Ќе се навратам на темава колку само да расчистиме некои работи.
Од кај па сега посвојување, ниту сум мислела на тоа ниту ќе мислам.
Па претпоставував само, бидејќи рече "
тоа што ќе потсеќа на слилувачот, или па не е спремна да биде мајка, или е премногу млада не е причина за [бебето] да не се роди".
Од тука претпоставив дека мислиш на посвојување бидејќи, нели, сметаш дека дури и доколку жена забремени како резултат на силување (
пенетрација со сила, без нејзина согласност) или пак станува збор за девојче кое забременило на својата полуматура и уште не ни знае каде во средно - дека детето треба да го задржи.
Не претпоставував, односно навистина се надевав, дека не предлагаш девојчето/девојката во било кој од случаевите да го задржи бебето и да се грижи за него. Никоја жена која се почитува себе си не би го задржала детето чиј татко е некој пореметен лудак
кој не ни го знае. Самиот настан, самото силување е доживотна траума, а не пак секојдневен потсетник да имаш за тоа. Да не навлегуваме во генетика и што би можело тоа дете да наследи од својот татко-силувач.
И ни едно девојче, а воедно и ни една мајка која го сака и почитува своето дете, не би се согласиле со тоа девојчето да си го отфрли детството и да си го отфрли животот, поради тоа што направила грешка.
Од досада, хоби? До толку ли нејасно пишувам? Знам дека мајка се станува кога е најдобар момент но зборот ми беше кога е непланирана бременоста, едноставно се случила од x причини да не се откажуваме затоа што не сме спремни да бидеме родители.
Не дека нејасно пишуваш туку кажуваш работи кои ти паѓаат на памет без аргументи, без емпириски доказ, па пробуваш некако да се извлечеш. Но тоа не е битното.
За кои Х причини зборуваш? Не знам дали читаш што пишуваш. Кога е непланирана бременоста (најчесто во денешно време) се случила буквално затоа што не била планирана, не било предвидено дете, парот не користел заштита. И да, можеби доколку еден пар не е спремен не би требал да се откаже од детето. Можеби со тек на време ќе се навикнат.
А што ако не се навикнат? Што ако и понатаму не се спремни? Што ако никогаш не се спремни. Што ако детето расте и се развива во лоша околина, не се грижат за него. Со тек на време настапува неухранетост, хигиената се сведува на минимално ниво, можеби родителите се насилни. Што тогаш?
Мислам размисли малку пред да напишеш нешто. Не биди толку ограничена, не постои само право - има и лево, има и десно. Не одговарај само колку да не одиш против тоа во кое "веруваш", или да одиш контра на другите, дури и кога знаеш дека ќе кажеш нешто погрешно.
Прво и погрешна терапија може да те убие, а не само хируршките интервенции, но нели тука се збори за абортусот. Може да влијае на плодноста и те како, а посебно кој, каде и како го извршува. Еве пример не со абортус, а со пораѓај. Некоја жена се пораѓала со царски рез и овие (докториве) и заборавиле ножици во стомакот, во Македонија се има случено ова, а замисли што се не може да се случи при абортусот.
Со ова само го потврди тоа што го кажав, дека било каков хируршки зафат може да тргне наопаку, што може да биде по вина на самиот хируршки тим/хирургот, но може да биде и поради јавување на компликации кај пациентот. Кога папочната врвца ќе се замота околу вратот на бебето не е виновна ниту мајката, ниту таткото, ниту бебето, ниту докторот. Едноставно се случило, дошло до тоа. Треба да се гледа како да се поправи.
И веќе кога сме кај грешки - затоа луѓе се информираат, се распрашуваат околку кој-како работи, кој е најдобар. Има причина зошто луѓе препорачуваат доктори, хирурзи, итн. и зошто се доаѓа до коментари од тип на "Овој е најдобар" односно зошто одредени луѓе се стекнуваат со некаков
кредибилитет.
Никој нема да отиде општо во болница, а не пак на породилно или пак да абортира во некоја болница/установа/клиника која нема никаков кредибилитет.
Инаку, во однос на ова со ножиците,
најдов статија за како ова и се случило на девојка во Париз (при операција на желудник), меѓутоа не успеав да најдам ништо за случајот кој го наведе. Не ни знаев дека ножици се користат при цезарски рез, а и доколку се случило ова мислам дека би имало некакви информации.
Доколку имаш некакви извори во однос на тоа што го напиша би те замолил да ми ги пратиш по ПП, или слободно тука некаде стави ги.