела и пораѓај...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Swatkata

Староседелец
26 јуни 2014
49
16
1,008
Јас сум против и дека треба да се забрани абортусот. Секој има право да одлучува за себе, но сепак требаше да мислите пред да го зачнете..:nah
Потполно и јас се согласувам.Но некогаш и не се согласувам можеби тоа дете не било зачнато на убав начин
 
incule

Староседелец
5 јануари 2015
740
128
1,053
30
Против сум ако несака да го чува нека го даде во дом