Некако се вртиме околу тоа што девојката сака, дали сака и колку сака. Прашањето на темата и воопшто на цело општество е дали да му се даде шанса на девојката да одлучи дали го сака тоа што ти го спомна или пак не е спремна нити свесна за родителската улога. И' даваш шанса?
Јас би и дала шанса секој има право да биде родител без разлика на околината што ги опкужува и без разлика на проблемите што ги имаат. Може на почетокот нема да биде баш упатена во таа родителска улога но ќе се научи и навикне никој не се родил учен. А ја да те прашам нешто еве не се дава шанса на девојката да роди и да стане родител бидејќи не е ни свесна ни спремна за тоа но после абортусот се јавуваат компликации и таа девојка веќе никогаш не може да има деца. Го оправдуваш овој избор со вакви последици?