Абортус: за или против?

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Ако не сакат деца треба без заштита да имаат односи ? Нека прават што сакаат кај мене у маало има 15 годишни девојчиња шо изгубиле невиност... За поголемки да не лафиме :x

Оној со висечки полов орган е тој што го облекува кондомот.
Кога ќе имаш секс ќе научиш.
 

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Eве ви ја вистината, кажано на најреален можен начин.
george-carlin.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Redhead and Outrider

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Повеќе сум против, а помалку сум за.
Секој има право да живее што би било кога нашите би решиле да не абортираат (мајка ми ја терале да ме абортира заборавив зашто, :) имам изгубено двајца браќа така) од таа гледна точка сум против но од друга страна ако се нема услови или вилијае на животот на мајката или па мајките се премногу млади или не доволно зрели за да се грижат за нивните деца подобро е да абортираат отколку да им го уништат животот праќајќи ги по домови каде што условите за воспитување на тие деца се на минимално ниво, а мали се шансите да бидат посвоени посебно со овие наши услови.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Реалноста е дека доколку јас сум физички и емоционално зрела и спремна, средена со кров над глава, финансии и (опционално) саглам дечко/сопруг со кој планирам фамилија, сигурно нема да посегнам по абортус.
Преретки се случаите што абортирале „од ќеф“ т.е. оти им се може и неќат обврски, а ко такви, па и воопшто не заслужуваат да бидат родители.
Било која друга причина е оправдана. Точка.
Едно прашање за сите оние што строго сте против, без разлика дали е од морални и/или религиски причини.
Да замислиме хипотетичка ситуација каде во недостиг на Х услови и под сплет на околности, детето кое сте се решиле да го сочувате, испадне деликвент кој си наштетува себе и на околината, или пак хомосексуалец по кој сте плукале цел живот. Ќе важат ли тогаш истите морални кодекси и Божји правила ко и за секој друг грешник, или во име на безусловната родителска љубов, ќе го поддржувате своето дете, погазувајќи го она зад кое сте стоеле порано?
Треба од многу аспекти да се размисли во каква заедница и како ќе го воспитаме и издигнеме детето, пред да се одлучиме да му подариме живот.
Не е само роди го за дедо Боже да не ти пише цртка во книжето или народот да не кажел нешто.
Ќе сме ја немале „Ода на радоста“ ако абортусот бил решение.
Пф, ама може па и Хитлер ќе го немавме.
 

Kalino.Mome

Полноправен Член
29 декември 2012
53
78
18
Реалноста е дека доколку јас сум физички и емоционално зрела и спремна, средена со кров над глава, финансии и (опционално) саглам дечко/сопруг со кој планирам фамилија, сигурно нема да посегнам по абортус.
Преретки се случаите што абортирале „од ќеф“ т.е. оти им се може и неќат обврски, а ко такви, па и воопшто не заслужуваат да бидат родители.
Било која друга причина е оправдана. Точка.
Едно прашање за сите оние што строго сте против, без разлика дали е од морални и/или религиски причини.
Да замислиме хипотетичка ситуација каде во недостиг на Х услови и под сплет на околности, детето кое сте се решиле да го сочувате, испадне деликвент кој си наштетува себе и на околината, или пак хомосексуалец по кој сте плукале цел живот. Ќе важат ли тогаш истите морални кодекси и Божји правила ко и за секој друг грешник, или во име на безусловната родителска љубов, ќе го поддржувате своето дете, погазувајќи го она зад кое сте стоеле порано?
Треба од многу аспекти да се размисли во каква заедница и како ќе го воспитаме и издигнеме детето, пред да се одлучиме да му подариме живот.
Не е само роди го за дедо Боже да не ти пише цртка во книжето или народот да не кажел нешто.
Ќе сме ја немале „Ода на радоста“ ако абортусот бил решение.
Пф, ама може па и Хитлер ќе го немавме.

Никој не сака да израсне деликвент. А деликвенти имало и ќе има, се раѓаат и во добро ситуирани и во сиромашни фамилии, и планирано и непланирано. Родителите треба да дадат се од себе за да воспитаат чесна личност, способна за нормално функционирање во општеството. Ако во таа мисија кикснат, сигурно нема да го поддржуваат, но нема ни да плукаат по него.
И хомосексуалци се раѓаат каде било. Јас еве можеби сега не гледам благонаклонето кон нив, ама времињата и ставовите се менуваат. Башка, моја крв ќе биде, многу тешко дека ќе го плукам. Исто не би сакала моето дете,на пример, да повторува години во средно, ама сигурно нема да се откажам од него ако тоа се случи.
Викаш Хитлер може ќе сме го немале, ама може и Рендген и Флеминг ќе ги немавме.

Инаку, јас не сум против абортус, ама сакав да одговорам. Една професорка од филозофски или правен, не знам точно, имаше напишано многу добро за ова, ама страв ми е да го ставам тука да не е со политичка содржина.
 

Mameha

Староседелец
9 јуни 2013
365
819
1,103
Вселената
Јас не сум против абртусот. На секој можи да му се случи да излези некоја грешка.
Или пак во семејства кои веќе имаат деца 2-3. Во денешно време кај со финанси не можиш да крајот да излезиш па уште и дете + ќе умреш за јадење.
 

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
Никој не ги тера женските да се е*ат без заштита ако несакаат деца... Е сеа кога станува случај за силувана жена тоа е оправдано.

36985999.jpg


Плитко. Тогаш значи штом ,,мажјакот" не носи заштита не е доволно зрел за да има сексуален однос, нели?
Двајцата треба да превземат подеднаква одговорност.

Да за абортусот како опција. Мое тело мој избор. Нејзино право - нејзин избор. Никој не абортира од милина. Лично јас не би абортирала што не значи дека друга девојка нема да абортира. Таа треба да живее со таа одлука цел живот, не јас.
Рестрикцијата на правото на абортус ќе придонесе само на поризични, илегални абортуси. Ништо повеќе.
 

the.boy

Истакнат Член
11 јуни 2013
68
72
318
42
Навистина не знам како некој може да си го довлечка носот до ова ниво. Јас никогаш не би гласал за абортус, ама уште помалку би осудил некого кој е за абортус. Причините се помалку битни.
Мислам дека политиката го губи рациото, и почнува да влијае на се. Пред извесно време почна камапња за раѓање на повеќе деца, и законот за абортус го сметам само комплементарен дел на претходно започнатата кампања.
Темата е ептен широка, но на кратко, доколку некој сака да го амортизира негативниот тренд на македонци во земјата во споредба со другите националности, треба да ги спречи младите да заминуваат од тука, а не да иницираат нови сирачиња, и како што вели ЛАКИ, да ги изложат жените на илегални абортуси и ризични потези по нивниот живот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Ме интересира нешто во поглед на новиот закон за абортус кој што е донесен деновиве.
Од како го погледнав видеово , постојано се зборува за брачниот другар на жената што се одлучила да абортира.
Но,забораваме дека живееме во време на хаос без присуство на никаков морал.
Што ако жената еве давам хипотетичка возраст од 25 год, има секс за една вечер и останува бремена.
Тогаш кој "брачен другар" ќе се извести?
Зошто по новиот закон докторот е должен да го извести таткото, во спротивно има казна во износ од 2000 до 3500 евра.
Кого да извести,кога не се ни знаат воопшто?
 

Mameha

Староседелец
9 јуни 2013
365
819
1,103
Вселената
Онај Тодоров си пати од умот дефинитивно :rolleyes: Не знае кој век сме или 21 век со 12 век го има спобркано...да можам да го сретнам в лице би го исплукала (punch)
Секој жена си одлучува дали ќе го роди детето или пак не, шо му е гајле на Тодоров нека си гледа таму кај него.
Па ситуацијава во нашава земја каква е не можи едно дете да прехранат со плативе, не пак се запнале трето дете, трето дете....а оти еве тие "паметните" не прават трето дете, тие се високи функционери, министри можаат да имаат и 10 деца, тие нека направат трето дете и четврто. И нормално дека поголем дел во државава би абортирале отколку да имаат трето дете, со шо ќе опстојува.
Не можам да ги сватам како можат да донесуваат некои глупи закони, што во поседно време немаат донесено еден закон како што треба....ако сакам ќе абортирам ако не сакам нема, од кај ја знае тој мојата сиуација каква е пак да одлучува во мое име.
А некои девојки над кое е извршено сексуално насилство и тие ќе треба да го родат тоа дете или пак да го барррат таткото да се консултираат со него ?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: the.boy