Јас никаде не реков дека од марихуана се умира Само реков дека штом користи и кокаин, кога и кажал и видел реакција, дека многу веројатно е да користи и нешто друго а не и кажува.
Секако дека човекот не го направив најстрашен наркоман.
Знаеш, ќе земам една паралела. Еве изневерување да речеме. На некоја не и смета дечкото да и "шврља" наоколу, се дури се враќа кај неа на крај. Јас ова не би можела да го замислам. Еднаш да замине со некоја друга и толку, тоа е крајот. И не, не се правам силна, сум раскинала голема љубов заради оваа причина. Истово и со марихуанава. Некому му смета, конкретно и јас сум на исто мислење со девојчево. Ако неа и смета, не треба само да седи и да молчи.
Не знам, се изместија некако границиве на она што е нормално. Знам дека денес пушењето марихуана не е којзнае каков проблем, ете и легално го направија, ама има луѓе на кои им смета. И уште еднаш повторувам, иако и јас не би можела да одам со некој кој пуши марихуана, не ги сметам луѓето што пушат за наркомани, пропалици и не знам што не таму
Зависи, јас имам слушано од најмалку 30-40 души дека имале пробано кокаин а во реалноста најблиску до кокаин биле кога гледале на нешнл џиографик емисија за Колумбија... незрели муабети во стилот `ja brat so arkan tikvi sadef ne znaes ti koj sum ja`.
Кокаинот е најскапа дрога и имање на кокаинска навика е можна само со поседување на огромни своти пари. Пример имам читано дека многу добитници на лото на запад стекнале таква навика. Сомнителен исказ во секој случај... фалбаџиско срање на задоцнети адолесценти. Од друга страна пак можно е и да шмрка линии којзнае...
Повременото користење на трева не е никаков проблем, доколку не се работи за сериозно лабилна личност. Прејадувањето и бидувањето дебел е сериозна пречка во животот и здравствен ризик кој е неспоредливо поголем од тревата. Да истрча 200м ќе го стрефи нешто. Притисок, ризик од дијабетес, терет на зглобовите па пробеми со истите и све и свашта.
Изневерувањето го поведува партнерот, емотивно. Изневерувањето е предавство кое може да повлече разни други срања. Се прекинуваат планови за заедничка иднина, ако пак се работи за брак и деца - може да страдаат децата, разводи, насилство...
Пушењето трева - не го повредува партнерот. Што значи тоа `и смета`? Мирисот (ако пуши веднаш до неа), смеењето, правењето шеги?! Ако некој каже дека нешто му смета а не каже причина зошто - се работи за ирационална особа.
Користењето марихуана не е воопшто некаква нова мода или пошаст модерног доба. Дружењето на човекот со канабисот започнал уште пред да постојат држави, граници, закони... и продолжува и понатаму. Нелегален е некои 60-70 години, пред тоа за цело време на постоење на човекот бил сосема легален. Во овие краишта најпопуларен бил опиумот, го користеле масовно/цело село со векови ...