Љубовни проблеми

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Барам совет од вас, нз дали е грешката кај мене или кај другите. На 20 години сакам врска што ќе биде повеќе зезанција, прво другарство, па после врска, не само глумење брак. Она искачаме, се муваме, секс, најчесто да искачаме сами, а ретко кога со мое друштво или нејзино. Да се има слобода, а не после глава да боли како да раскинам ако не ми е убаво. Она вика дека не може кога сакам да раскинувам, ако не ти се допаѓа нешто одма да си ја фрлал. Нз стварно кај да ја гледам грешката. Совет?
 
Armagoddamn

Староседелец
28 октомври 2015
162
33
1,028
Имам симпатија, а можеби е и повеќе од симпатија, но тој има девојка. Вчера дознав дека сега се официјално во врска. Не знам што да правам... прв пат вака се чувствувам скршено, иако другарките ми помагаат и викаат дека треба веќе да го заборавам, не можам. Секој ден го гледам и не знам што да правам.

Дали вие постарите и поискусните би ме советувале нешто? :(
Ич да не му се секираш, ќе најдеш подобар.
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Не постои грешка. Барај и најди девојка што исто како тебе ќе гледа на вашето што и да е како зезанција, да сака да има слобода од тебе, да може да ти раскине кога сака ако нешто не и одговара во однос на тебе...
Најди таква личност и немаш проблеми - ќе уживате во заедничкиот договор за заедничко потрошено време во дружење, зезанции и секс... :)

П.С. Во иднина ќе може да глумете брак (не знам што ти значи точно тоа глумење брак) ако издржете заедно со оваа шема на врска...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Makedonec

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Барам совет од вас, нз дали е грешката кај мене или кај другите. На 20 години сакам врска што ќе биде повеќе зезанција, прво другарство, па после врска, не само глумење брак. Она искачаме, се муваме, секс, најчесто да искачаме сами, а ретко кога со мое друштво или нејзино. Да се има слобода, а не после глава да боли како да раскинам ако не ми е убаво. Она вика дека не може кога сакам да раскинувам, ако не ти се допаѓа нешто одма да си ја фрлал. Нз стварно кај да ја гледам грешката. Совет?

Изгледа женската сака посериозна врска и емоциоанален ангажман, ќе мораш да бараш некоја друга на која тие ствари не и се битни, некоја која само сака да се зајебава :kafe
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Makedonec

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Барам совет од вас, нз дали е грешката кај мене или кај другите. На 20 години сакам врска што ќе биде повеќе зезанција, прво другарство, па после врска, не само глумење брак. Она искачаме, се муваме, секс, најчесто да искачаме сами, а ретко кога со мое друштво или нејзино. Да се има слобода, а не после глава да боли како да раскинам ако не ми е убаво. Она вика дека не може кога сакам да раскинувам, ако не ти се допаѓа нешто одма да си ја фрлал. Нз стварно кај да ја гледам грешката. Совет?
20 години ли наполни дете ја те мислев уште 18. :zelen
Туку кажи ми човече на колку столчиња сакаш ти да седиш? На само едно и со него да си се мафташ насекаде или пак да си се местиш од едно на друго па на трето?

Во случај да си се одлучил да бидеш во врска со девојката и само со неа, многу правилен избор ти е тоа што сакаш да го задржиш и другарството т.е текот на врската да не се заснова само на лигавење туку голема улога да има и дружењето. Така многу подобро ќе се запознаете, плус ќе уживате во секој миг и ќе сфатите дали сте еден за друг или сепак не. Во овој случај грешката ни приближно не може да биде кај тебе.

А во случај да си се одлучил да се заебаваш со девојката, и времето поминато со неа да ти е чисто само ради тепање време или пошто си млад па ете билдање на искуство, а во позадна да си имаш уште две три такви девојки за секој случај, тогаш поарно и не почнувај ништо со неа туку послушај го Outrider и најди си некоја по твоите критериуми. А грешката не може да биде кај никој друг освен кај тебе и со тек на време ќе сфатиш зашто е кај тебе.

Мој совет би било да ја прашаш девојката што она сака и како го разбира т.е толкува тоа што го сака.
Пробај најди заеднички јазик, ако успееш чувај си ја, ако не има други. ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Makedonec and Outrider

Работата си го достигна максот. Ми кажа дека и сметало да искачам до другари, а посебно со другарки. Секое мое искачање со другарка она ми вика кој знае што сте правеле, може си ме изневерил, како да ти верувам дека не си. Јас и викам битно е човек да се дружи и дека мене не ми смета кога она искача со машки, она вика дека неа и сметало дури она само со женски искачала. Друго е тоа што не знае да се шали, најдобар совет го сфаќа ко ти не се мењаш за да биде подобро и се искача ко јас да сум крива.

Не сум некој кој сака да иде со 2 - 3 женски истовремено, но сакам слобода. Кон неа не осеќам некоја вистинска љубов, повеќе ко дружење ми е. Мислам на овие години треба човек да се дружи, да се забавува, да шета, да ужива, а она сака да команда со мене и да се изолирам од било какво друго уживање за мене, а тоа себе не си го дозволувам. Љубомората е болна работа.

Сакам слобода, сакам дружба, сакам уживање, сакам да нема ограничувања. Така да со оваа малку на дистанца ќе бидам, а изгледа ќе треба да се потрудам малку повеќе да најдам некоја како мене :D
 
Малку повеќе биди си на дистанца и доста повеќе потруди се да си најдеш некоја по нормална и не толку љубоморна :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Makedonec