Смртна казна

Воведување смртна казна во Македонија?


  • Вкупно гласале
    64

iva89

Полноправен Член
27 февруари 2012
76
75
18
не сваќај буквално 1 година!.... може и доживотно ако силувал дете!!!
А која е поентата на доживотниот затвор, кога ги имаат истите права како и др затвореници, не се лишени ама баш од ништо, а што е најбитно никогаш не лежат доживотно, што ке ги помилуваат,што ке им ја намалат казната ради добро однесување и ајмо јово на ново силување, убивање !
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: InnaLaurie

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
А која е поентата на доживотниот затвор, кога ги имаат истите права како и др затвореници, не се лишени ама баш од ништо, а што е најбитно никогаш не лежат доживотно, што ке ги помилуваат,што ке им ја намалат казната ради добро однесување и ајмо јово на ново силување, убивање !
тоа ти е исто како да ти речат која е поентата на смртната казна - кога и она ќе го спасиш од злоделата што ги направил.
 

ScoobyDoo

Староседелец
17 февруари 2012
417
709
1,103
За смртна казна... Која е поентата да се досуди доживотен затвор... Смртна казна за најтешки дела како убиство, сериски убиец, педофил, силувач... Само смртната казна треба да се спроведе на некое јавно место на пример на плоштад, за да видат сите кој е како е, и што е човекот кој ја заслужил и за што ја заслужил.. После ова другите ке се замислат малце...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Black Mamba and InnaLaurie

iva89

Полноправен Член
27 февруари 2012
76
75
18
тоа ти е исто како да ти речат која е поентата на смртната казна - кога и она ќе го спасиш од злоделата што ги направил.
Мислам дека тие немаат никакви чуства, тој и 100 години да живее пак нема да му е криво и да размислаува за тоа што направил и зашто направил, најчесто тие луѓе се психопати и кај нив не помага ни рехабилитација, ни ништо едноставно тие и додека се во затвор размислуваат како пак да го направат тоа, тоа им е како храна, задоволство, уживаат додека го прават тоа.Затоа мислам дека за нив не вреди доживотен затвор!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mila Kunis and InnaLaurie

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,068
113
Скопје
www.statik-group.com
Насловот кажува се.. Дали сте за или против смртната казна? Ке ве замолам да образложите. Ова ми е за проект за матура, па сакам да спроведам анкета на овој форум, ако темата смета слободно канта.

Како прво секој човек има право на живот.Без разлика дали тој човек одземал нечиј живот.
За тоа си има казнено поправна установа- затвор.
Друга причина заради која што сум против смртната казна е тоа што повеќе би сакал тој што одземал човечки живот да го мачам 30 години во затвор (ресоцијализација) или учење на своите грешки на потешкиот начин.
Ако ти го убиеш тој педофил/манијак/убиец многу ќе му ги скратиш маките.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: InnaLaurie and ГоспоТ

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Мене овде ме интересира како тоа оправдувате „законско“ убивање? Па нели велите дека никој убиец не треба да живее? Како тогаш „законските убијци“ не се убијци и заслужиле да живеат? Колку се безгрешни тие што ќе му досудат смртна казна некому за да можат да судат некому?
 

Baronessa

Истакнат Член
13 февруари 2012
541
751
93
Los Angeles!
А која е поентата на доживотниот затвор, кога ги имаат истите права како и др затвореници, не се лишени ама баш од ништо, а што е најбитно никогаш не лежат доживотно, што ке ги помилуваат,што ке им ја намалат казната ради добро однесување и ајмо јово на ново силување, убивање !
мислев доживотна самица!
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Што ќе кажете на ова бе пријатели ?! :cenzura

КИДНАПИРАНА И ЅВЕРСКИ ИЗМАЧУВАНА МАЛОЛЕТНИЧКА ОД ШТИП
Средношколка еден месец била во кома, дрогирана и изгорена
Седумнаесетгодишна ученичка минатиот месец била грабната на улица од тројца нејзини сограѓани, кои ја дрогирале и се изживувале врз неа, па кога девојката паднала во кома, ја фрлиле на улица. Еден месец по грабнувањето, кога малолетничката се освестила и ја напуштила болницата, заедно со нејзината мајка случајот го пријавиле во полиција, по што биле уапсени С.Џ. ( 23), Д.Ј. ( 20) и Е.Д. (20), со кои се познавала.
Како што дознаваме, двајца од уапсените одрекувале дека ја грабнале и ја малтретирале малолетничката. За разлика од нив, пак, С.Џ. признал дека тој со шприцови $ вшприцувал на девојката некаква течност, без да открие за каква супстанција се работи, од која девојчето речиси еден месец било во кома.
Настанот се случил на 17 февруари, околу 8 часот, на улицата Страшо Пинџур, кога киднаперите сопреле со автомобилот и со сила ја внеле девојката внатре, по што еден од нив и` ги врзал рацете за седиштето. Потоа почнале со ѕверското измачување. Додека двајца ја тепале и од нејзиното голо тело ги гаселе цигарите, третиот со два шприца, наизменично, и` вшприцувал некаква течност. За сето време од ѕверското измачување, за да не бидат откриени и да не се слуша гласното викање за помош од девојчето, во нивниот автомобил трештела турбо-фолк музика.
Од мачењето и од течноста која и` била вшприцувана во едната рака и во бутот, девојката не издржала, и се онесвестила.
Исплашени да не им умре на раце, тие во близина на нејзиното училиште ја исфрлиле од автомобилот, и заминале. Онесвестеното девојче како лежи на асфалтот покрај улицата го забележале минувачи, и веднаш било однесено во Штипската , а оттаму во Скопската клиника каде што, по речиси едномесечна терапија, се освестила. Вчера, кога излегла од болница, заедно со мајка и` го пријавиле случајот во полиција.
Извор: www.vest.com.mk
 

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
Ќе кажат дека и тие тројца што и го направиле имаат право на живот, никој не смее да им го одземе... се додека тие психопати шетаат по улица и може ова истото да им го направат на нивните блиски... И после зашто луѓето ја земале правадата во свои раце, е зашто де?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: InnaLaurie and Black Mamba

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
31
Струмица
Што ќе кажете на ова бе пријатели ?! :cenzura

КИДНАПИРАНА И ЅВЕРСКИ ИЗМАЧУВАНА МАЛОЛЕТНИЧКА ОД ШТИП
Средношколка еден месец била во кома, дрогирана и изгорена
Седумнаесетгодишна ученичка минатиот месец била грабната на улица од тројца нејзини сограѓани, кои ја дрогирале и се изживувале врз неа, па кога девојката паднала во кома, ја фрлиле на улица. Еден месец по грабнувањето, кога малолетничката се освестила и ја напуштила болницата, заедно со нејзината мајка случајот го пријавиле во полиција, по што биле уапсени С.Џ. ( 23), Д.Ј. ( 20) и Е.Д. (20), со кои се познавала.
Како што дознаваме, двајца од уапсените одрекувале дека ја грабнале и ја малтретирале малолетничката. За разлика од нив, пак, С.Џ. признал дека тој со шприцови $ вшприцувал на девојката некаква течност, без да открие за каква супстанција се работи, од која девојчето речиси еден месец било во кома.
Настанот се случил на 17 февруари, околу 8 часот, на улицата Страшо Пинџур, кога киднаперите сопреле со автомобилот и со сила ја внеле девојката внатре, по што еден од нив и` ги врзал рацете за седиштето. Потоа почнале со ѕверското измачување. Додека двајца ја тепале и од нејзиното голо тело ги гаселе цигарите, третиот со два шприца, наизменично, и` вшприцувал некаква течност. За сето време од ѕверското измачување, за да не бидат откриени и да не се слуша гласното викање за помош од девојчето, во нивниот автомобил трештела турбо-фолк музика.
Од мачењето и од течноста која и` била вшприцувана во едната рака и во бутот, девојката не издржала, и се онесвестила.
Исплашени да не им умре на раце, тие во близина на нејзиното училиште ја исфрлиле од автомобилот, и заминале. Онесвестеното девојче како лежи на асфалтот покрај улицата го забележале минувачи, и веднаш било однесено во Штипската , а оттаму во Скопската клиника каде што, по речиси едномесечна терапија, се освестила. Вчера, кога излегла од болница, заедно со мајка и` го пријавиле случајот во полиција.
Извор: www.vest.com.mk



За овие треба доживотен затвор, и да се мачат таму, но не и да се убијат... ние немаме закони, тоа ни е проблемот нам, во странство да видиш дали така ќе прави од кога ќе излезе од затвор нема ни да помисли а не да направи, ама таму знаат што и како треба да се прави... Имав една прилика да одам во еден затвор во соседната ни земја и знаете што им прават ги мачат, тепаат со пендраци ги малтертираат... само таму има закон, не е збркано како кај нас тука
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ГоспоТ