Љубовни проблеми

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Не е баш толку лесно да се отстрани за што сведочи се поголемата бројка дебели луѓе заедно со пропратните здравствени проблеми. Треба голема воља и за тоа. И јас не замислив некој кој што треба со дизалица да го дигнат од кревет и да го срушат ѕидот за да го изнесат од собата, како што има случаи во САД, just an assumption of overweightness... нормално и тоа не е некоја причина за паника но често е сериозен проблем кој се изгнорира бидејќи е социјално прифатлив. Останува прашањето за тоа какво влијание би имала тревата врз една врска.
Јас колку што гледам онаа што праша не беше толку многу загрижена за тревата колку за кокаинот и за тоа дали и колку партнерот ја лаже. Многу погрешно ја протолкувавте нејзината цел.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco

Како што кажав имам дечко, 4 години сме заедно, happy in love, но имаме еден проблем со кој се мачиме повеќе време. Кога почнавме со врската тој беше буцко-срцко(дебелко сакам да кажам), а сега е исушен, а единствена причина(според мене) е што користи дрога, односно марихуана.Е сега имавме многу расправии во врска со таа тема "марихуаната" и тој вети дека ќе ја откаже. Порано ми кажуваше кога пушеше, а јас збеснував како животно и сега или прекина со користење или прекина да ми кажува. Но уште едно нешто што ме мачи е тоа што има користено и кокаин, неколку пати, според тоа што тој го кажува.

Јас колку што разбирам најмногу и смета марихуаната, тој не ја лажел, знаела дека пафка а почнал да крие за да не се замара со хистерични реакции...
Сепак мислам дека се работи за феноменот на женската потреба за `менување` на партнерот, да го `спаси` и избави од најчесто замислен проблем...
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Не е баш толку лесно да се отстрани за што сведочи се поголемата бројка дебели луѓе заедно со пропратните здравствени проблеми. Треба голема воља и за тоа. И јас не замислив некој кој што треба со дизалица да го дигнат од кревет и да го срушат ѕидот за да го изнесат од собата, како што има случаи во САД, just an assumption of overweightness... нормално и тоа не е некоја причина за паника но често е сериозен проблем кој се игнорира бидејќи е социјално прифатлив. Останува прашањето за тоа какво влијание би имала тревата врз една врска.

Не дека си во право за дебелината, но пак ќе се сложам и тука со Existence дека таа е далеку полесно решлива и неретко само со автосугестија може да помине, за разлика од дрогата која треба неретко совет од стручно лице, па потоа мерки на апстиненција. Диетите денес скоро секаде ги стекнуваш и ако сериозно сакаш да се нафатиш, можеш со мала консултација од лекар, неколку крвни прегледи и потоа преписка на режим на исхрана да успееш да ја совладаш тежината, да оформиш тело. За второво потегнува консултација и режим за целиот тек на денот а не само режим на 2 часа каде ги трошиш на исхрана. Значи тоа е „мекото“ решение. Покомплексното е кога човек завршува во институција за корисници на дрога.
Да не се повторам, ова зборам ако се работи за сериозен проблем околу дрогата. Марата може но и не мора да повлече сериозен проблем. Но најчесто повлекува со тек на време.
 
Then again there are so few џанаци and so many дебели... wonder why?
Немам статистики но не може да се употреби поимот `често` во смисол на трансфер на повемени корисници на трева во џанаци. Алкохол - можеби...
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Then again there are so few џанаци and so many дебели... wonder why?
Немам статистики но не може да се употреби поимот `често` во смисол на трансфер на повемени корисници на трева во џанаци. Алкохол - можеби...

Само таму алкохолот не е проблем.
А ако сметаше као општо 1st world problem тогаш да. И статистички алкохолот растур прави. Но за тоа не е темава - вадење статистики туку е тоа дека дечково пафка - признал за кокаин - сето тоа нејзе и пречи. Од што е дебел?, како да ослабе?, мислам дека полесно би го решиле они тој проблем отколку конкретниов.
 
Donna

Нов член
24 јануари 2014
6
5
3
29
Значи луѓе, мене не ми е толку голем проблем што е слаб(и не беше ДЕБЕЛ, ептен дебел) но сега е ептен слаб, значи добро тоа не е проблемот. Проблемот е што не можам да му верувам! И не, не влијае тоа на него лошо(барем колку што јас знам и гледам). Не ме изневерува, не ме малтретира, ништо од горе наведеното. Целиот проблем е што тој мене ми ВЕТИ, ми се заколна дека веќе нема да ги прави тие работи, не само поради мене туку и од дома му зборат и многу други причини. Јас сакам кога некој ќе вети нешто, да го исполни истото. И сега ние постојано се расправаме за тоа "ти мене ми вети, а уште правиш, бла бла бла". И да се разбереме, јас не сум СИГУРНА дека уште го прави тоа, само МИСЛАМ. Како што напишав и погоре, му кажав за да направиме испитувања и тој ми кажа дека се согласува од одма. Немаше уцени, немаше молење и слично. Е сега тоа што ми смета мене дрогата, да ми смета затоа што според мене тоа е нешто лошо(затоа е и забрането) и едноставно не сакам да бидам со човек што го прави тоа. Не сакам ни да му раскинам затоа што не сум 100% сигурна. Во овој случај проблемот сама си го правам, но ете не сакам да се измачувам, да си мислам, да не му верувам..А и уште ова да го кажам. Еден период не бевме заедно(3-4 месеци) и од кога почнавме пак тој ми вети исто така дека нема дроги, нема такви глупости и после еден месец јас дознав дека цел тој месец тој си пушел,си пушел,си пушел. Можеби и тоа е причината што не му верувам.
Благодарам на сите за советите. :*

Абе точно е тоа што викаш за прифаќањето... Но ете ти го кажав ставот според оноа што таа го пиша. А тоа е -
1. Тој пафка
2. и` признал дека користел кокаин
3. Нагло ослабел

Чисто од мара, сумњам дека ова се дешава. Можда еве рецимо точка 2 и 3 се измислени од неа за да и` кажеме дека точка 1 не е во ред. Така си прави само погрешно наведување.
Компромис каде неговиот живот се сведува на консумација на наркотични средства? Немој да ми кажеш дека еве во еден момент стапуваш во врска со некој тип, па поминува време и тој се навлекува на мара па од таму на кокаин, па на што ти уште не. И ти од страна да седиш рамнодушно и да викаш компромиси си се компромиси. А не дај боже и во таа состојба во која е тој посоти огромен ризик и таа да биде оштетена, дали преку болест или психолошко малтретирање. Денес тој можда е само на џоинт и на кока од време на време, но утре што ќе биде?
Се` што кажувам го кажувам врз база на нејзиното изнесување тука, ако е 100% така како што е. За некои работи компромиси треба да земе токму онаа страна која ги доведува работите во ризик. Во спротивно таа губи.
Само твоето мислење ќе го цитирам затоа што гледам дека размислуваш на можноста јас да лажам. Јас немам потреба да лажам по форуми затоа што ми смета што дечко ми пуши трева и користи кокаин. Зошто би лажела? И мене многу повеќе тешко ми падна кога тој ми кажа дека има користено кокаин неколку пати, одколку за тревата. Сега ако тој ме излажал дека го има направено тоа неколку пати, е тоа не знам. Во право сте сите што кажавте, но ете јас сум таква личност и не можам да го прифатам. Подобро би била сама одколку во таква врска, еден вид измачување за мене. Затоа побравам совет што да направам или што би направиле вие во истата ситуација. А не излажав ништо.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin and Prashina

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Сепак мислам дека од нас ко да бараш да ти потврдиме дека ќе престане со дрогите ако (повторно) му дадеш шанса.
А одговорот го знаеш, само некоја нишка тук и таму те спречува да го реализираш.

Самосожалувањето чуда прави. Неколку солзи, патетична приказна и празни ветувања - и паѓаш во истиот круг повторно и повторно.
Ако ме прашуваш мене, затвори врата и фрлај клуч. Можеби себично, ама па посебично нешто од играње на карта на патетика поради немоќ (читај: несакање) да се постигне нешто со дела, нема. Па ти напрај си ја математиката. :)
Поддржувам давање нови шанси, ама истите треба да се заслужат. Со што твојов типац ги заслужил тие шанси, а не било на основа на самосожалување?
Може ти е тешко да согледаш поради емоционалната приврзаност, но од објективна гледна точка, дури и кога ќе ги тргнеме дрогите, некој во кој не може да се има доверба и кој лаже(л) за проблем што партнерот го загрижува, е огромно црвено светло. Немаш ни 20 години, а веќе долго време си приврзана за еден, бесмислено ќе е од нас да очекуваме поинаков став и размислување, ама знам дека и сама знаеш за подобро, не?

И дај бе луѓе...што подразбирате под компромис во случајов?
Во согласност со членот 35 од 24тиот устав на Р.М., граѓанинот ХХХ потпишува договор дека ќе консумира наркотични супстанци само во понеделник и четврток?
Не можам да ви објаснувам сега, сфатете го. :D
 
Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Направете ги тестовите за дроги, и ако е чист, обидисе да ја спасиш врската. Но, ако сеуште користи билокаква дрога, а нормално дрогата ти смета, тргни се од таа врска. Си дала шанси колку што си мислела, но сега не се измачувај. Колку и грозно сето ова да звучи, не се залажувај дека ќе го спасиш и ќе го извадиш на прав пат....Премногу е секогаш да мислиш дали те лаже или не, дали е дрогиран или не, ....
Прости, но тоа е реалноста...
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Значи луѓе, мене не ми е толку голем проблем што е слаб(и не беше ДЕБЕЛ, ептен дебел) но сега е ептен слаб, значи добро тоа не е проблемот. Проблемот е што не можам да му верувам! И не, не влијае тоа на него лошо(барем колку што јас знам и гледам). Не ме изневерува, не ме малтретира, ништо од горе наведеното. Целиот проблем е што тој мене ми ВЕТИ, ми се заколна дека веќе нема да ги прави тие работи, не само поради мене туку и од дома му зборат и многу други причини. Јас сакам кога некој ќе вети нешто, да го исполни истото. И сега ние постојано се расправаме за тоа "ти мене ми вети, а уште правиш, бла бла бла". И да се разбереме, јас не сум СИГУРНА дека уште го прави тоа, само МИСЛАМ. Како што напишав и погоре, му кажав за да направиме испитувања и тој ми кажа дека се согласува од одма. Немаше уцени, немаше молење и слично. Е сега тоа што ми смета мене дрогата, да ми смета затоа што според мене тоа е нешто лошо(затоа е и забрането) и едноставно не сакам да бидам со човек што го прави тоа. Не сакам ни да му раскинам затоа што не сум 100% сигурна. Во овој случај проблемот сама си го правам, но ете не сакам да се измачувам, да си мислам, да не му верувам..А и уште ова да го кажам. Еден период не бевме заедно(3-4 месеци) и од кога почнавме пак тој ми вети исто така дека нема дроги, нема такви глупости и после еден месец јас дознав дека цел тој месец тој си пушел,си пушел,си пушел. Можеби и тоа е причината што не му верувам.
Благодарам на сите за советите. :*

Само твоето мислење ќе го цитирам затоа што гледам дека размислуваш на можноста јас да лажам. Јас немам потреба да лажам по форуми затоа што ми смета што дечко ми пуши трева и користи кокаин. Зошто би лажела? И мене многу повеќе тешко ми падна кога тој ми кажа дека има користено кокаин неколку пати, одколку за тревата. Сега ако тој ме излажал дека го има направено тоа неколку пати, е тоа не знам. Во право сте сите што кажавте, но ете јас сум таква личност и не можам да го прифатам. Подобро би била сама одколку во таква врска, еден вид измачување за мене. Затоа побравам совет што да направам или што би направиле вие во истата ситуација. А не излажав ништо.

Ништо посебно, ретко кој е расположен да трпи хистерични испади и често одлучува да подлаже за да ги избегне.
Значи нема апсолутно никаков проблем кој произлегол од пафкањето, освен изнуденото ветување за кое се сомневаш дека го прекршил.
Освен ако не е од богата фамилија, и тоа синче на транзициски олигарх левел (со оглед на возраста не верувам дека заработува доволно пари за кока) изјавите за наводно користење кока се само фалбаџиство.

Не се исушува човек ниту од трева ниту од наводна кока. Од хорс да. Но јавањето коњ не може да се сокрие така да ништо и од тоа. Можеби се работи за болест, има иљада болести кои предизвикуваат губење тежина.

Ако сметаш дека не можеш да егзистираш со некој лик само затоа што повремено користи трева, раскини му, не го мачи човекот за баналност, утре ќе дојдат сериозни предизвици во животот and there will be italian stratigic retreat at hand.

Направете ги тестовите за дроги, и ако е чист, обидисе да ја спасиш врската. Но, ако сеуште користи билокаква дрога, а нормално дрогата ти смета, тргни се од таа врска. Си дала шанси колку што си мислела, но сега не се измачувај. Колку и грозно сето ова да звучи, не се залажувај дека ќе го спасиш и ќе го извадиш на прав пат....Премногу е секогаш да мислиш дали те лаже или не, дали е дрогиран или не, ....
Прости, но тоа е реалноста...

Титова пионерка ? :) Челична крила наше армије...
И шо со тестот? Има лимит до кога уназад пафнал за да тоа биде покажано на тест а и не значи ништо за во иднина.
Изведување на прав пат :rofl По што заклучи дека е на крив пат? Тоа е таа женска игра на Его буст, `jake go napraam covek`...

П.С.
Наша омладина у раљама наркоманије.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Donna

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Сепак мислам дека од нас ко да бараш да ти потврдиме дека ќе престане со дрогите ако (повторно) му дадеш шанса.
А одговорот го знаеш, само некоја нишка тук и таму те спречува да го реализираш.

Самосожалувањето чуда прави. Неколку солзи, патетична приказна и празни ветувања - и паѓаш во истиот круг повторно и повторно.
Ако ме прашуваш мене, затвори врата и фрлај клуч. Можеби себично, ама па посебично нешто од играње на карта на патетика поради немоќ (читај: несакање) да се постигне нешто со дела, нема. Па ти напрај си ја математиката. :)
Поддржувам давање нови шанси, ама истите треба да се заслужат. Со што твојов типац ги заслужил тие шанси, а не било на основа на самосожалување?
Може ти е тешко да согледаш поради емоционалната приврзаност, но од објективна гледна точка, дури и кога ќе ги тргнеме дрогите, некој во кој не може да се има доверба и кој лаже(л) за проблем што партнерот го загрижува, е огромно црвено светло. Немаш ни 20 години, а веќе долго време си приврзана за еден, бесмислено ќе е од нас да очекуваме поинаков став и размислување, ама знам дека и сама знаеш за подобро, не?

И дај бе луѓе...што подразбирате под компромис во случајов?
Во согласност со членот 35 од 24тиот устав на Р.М., граѓанинот ХХХ потпишува договор дека ќе консумира наркотични супстанци само во понеделник и четврток?
Не можам да ви објаснувам сега, сфатете го. :D

Prodigal son, во случајот partner муабетот...
Какви шанси, какво заслужување? Кој проблем што го загрижува партнерот освен морално просветителскиот?

П.С. Да напоменам дека и алкохолот е дрога но повремено користење се зема како здраво за готово. Со друштво во кафич, пред кооперација, за роденден или слава или чисто онака... Орвел друже нема спас со перцепцијава на рајата...:D нелегален наркотик е дрога, легален наркотик е не-дрога. Ако на ова се надоврзе фактот дека повременото користење алкохол е далеку поштетно отколку она на трева...well...
Престојувањето во планинските висини на лажната моралност делува разорно на перцепцијата, веројатно е поради разредениот воздух таму...