Смртна казна

Воведување смртна казна во Македонија?


  • Вкупно гласале
    64

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
во ред ке си дискутираме:)
не сум за од циста причина дека ние лугето кога ни се дава право на еден прст после одма посегнуваме по цела рака...ете тоа ми е само една од причините плус зошто сум против...еве и уште една,ете да речеме лично ти си во некоја порота и гласаш за некого за смртна казна и човекот е погубен,после 3 години се воспоставува дека тој бил невин...што тогаш?..јас лично сум против ради многу причини и покрај тоа што има доста причини и да сум за,но немозам да сум за​
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue and Ghtalpo

Black Mamba

Активен Член
6 март 2012
121
125
43
Се тоа стои, али овде не се прави муабет за тоа дали доказите биле компромитирани, издржани или реални. Туку дали воопшто треба да постои смртна казна.
Нели е погрешно да се размислува - страв ми е да не згрешам, па затоа нема ништо да направам?
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Ако постои прашањето дали треба да постои,образложуваме односно дискутираме зосто мислиме дека треба да постои и зошто мислиме дека не треба да постои...односно дискутираме:)така да јас си образожив ради кои причини неможам ни да помислам дека треба да постои...неможе да имаме мислење без да размислиме на последиците...бар јас неможам
 

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
Ништо не е измешано ...
Кој ке одлучи за таа смртна казна ? Која ке биде процедурата ?
Значи мора се да се помине преку суд, за да се стигне на бесилка ... не може некој преку ноќ дома да ти дојде и да ти каже: Дечко ајде на ликвидирање !!!
- чекајте бе малце, не оди тоа така ... си имам и јас мој права, треба да се појавам пред суд, да го кажам мојот став ...
нели ?
Никој нема преку ноќ да дојде и да ти каже: друже крив си ајде на бесилка... си има истражна постапка, докази, вештачење, сведоци, психијатриски наод. Кој ќе одлучи за таа смртна казна? Судот. Затоа што судот ја претставува правдата и волјата на народот. Затоа на секоја пресуда од било кој суд стои дека ја донесува следната:
ПРЕСУДА
ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

А дека на 2 милиони граѓани им стало до животот на некој психопат, кој силувал, крвнички убивал, се обидел да и наштети на државата и безбедноста не ми се верува. Подобро е да го нема отколку тие 2 милиони луѓе од свои џеб да даваат пари за некое такво ѓубре да си го прчи у затвор, да дила дрога и да постои можност да избега и секако пак да го повтори делото. Зашто се тоа е потребно кога може најелегантно да се реши? Не мора да биде мачен или не знам што, нека го успијат со инексија најбезболни и аста ла виста, see ya in hell...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mila Kunis and InnaLaurie

Black Mamba

Активен Член
6 март 2012
121
125
43
Ако постои прашањето дали треба да постои,образложуваме односно дискутираме зосто мислиме дека треба да постои и зошто мислиме дека не треба да постои...односно дискутираме:)така да јас си образожив ради кои причини неможам ни да помислам дека треба да постои...неможе да имаме мислење без да размислиме на последиците...бар јас неможам

А што би било ако се изгласа закон за смртна казна и онда рапидно се намали бројот на убиства? И тоа е последица, размислувај за тоа
 

mAcIkA

Истакнат Член
14 февруари 2012
382
516
393
Супер баш го погоди делот каде што ми одговара највеќе:)
Не знам колку си читала или пратела ама баш овој случај е еден од најконтраверзните и докажува колку некогаш некои институции знаат да закашкаат некои работи.
Да се вратиме малце наназад,пред него имаше случај каде што неколку млади луѓе се изживуваа врз еден старец на најгрозоморен начин и беа обвинети на доживотен затвор (плус препишувајќи им убиство кое се бранеа дека не го сториле) за понатака да се испостави дека воопшто не го имаа сторено.
90 посто да се правилно обвинети за тие 10 посто е секогаш неправедно.
Претпоставувам дека давење во кофа со вода е еднакво на смртна казна:)
Третиот дел во овој филм(поделен е некако на три дела кога го гледаш) ти е за тој од Кичево и баш ми е мило да пресудиш ти како судија дали заслужил или не смртна казна (се надевам го немаш гледано овој филм)?

Јас не сум судија за да донесувам одлуки и да судам..Филмот го немам гледано,можеби ке го гледам,а тоа дека здрав човек може да се удави во кофа со вода НИКОГАШ нема да ми е верно..И како што кажав погоре мислам дека има луѓе кои заслужуваат смртна казна...
 

Baronessa

Истакнат Член
13 февруари 2012
541
751
93
Los Angeles!
Да бидеш мачен, сечен дел по дел,да вриштиш од болка а тој да ти се смее и на крај да бидеш убиен мислиш дека не е лошо дело??? Според тебе ваквиот убиец каква казна заслужува, 1 година самица???
не сваќај буквално 1 година!.... може и доживотно ако силувал дете!!!
 

InnaLaurie

Истакнат Член
12 март 2012
281
322
363
31
На некој пуст остров
Доживотно ретко им даваат на педофили, за нив најмногу до 25 год. А пак + за добро однесување кога ги помилуваат лежат до 10-15. И ајде пак на слобода...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: iva89

iva89

Полноправен Член
27 февруари 2012
76
75
18
не сваќај буквално 1 година!.... може и доживотно ако силувал дете!!!
A која е поентата на доживотниот затвор, само бесплатна храна и сместување..и тие ги имаат истите права како и др затвореници, имаат посети, имаат право надвор да излезат да прошетаат и на крај ке им ја намалат казната што поради добро однесување, што ќе ги помилуваат и ајмо јово на ново ке силуваме, ке убиваме!