Абортус: за или против?

Boyle

Истакнат Член
23 ноември 2013
25
12
103
Секој си бира.Ако е така најдобро за сите подобро абортус одколку сиромаштија и беда.пожално ке е да се роди дете и да умре гладно и од студ.
 

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Црвена абе знаеш дека политика е забранено тука и незнам како си ставаш етикети и да интересно е еднош си за друг пат си против абортусот нели :zelen а и да те прашам кога треба да сме родители пошо горе си одговорила не кога ние сакаме односно кога ке ни текне туку кој е тој период да чекаме друг некој да ни каже пошо неможеме кога ке ни текне ?
 

Coelho

Староседелец
2 април 2012
287
493
663
Скопје
Многу не би го задржале јасно е тоа, но кога веќе мене ме прашуваш мислам дека треба да се задржи без разлика дали тоа дете е планирано или па не е планирано сепак е дете и за ништо не е виновно, тоа што ќе потесќа на слилувачот, или па не е спремна да биде мајка, или е премногу млада не е причина за да не се роди.

Претпоставувам мислиш на тоа да се роди детето, па да се даде на посвојување?

Мајка не се станува кога ќе ни текне т.е ќе ни одговара, кога треба да бидеме ќе бидеме без разлика на се ниту па парите не се клучен фактор, денес ги има утре не и мислиш тие што се си испланирале не можат да останат без пари?

Значи мајка се станува онака, од досада? Од хоби? Не знам, на неспремно? Се разбира дека мајка не се станува кога на некоја девојка ќе и притекне, меѓутоа мајка се станува кога најмногу одговара. Сепак, и ајде биди реална малку, за да се грижиш за едно дете ти се потребни енергија, време, труд, пари, итн. Земајќи го тоа во предвид - да, мајка се станува кога е најдобар момент, кога најмногу му одговара на парот.

Инаку, според мене барем, парите буквално се еден од клучните фактори при планирање на семејство доколу парот свесно планира и логички и зрело размислува. Храна, алишта, играчки, количка, пелени и останати производи потребни за грижа на едно дете како се обезбедуваат, извини? И да, тоа што викаш, некогаш ги има - некогаш ги нема. Меѓутоа затоа се планира. Зборуваме за просечна семејство.

Плус абортусот знае да има и доста големи и сериозни последици. Може да умре или па никогаш повеќе да не има деца. Што тогаш?

Прво, било која хируршка процедура може да убие личност. Второ, не сум доволно информиран за ова меѓутоа, мислам дека доколку не дојде до никакви компликации при абортусот не би требало да влијае врз плодноста.

Не сакам да ве убедувам во нешто само си кажувам мое мислење и како јас би постапила доколку се најдам во таква ситуација. Ако треба целосно би го променила начинот на живеење, но не би се откажала од бебето, фетусот, сеедно.

Се разбира дека сите тука си кажуваме свое мислење, се знае зошто е форум. Мислења, дискусии, дебати, итн. Јас си кажав свое мислење, па за да не играме вечно на ти го - дај ми го, завршувам со темава.

Поздрав!
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
1. Претпоставувам мислиш на тоа да се роди детето, па да се даде на посвојување?



2. Значи мајка се станува онака, од досада? Од хоби? Не знам, на неспремно? Се разбира дека мајка не се станува кога на некоја девојка ќе и притекне, меѓутоа мајка се станува кога најмногу одговара. Сепак, и ајде биди реална малку, за да се грижиш за едно дете ти се потребни енергија, време, труд, пари, итн. Земајќи го тоа во предвид - да, мајка се станува кога е најдобар момент, кога најмногу му одговара на парот.

3. Инаку, според мене барем, парите буквално се еден од клучните фактори при планирање на семејство доколу парот свесно планира и логички и зрело размислува. Храна, алишта, играчки, количка, пелени и останати производи потребни за грижа на едно дете како се обезбедуваат, извини? И да, тоа што викаш, некогаш ги има - некогаш ги нема. Меѓутоа затоа се планира. Зборуваме за просечна семејство.



4. Прво, било која хируршка процедура може да убие личност. Второ, не сум доволно информиран за ова меѓутоа, мислам дека доколку не дојде до никакви компликации при абортусот не би требало да влијае врз плодноста.



5. Се разбира дека сите тука си кажуваме свое мислење, се знае зошто е форум. Мислења, дискусии, дебати, итн. Јас си кажав свое мислење, па за да не играме вечно на ти го - дај ми го, завршувам со темава.

Поздрав!

1. Од кај па сега посвојување, ниту сум мислела на тоа ниту ќе мислам.

2. Од досада, хоби? До толку ли нејасно пишувам? Знам дека мајка се станува кога е најдобар момент но зборот ми беше кога е непланирана бременоста, едноставно се случила од x причини да не се откажуваме затоа што не сме спремни да бидеме родители.

3. До пред две-три години и јас мислев дека се може да се испланира и и е да оди по план но не е баш така, за секунди може цел живот да ти се смени буквално за секунди се што имаш можеш да изгубиш па и парите и тука мислев што ќе се случи ако ете тоа бидне кога веќе си оформил семејство, како ќе ги издржуваш тогаш, а се ти било предвреме испланирано нели? Затоа реков дека кога веќе е направено бебето, а финансиската состојба не е баш добра не е причина за да се абортира бебето. Бидејќи таа "иста" финансиска состојба може да се случи и кај парови со деца кои се си имале испланирано предвреме (кога да ги родат, како да ги издржуваат итн).

4. Прво и погрешна терапија може да те убие, а не само хируршките интервенции но нели тука се збори за абортусот. Може да влијае на плодноста и те како, а посебно кој, каде и како го извршува. Еве пример не со абортус, а со пораѓај. Некоја жена се пораѓала со царски рез и овие (докториве) и заборавиле ножици во стомакот, во Македонија се има случено ова, а замисли што се не може да се случи при абортусот.

5. И јас исто завршувам доста беше. Поздрав и до тебе
 

Змејче

Незапирлива
14 јули 2013
1,193
2,423
1,123
ПРОТИВ сум за абортусот...не знам ама тоа ми како убиство на новиот живот...но има луѓе со таков избор.. :nah
 

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
1. Од кај па сега посвојување, ниту сум мислела на тоа ниту ќе мислам.

2. Од досада, хоби? До толку ли нејасно пишувам? Знам дека мајка се станува кога е најдобар момент но зборот ми беше кога е непланирана бременоста, едноставно се случила од x причини да не се откажуваме затоа што не сме спремни да бидеме родители.

3. До пред две-три години и јас мислев дека се може да се испланира и и е да оди по план но не е баш така, за секунди може цел живот да ти се смени буквално за секунди се што имаш можеш да изгубиш па и парите и тука мислев што ќе се случи ако ете тоа бидне кога веќе си оформил семејство, како ќе ги издржуваш тогаш, а се ти било предвреме испланирано нели? Затоа реков дека кога веќе е направено бебето, а финансиската состојба не е баш добра не е причина за да се абортира бебето. Бидејќи таа "иста" финансиска состојба може да се случи и кај парови со деца кои се си имале испланирано предвреме (кога да ги родат, како да ги издржуваат итн).

4. Прво и погрешна терапија може да те убие, а не само хируршките интервенции но нели тука се збори за абортусот. Може да влијае на плодноста и те како, а посебно кој, каде и како го извршува. Еве пример не со абортус, а со пораѓај. Некоја жена се пораѓала со царски рез и овие (докториве) и заборавиле ножици во стомакот, во Македонија се има случено ова, а замисли што се не може да се случи при абортусот.

5. И јас исто завршувам доста беше. Поздрав и до тебе

Со мене заврши или не :zelen

1. Кога се нема основни услови за живот тогаш што со тоа дете на фотосинтеза ке вегитира ?

2. Изгледа ти се водиш по онаа циганската секое летенце - детенце па ако преживее арно ако не наредно лето друго.

3. Јас прв пат слушам за овој случај во МКД и не ми е чудно во чудесна земја живееме ама и затоа не не бива додека во развиените земји работат на тоа како на секој начин да го подобрат животот на луѓето ние уште сме заглавени со сфаќања од праисторијата а навидум глумиме современи.
 

Coelho

Староседелец
2 април 2012
287
493
663
Скопје
Ќе се навратам на темава колку само да расчистиме некои работи.

Од кај па сега посвојување, ниту сум мислела на тоа ниту ќе мислам.

Па претпоставував само, бидејќи рече "тоа што ќе потсеќа на слилувачот, или па не е спремна да биде мајка, или е премногу млада не е причина за [бебето] да не се роди".

Од тука претпоставив дека мислиш на посвојување бидејќи, нели, сметаш дека дури и доколку жена забремени како резултат на силување (пенетрација со сила, без нејзина согласност) или пак станува збор за девојче кое забременило на својата полуматура и уште не ни знае каде во средно - дека детето треба да го задржи.

Не претпоставував, односно навистина се надевав, дека не предлагаш девојчето/девојката во било кој од случаевите да го задржи бебето и да се грижи за него. Никоја жена која се почитува себе си не би го задржала детето чиј татко е некој пореметен лудак кој не ни го знае. Самиот настан, самото силување е доживотна траума, а не пак секојдневен потсетник да имаш за тоа. Да не навлегуваме во генетика и што би можело тоа дете да наследи од својот татко-силувач.

И ни едно девојче, а воедно и ни една мајка која го сака и почитува своето дете, не би се согласиле со тоа девојчето да си го отфрли детството и да си го отфрли животот, поради тоа што направила грешка.

Од досада, хоби? До толку ли нејасно пишувам? Знам дека мајка се станува кога е најдобар момент но зборот ми беше кога е непланирана бременоста, едноставно се случила од x причини да не се откажуваме затоа што не сме спремни да бидеме родители.

Не дека нејасно пишуваш туку кажуваш работи кои ти паѓаат на памет без аргументи, без емпириски доказ, па пробуваш некако да се извлечеш. Но тоа не е битното.

За кои Х причини зборуваш? Не знам дали читаш што пишуваш. Кога е непланирана бременоста (најчесто во денешно време) се случила буквално затоа што не била планирана, не било предвидено дете, парот не користел заштита. И да, можеби доколку еден пар не е спремен не би требал да се откаже од детето. Можеби со тек на време ќе се навикнат.

А што ако не се навикнат? Што ако и понатаму не се спремни? Што ако никогаш не се спремни. Што ако детето расте и се развива во лоша околина, не се грижат за него. Со тек на време настапува неухранетост, хигиената се сведува на минимално ниво, можеби родителите се насилни. Што тогаш?

Мислам размисли малку пред да напишеш нешто. Не биди толку ограничена, не постои само право - има и лево, има и десно. Не одговарај само колку да не одиш против тоа во кое "веруваш", или да одиш контра на другите, дури и кога знаеш дека ќе кажеш нешто погрешно.

Прво и погрешна терапија може да те убие, а не само хируршките интервенции, но нели тука се збори за абортусот. Може да влијае на плодноста и те како, а посебно кој, каде и како го извршува. Еве пример не со абортус, а со пораѓај. Некоја жена се пораѓала со царски рез и овие (докториве) и заборавиле ножици во стомакот, во Македонија се има случено ова, а замисли што се не може да се случи при абортусот.

|-(|-(|-(

Со ова само го потврди тоа што го кажав, дека било каков хируршки зафат може да тргне наопаку, што може да биде по вина на самиот хируршки тим/хирургот, но може да биде и поради јавување на компликации кај пациентот. Кога папочната врвца ќе се замота околу вратот на бебето не е виновна ниту мајката, ниту таткото, ниту бебето, ниту докторот. Едноставно се случило, дошло до тоа. Треба да се гледа како да се поправи.

И веќе кога сме кај грешки - затоа луѓе се информираат, се распрашуваат околку кој-како работи, кој е најдобар. Има причина зошто луѓе препорачуваат доктори, хирурзи, итн. и зошто се доаѓа до коментари од тип на "Овој е најдобар" односно зошто одредени луѓе се стекнуваат со некаков кредибилитет.

Никој нема да отиде општо во болница, а не пак на породилно или пак да абортира во некоја болница/установа/клиника која нема никаков кредибилитет.

Инаку, во однос на ова со ножиците, најдов статија за како ова и се случило на девојка во Париз (при операција на желудник), меѓутоа не успеав да најдам ништо за случајот кој го наведе. Не ни знаев дека ножици се користат при цезарски рез, а и доколку се случило ова мислам дека би имало некакви информации.

Доколку имаш некакви извори во однос на тоа што го напиша би те замолил да ми ги пратиш по ПП, или слободно тука некаде стави ги.
 

Точка

Истакнат Член
20 декември 2013
41
69
318
Според мене, не се виновни децата за ништо. А во случај кога детето не е посакувано, подобро да се абортира, отколку да се роди, па цел живот да се чувствува запоставено, поттурнато, осудено, да му фали љубов, да му фалат родители. Девојката нема да абортира, раскинува со момчето брзо по бременоста, па планира откако ќе го роди детето да го остави во дом за сирачиња. Тоа поубаво ли е? Да биде оставено на милост и немилост... Или пак, во текот на бременоста се открива одредена аномалија кај плодот. Подобро ќе е да се роди детето, па цел живот да пати и тоа, и родителите? Или, девојката останува бремена откако била силувана. Да го роди тоа дете, за да има вечен спомен? Тоа дете среќно ли ќе биде, сакано? Испаѓа дека децата ќе бидат виновни, тие ќе се сносат со најголемите последици...
Мислам дека не е толку едноставно, да се каже против абортусот сум и толку. Разни ситуации има. Или пак, оние рекламите по телевизиите што се даваат... Се претставува абортусот како убиство, оние кои што се одлучиле за тоа се сметаат за злосторници - притоа занемарувајќи ги другите фактори.
Најпосле... зарем може да биде лесно за девојка/жена да абортира? Ама, штом се осмелила за таков чекор, сигурно си има свои, доволно силни причини, и мислам дека никој нема право да ја осудува, или пак да и забрани да донесува одлуки во свое име.
 

Violet

Полноправен Член
2 март 2014
32
40
18
40
рајска градина
Само во екстремни случаеви ако на детето судбината му е да биде растение иначе никако! Не треба да се бега од одговорноста, бебчето не е криво што некој не мислел и си терал ќеифот а дури и за силување ќе размислам, пак тоа дете не е криво за да не се роди. Жално ми е да згасне нечие срценце. Абортусот не е играчка па кој како му сака да си праве, незнам како размислувате така. :^)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Photographer