Сепак мислам дека од нас ко да бараш да ти потврдиме дека ќе престане со дрогите ако (повторно) му дадеш шанса.
А одговорот го знаеш, само некоја нишка тук и таму те спречува да го реализираш.
Самосожалувањето чуда прави. Неколку солзи, патетична приказна и празни ветувања - и паѓаш во истиот круг повторно и повторно.
Ако ме прашуваш мене, затвори врата и фрлај клуч. Можеби себично, ама па посебично нешто од играње на карта на патетика поради немоќ (читај: несакање) да се постигне нешто со дела, нема. Па ти напрај си ја математиката.
Поддржувам давање нови шанси, ама истите треба да се заслужат. Со што твојов типац ги заслужил тие шанси, а не било на основа на самосожалување?
Може ти е тешко да согледаш поради емоционалната приврзаност, но од објективна гледна точка, дури и кога ќе ги тргнеме дрогите, некој во кој не може да се има доверба и кој лаже(л) за проблем што партнерот го загрижува, е огромно црвено светло. Немаш ни 20 години, а веќе долго време си приврзана за еден, бесмислено ќе е од нас да очекуваме поинаков став и размислување, ама знам дека и сама знаеш за подобро, не?
И дај бе луѓе...што подразбирате под компромис во случајов?
Во согласност со членот 35 од 24тиот устав на Р.М., граѓанинот ХХХ потпишува договор дека ќе консумира наркотични супстанци само во понеделник и четврток?
Не можам да ви објаснувам сега, сфатете го.