Што ќе кажете на ова бе пријатели ?!
КИДНАПИРАНА И ЅВЕРСКИ ИЗМАЧУВАНА МАЛОЛЕТНИЧКА ОД ШТИП
Средношколка еден месец била во кома, дрогирана и изгорена
Седумнаесетгодишна ученичка минатиот месец била грабната на улица од тројца нејзини сограѓани, кои ја дрогирале и се изживувале врз неа, па кога девојката паднала во кома, ја фрлиле на улица. Еден месец по грабнувањето, кога малолетничката се освестила и ја напуштила болницата, заедно со нејзината мајка случајот го пријавиле во полиција, по што биле уапсени С.Џ. ( 23), Д.Ј. ( 20) и Е.Д. (20), со кои се познавала.
Како што дознаваме, двајца од уапсените одрекувале дека ја грабнале и ја малтретирале малолетничката. За разлика од нив, пак, С.Џ. признал дека тој со шприцови $ вшприцувал на девојката некаква течност, без да открие за каква супстанција се работи, од која девојчето речиси еден месец било во кома.
Настанот се случил на 17 февруари, околу 8 часот, на улицата Страшо Пинџур, кога киднаперите сопреле со автомобилот и со сила ја внеле девојката внатре, по што еден од нив и` ги врзал рацете за седиштето. Потоа почнале со ѕверското измачување. Додека двајца ја тепале и од нејзиното голо тело ги гаселе цигарите, третиот со два шприца, наизменично, и` вшприцувал некаква течност. За сето време од ѕверското измачување, за да не бидат откриени и да не се слуша гласното викање за помош од девојчето, во нивниот автомобил трештела турбо-фолк музика.
Од мачењето и од течноста која и` била вшприцувана во едната рака и во бутот, девојката не издржала, и се онесвестила.
Исплашени да не им умре на раце, тие во близина на нејзиното училиште ја исфрлиле од автомобилот, и заминале. Онесвестеното девојче како лежи на асфалтот покрај улицата го забележале минувачи, и веднаш било однесено во Штипската , а оттаму во Скопската клиника каде што, по речиси едномесечна терапија, се освестила. Вчера, кога излегла од болница, заедно со мајка и` го пријавиле случајот во полиција.