Па од арно никој не бега, освен ако има некое пореметување на перцепциите за прави вредности.
За ова болдираново да си кажам што имам...
Можеби немале да си дозволат да имаат на мени поховани очи од еднорог, или девици да им ги чешлаат ресите од тепихот, ама имале многу повеќе од она што го имаме денес. Зборам секако за просечните, нормални македонски семејства, не за лоповите и преку ноќ збогатени газди.
Мојата генерација е растена во транзиција и додека моите баба и дедо со една плата можеле да си дозволат да изгледаат три деца, да ги нахранат, облечат, школуваат, однесат на одмор на море, моите родители со една плата сега прават списоци левел: нуклеарна физика, како да ги подмират основните потреби на двочлено семејство...
Било подобро, не за џабе уште чуваат слики од Тито по ѕидовите
Социјалниот притисок бил многу помал во секој случај што значи дека социјалната сигурност била поголема.
Бегале и од Југославија, но не во толку голем број колку што бегаат сега, иако имале подобри можности за бекство. Пасошот им овозможувал бевизни патувања со децении а дури имало и договори со заводот за вработување за носење на работници во Германија и други земји.
Може само да се претпостави колку луѓе би останале тука кога би ги имале истите опции. Веројатно ќе останат само пензионерите и администрацијата.
За генерациите растени во транзицијата подобро да не почнуваме, и јас спаѓам во нив