Смртна казна

Воведување смртна казна во Македонија?


  • Вкупно гласале
    64

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Јас би ги казнувала на ист начин на стореното дело. Силувал, ќе бидел силуван. Мачел, ќе биде мачен. Убил, ќе биде убиен.
Дали после убивање на убиец ти нема да станеш убиец па да треба и тебе да те убие некој?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky and lady_blue

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Дали после убивање на убиец ти нема да станеш убиец па да треба и тебе да те убие некој?



Доколку јас го донесам тој закон, да, ќе станам убиец на некој начин, но радо, некои луѓе заслужуваат да бидат убиени.
 

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
31
Струмица
Против, бидејќи секој човек има право на живот, а ние сме демократска држава и никој не може да ти го одземе правото на живот и слобода... може некој човек што има извршено некое тешко кривично дело, да се свести и да се смени, никогаш не можеме да знаеме... Затоа подобро е доживотен затвор, и таму да го мачат, ќе му исплатат за се... тоа му е многу потешка казна, од онаа смртната
 

iva89

Полноправен Член
27 февруари 2012
76
75
18
Не си ти никој и ништо за некому да судиш и одземаш живот, немаш никакво право да ги зацрниш неговите најблиски! ниедно дело не е толку лошо за мајчини солзи да го исплатат!
ако некој педофил силува мало девојче, пикни го у самица цела година со по една корка леб и вода, па ќе видиш!
има милион начини за казна! или пак некој убиец, прати го да копа камења на 40степени!....
со смртта само ќе го ослободиш! така да СТРОГО ПРОТИВ!
Да бидеш мачен, сечен дел по дел,да вриштиш од болка а тој да ти се смее и на крај да бидеш убиен мислиш дека не е лошо дело??? Според тебе ваквиот убиец каква казна заслужува, 1 година самица???
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Black Mamba

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Наместо одговор сакам секој да го погледне внимателно овој филм па да се врати на темава
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky

mAcIkA

Истакнат Член
14 февруари 2012
382
516
393
филмот гледан ми е неколку пати и навистина ми е :( ама тука се работи за нешто друго,човекот не е представен како ладнокрвен убиец и некој што ја заслужил казната што ја одлежува,мислам дека темава зборува дека треба да има смртна казна за тешки престапници на законот..Како на прмер тој што силуваше незнам таму Кичево каде беше..За таквте треба да има смртна казна и тоа без двоумење,не бесилка електрични столови и којзнае таму шо како пред 100 години..Инекција една и чао пријатно..Секако одобрено со законот..можеби на некој ке му текне да подразмисли пред да прави секакви злоставувања..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: InnaLaurie

Black Mamba

Активен Член
6 март 2012
121
125
43
Сеа малку ги измеша работите. Не е тука зборот за правосудството, туку за смртна казна.


Онтопик: Јас сум против, зашто не го гледам тоа како казна туку како благодет за тешки криминалци. Пример јас убивам едно 10 луѓе и ме фаќаат ме пикаат у затвор и ми велат „Досудена ти е смртна казна“. Па тоа би ми дошло ко кец од ракав. Нема да морам да размислувам што сум сторил и какви последици ќе трпат фамилиите, како им било на жртвите во моментот кога знаеле дека ќе умрат и ја гледале сопствената смрт, дали можеби не требаше да го направам тоа и сл. туку едноставно ќе ме треснат со една инекција и ќе си умрам среќен и задоволен. Додека доживотна робија е нешто друго. Јас тешки криминалци би ги измачувал бре, како психички така и физички. Да зажалат што помислиле да направат такво нешто, има крв да плукаат и да молат за смртна казна.


Поентата е тоа што социопати кои извршуваат 10 убиства не размислуваат на таков начин. Не ги интресираат фамилиите, оперирани се од грижа на совест, а помислата како им било на жртвите во времето на убиството - за нив претставува извор на задоволство, во некои случаи афродизијак, чувство на контрола и изигравење Бог. Таквите се ценат себеси до точка на лудило и затоа смртната казна Е начин да се справиш со нив. Тука нема лечење, нема можност за рехабилитација - нема поента да живеат.
 

Black Mamba

Активен Член
6 март 2012
121
125
43
кои сме ние да судиме кој заслужил да живее а кој не,против сум се разбира.
само еден одредува кој колку ке живее.


Ако под „само еден“ мислиш на Господ, онда изглеа он бил зафатен дента кога, рецимо Тед Банди решил да го мења.

Убиства се дешаваат и тоа не само кога Господ ќе реши, туку и секојдневно, од страна на индивидуи кои шетаат по земјава и на најгрозоморни начини. Никој не вика дека за секое кривично дело казната треба да биде смрт, ама за некои - и те како треба
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Како на прмер тој што силуваше незнам таму Кичево каде беше..
Супер баш го погоди делот каде што ми одговара највеќе:)
Не знам колку си читала или пратела ама баш овој случај е еден од најконтраверзните и докажува колку некогаш некои институции знаат да закашкаат некои работи.
Да се вратиме малце наназад,пред него имаше случај каде што неколку млади луѓе се изживуваа врз еден старец на најгрозоморен начин и беа обвинети на доживотен затвор (плус препишувајќи им убиство кое се бранеа дека не го сториле) за понатака да се испостави дека воопшто не го имаа сторено.
90 посто да се правилно обвинети за тие 10 посто е секогаш неправедно.
Претпоставувам дека давење во кофа со вода е еднакво на смртна казна:)
Третиот дел во овој филм(поделен е некако на три дела кога го гледаш) ти е за тој од Кичево и баш ми е мило да пресудиш ти како судија дали заслужил или не смртна казна (се надевам го немаш гледано овој филм)?