Љубовни проблеми

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,330
3,019
1,133
Ништо посебно, ретко кој е расположен да трпи хистерични испади и често одлучува да подлаже за да ги избегне.
Значи нема апсолутно никаков проблем кој произлегол од пафкањето, освен изнуденото ветување за кое се сомневаш дека го прекршил.
Освен ако не е од богата фамилија, и тоа синче на транзициски олигарх левел (со оглед на возраста не верувам дека заработува доволно пари за кока) изјавите за наводно користење кока се само фалбаџиство.

Не се исушува човек ниту од трева ниту од наводна кока. Од хорс да. Но јавањето коњ не може да се сокрие така да ништо и од тоа. Можеби се работи за болест, има иљада болести кои предизвикуваат губење тежина.

Ако сметаш дека не можеш да егзистираш со некој лик само затоа што повремено користи трева, раскини му, не го мачи човекот за баналност, утре ќе дојдат сериозни предизвици во животот and there will be italian stratigic retreat at hand.



Титова пионерка ? :) Челична крила наше армије...
И шо со тестот? Има лимит до кога уназад пафнал за да тоа биде покажано на тест а и не значи ништо за во иднина.
Изведување на прав пат :patos По што заклучи дека е на крив пат? Тоа е таа женска игра на Его буст, `jake go napraam covek`...

П.С.
Наша омладина у раљама наркоманије.
Браво погоди , растев во тоа време....
Прав или крив пат секој според своите убедувања и гледања. Дрога како стил на живеење не ми е многу јасен за мене...
Во секој случај благодарам што ме потсети на младоста...
 
  • Like
Реакции: Outrider

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,050
6,674
1,153
Big Sur
Prodigal son, во случајот partner муабетот...
Какви шанси, какво заслужување? Кој проблем што го загрижува партнерот освен морално просветителскиот?
П.С. Да напоменам дека и алкохолот е дрога но повремено користење се зема како здраво за готово. Со друштво во кафич, пред кооперација, за роденден или слава или чисто онака... Орвел друже нема спас со перцепцијава на рајата...:D нелегален наркотик е дрога, легален наркотик е не-дрога. Ако на ова се надоврзе фактот дека повременото користење алкохол е далеку поштетно отколку она на трева...well...
Престојувањето во планинските висини на лажната моралност делува разорно на перцепцијата, веројатно е поради разредениот воздух таму...
А ти очекуваш да го тапша по рамо на секој испад поради коментари на анонимци од форум што ѝ ја покажале светлината?
Морално-просветителски или не, поентата е дека девојчето не бара совет како да забремени за да ја венча, и не е наше да исмеваме и меѓусебно да го тераме муабетов дали ние сме против пушењето трева или земање кока...или фанта и што ти знам таму.
Ако го гледаш изложувањето на проблемот ко морално-просветителски, да те потсетам дека истото го правиш заземајќи слободоумно-просветителска функција „Trafa Je Ok“ кон секој што не дели исто мислење. :biggrin Ко да видиш, сејм шит, ама риврзд. Deal with it, некому едноставно му пречи.
Мене највеќе во приказнава ми пречи тој женски-полов-орган синдром на типот да цимоли секогаш кога ќе наиде на негодување за она што го прави и да лаже и дава ветувања што не може да ги исполни. Подобро да ја седне и да ѝ објасни зошто не се откажал тогаш кога ветил (по n-ти пат), па да знае девојкава што да очекува и како да влече конци, отколку да изиграва бегалка од проблемите, па потоа да се лигави кога ќе се осети загрозено.
Без разлика на основата, таквото однесување за да задржиш некого е бедно, себично и незрело, и не ми делува баш ко слика за здрава, искрена врска.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
4,725
5,266
1,183
Disco
Браво погоди , растев во тоа време....
Прав или крив пат секој според своите убедувања и гледања. Дрога како стил на живеење не ми е многу јасен за мене...
Во секој случај благодарам што ме потсети на младоста...
It`s more the mindset than anything else.
Денешната младина пуши трева, титовата израснала со став за тревата како од наведениот пропаганден филм рифер маднес :)
Пафнување од време на време не е стил на живеење како што пивнување одвереме навреме па и начукување за нова година или рандом ивент не е алкохолизам.

А ти очекуваш да го тапша по рамо на секој испад поради коментари на анонимци од форум што ѝ ја покажале светлината?
Морално-просветителски или не, поентата е дека девојчето не бара совет како да забремени за да ја венча, и не е наше да исмеваме и меѓусебно да го тераме муабетов дали ние сме против пушењето трева или земање кока...или фанта и што ти знам таму.
Ако го гледаш изложувањето на проблемот ко морално-просветителски, да те потсетам дека истото го правиш заземајќи слободоумно-просветителска функција „Trafa Je Ok“ кон секој што не дели исто мислење. :biggrin Ко да видиш, сејм шит, ама риврзд. Deal with it, некому едноставно му пречи.
Мене највеќе во приказнава ми пречи тој женски-полов-орган синдром на типот да цимоли секогаш кога ќе наиде на негодување за она што го прави и да лаже и дава ветувања што не може да ги исполни. Подобро да ја седне и да ѝ објасни зошто не се откажал тогаш кога ветил (по n-ти пат), па да знае девојкава што да очекува и како да влече конци, отколку да изиграва бегалка од проблемите, па потоа да се лигави кога ќе се осети загрозено.
Без разлика на основата, таквото однесување за да задржиш некого е бедно, себично и незрело, и не ми делува баш ко слика за здрава, искрена врска.
Испад? Јас колку што сфатив таа правела хистерични испади.
Ако повремено користење на трева е испад тогаш не знам. Низоземска у паклу дроге.
Муабетов не го сметам за ограничен на дотичниот случај за кој бараше совет членката туку повеќе е општа ситуација која постои во библиската земја на хунзите. Поширока проекција.

Тревата е ок во иста мера во која и алкохол и други наркотици се ок. Све е до корисникот. Тука би ја вметнал и храната чија злоупотреба (ради задоволство) коси милиони раја годишно.

Проблемот и е поставен морално просветителски. Како што беше соопштено, типот немал апсолутно никакви последици од тревата ниту врз себе ниту во врската.
Зошто и сметало не беше објаснето. Тоа е ирационално и нема никаква легитимност. Каприц.
Кои проблеми? Нема проблеми освен замислени, а и ти го повторуваш истото поради неинформираност.
Да ја седне и да и објасни? Да не е со специјални потреби па не сфатила дека ликот тоа го прави ради задоволство? Ќеиф.
Грешка е што давал ветувања ради `мир у кучи`. Тоа што ликот треба да го направи е да и каже дека нема намера да се откажува од свое задоволство кое не штети никому - заради каприц. Ок, тука се емоциите во прашање, но се е тоа банално и незрело. Ако наводната љубов нејзина кон него е толку слаба што не може да пројде преку една таква баналност... но тоа е тоа, веројатно се работи за незрели особи.

Чисто за пример, претпоставувам дека присутниве на темава си потпивнувате, онака рекреативно, што значи користите дрога рекреативно, викенди, друштво, празници, родендени, онака за ручек за чист ќеиф.... е сега замислете некој/а да ве уценува да прекинете пошто во спротивно ќе ви раскине?! Вино за вечера? Збогум !:)
Ne e isto brad travata te nosi na konj answers loading...
 
  • Like
Реакции: Prashina and parvati

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
5,996
9,627
1,683
Normandy
Outrider, сосема те сфаќам што сакаш да кажеш. Отвори ја темата за марихуана па види ги мислењата и ќе ти стане јасно. Поентата е сосема друга. Во конкретниот проблем е покрај тоа што он пафка, рекол дека зима и кока. Зошто тогаш тоа би го рекол? Зошто истотака како што ти викаш, би рекол дека ќе се откаже за да има мир у кучи? Значи оди од една крајност во друга, што за мене е се` ама не сериозно. Нејзе посекако и остануваат двата избора - или ќе прифати, или ќе го отпише. И соодносот е дека повеќе ќе остане со него, чим еднаш ради жалење му се вратила. Башка се 4 години. Навика. Единствено во оваа крајност, крајот ќе биде кога се` ќе пукне и ќе се спомнат мајки шајки и инволвираат можеби повеќе личности. Она ако навистина и пречи марата и гледа дека не може да смени ама апсолутно ништо, полесно и` е да го откачи. Вака или онака ќе биде етикетирана, така да тука има само бирање на помалото зло - да се извади од оноа што го смета за лошо влијание. А се` што е планина која не може да се премости, подобро е да се сврти налево круг и воопшто да не се труди. Сепак нејзин живот си е нејзин живот и право како сака да го живее. Етикетите вака и онака следуваат, ма колку и да се прави фин човек.
 
  • Like
Реакции: Electra and Prashina

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,050
6,674
1,153
Big Sur
...
Ne e isto brad travata te nosi na konj answers loading...
IVAN ISCELITEL GO PREDVIDE ODGOVOROT. SVECKITE MEDIJUMI JA PRENESOJA VESTA. CITAJTE I SRECEN DEN..............
Не мешај сеа кој од нас што прави, само за да докажеш поента. Јас потполно те разбрав, но, на конкретнава тема, од нула интерес (ми) се ставовите околу марихуаната и не знам зошто упорно мене се обидуваш да ми докажеш дали е или не е океј и во која количина, кога всушност јас тој дел го исфрлив уште на почеток и се фокусирав на незрелоста и самосожалувањето како проблеми што ја разјадуваат врската, немој и ти со селективно читање.
Наместо да споредуваш со алкохол и храна, спомни ја некаде и коката. А што со тоа?
Ко да ја кривиш само неа што не го прифаќа, а зошто и тој не го прифати нејзиниот став, па да се разделат ко луѓе, барем дури да разбистрат глави кој од кого и што бара/сака? Тука би се видела целата зрелост, ама наместо тоа, имаме збунето девојче за кое ќефот на дечкото претставува проблем, и имаме дечко што се вади со цмиздрење зашто му стиска да се откаже од едно. Незрело и од двете страни, ама сигурно нема ставот да се смени после неколку прочитани мислења. Карактерно си е. Кој си лаже и цимоли за да стигне до нешто, тоа го прави без разлика на ситуацијата, кому му сметаат баналности, му сметаат и се буни.
Лоша е таа спојка на карактери. Посебно во кревки години.
Ќеф...некому ќеф и стил му е да депилира гради и да ги топори во V маичка. И тоа никому не штети, па пак не спречува негодувања и превртени очи, зашто едноставно се работи за ставови. Така да, дури не седнат без хистерии и самосожалувања да размислат во која насока би се движеле доколку барем едниот од нив (не) смени став и се жртвува за врската, другите (несакани) решенија се познати.
Девојчево ќе се омажи, ние нема да стигнеме да се докажеме. :frantic
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
4,725
5,266
1,183
Disco
Alahe moj dragi, Krishna utjeho moja, mocni Posejdone...:kafe

Не се работи за форумската членка и нејзиниот проблем per say туку како што реков воопштеност на таа проблематика, дали ќе се омажи или не или ќе го прочита ова е сосема небитно, се работи за форум на кој се дискутира на одредена тема и се даваат мислења, може да се продолжи и во друга тема. Сериозно, нечие мислење на форум некој очекува да смени нешто, некаде? Rly?

Муабетот околу тревата и алкохолот е да се направи разлика меѓу рационален и ирационален став, бидејќи се перцепира како проблем.

Она што не го разбираш е следново :

Ограничувањето на нечија слобода да прави она што му е задоволство (а притоа да не штети никому) е израз на потреба за доминација. Многу честа појава во женскиот свет, за жал. Без разлика за што станува збор. Макар и за фантазии за кока. После првото попуштање (ете во случајов прекинува веднаш со `дроги`), ќе следи нова игра каде ќе и смета нешто друго, па трето и сето тоа по пат на емоционална па дури и сексуална уцена. Треба да се бега од такви особи, посебно ако покажуваат такви одвратни особини уште на релативно рана возраст.

П.С. Иван по дома да ти левитира.:facepalm2
 
  • Like
Реакции: Prashina

AnGelgirl24

Нов член
16 јули 2013
29
17
3
Во последно време сум многу депресивна..што повеќе и повеќе се разочарувам од се околу мене .. конкретно сега..љубов .. 2013 ми беше баксузна година..изгледа и оваа така ќе биде..и нешто ми пошло со врски на далечина .. уште па и во хороскоп прочитав ..следи врска на далечина..-.-
Прво .. летоска.. фатив “дечко“ далеку околу 3000/4000 км од тука и бевме демек скоро 6 месеци заедно .. повеќето време преку интернет, за жал .. на вибер..скајп..блабла..кога прв пат го видов..осетив нешто што најверојатно беше “љубов на прв поглед“..ии така..кога заминав од таму .. со месеци само пишував со него .. се затворив дома..со месеци немав излезено..иако претходно дома не се прибирав .. ми ги кажуваше најубавите зборови кои некогаш сум ги слушнала..ме будеше..“заспиваше“..секој ден .. дури ме викна да живеам со него..само..неможев да прифатам .. после..требаше да дојде тука..ама немаше доволно финансии..ии така замина дома..уште 5000км подалеку .. требаше да ми пише кога ќе стигне..ама го немаше .. помина месец..два..три..звонев по аеродроми ..глупости..кај татко му..пријатели..сегде.. него го немаше..претходно “случајно“ дознав дека имал жена и дете..а он имаше само 22г. и ок ми призна..и не му се налутив затоа што беше уште почеток на се меѓу нас .. а он со неа као не е веќе затоа што додека он бил на работа бил со други..блабла .. и ок..помина тоа..и дури 2-3 месеци откако исчезна..кај неа на профил видов слика со него.. ии после она ми пиша..300 глупости .. помина..месец .. и он ми пиша..не планирал да излезе така..секоја секунда мислел на мене..ме сакал..и пак изчезна..-.- .. затоа што беше поминато време .. јас запознав некој друг..што на почетокот ми беше одвратен х)..ама несвесно..почнав многу да мислам на него .. и излегов со него .. и он исто е далеку од мене..околу 2000км.. и овој исто ми ветуваше.. кога се вратив дома продолживме по нет.. и наеднаш исчезна..иии една заедничка пријателка ја замолив да го праша што е проблемот..и он и рекол дека се плаши да не се заљубам во него и да ме повреди..а не сакам и него да го изгубам..на некој начин..ми е утеха за се претходно(иако сеуште сум заљубена во првиот..) и не сакам да сум со никој друг .. извинете за рефератов..ии се надевам може да ми дадете некој совет..:/
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
5,996
9,627
1,683
Normandy
data... data... data...

и не сакам да сум со никој друг .. извинете за рефератов..ии се надевам може да ми дадете некој совет..:/

И самата во моментот знаеш што сакаш така да не можеме да ти дадеме било каков совет.
 
  • Like
Реакции: AnGelgirl24 and Prashina