Не сум за смртна казна, зашто некогаш и невини луѓе се казнети по грешка..
Меѓутоа постои дозивотна казна затвор, и плус како додаток на тоа нека има ќотек три пати на ден
на пример за педофилите зборам , тиа заслужни се за тоа...
еве некои факти за смртна казна.
Бројот на извршени смртни казни во светот речиси се удвоил, а Кина води со речиси две третини од вкупно извршените егзекуции, велат од Amnesty International.
Во својот годишен извештај, тие наведуваат дека во 2008 биле погубени 2390 луѓе, од кои дури 1718 (или 72%) биле егзекутирани во Кина; додека во 2007-та биле погубени 1252.
8864 луѓе во 2008 година биле осудени на смртна казна, за разлика од 3347 во 2007-та.
Како позитивна вест се наведува дека само 59 држави ја задржале смртната казна, и дека само неколку од нив и навистина ја спроведуваат.
Од Amnesty International, исто така, велат дека за казните како што се обезглавување, каменување до смрт или усмртување со струја нема место во дваесет и првиот век.
Три земји во 2008 година ја укинаа смртната казна. Тоа се Аргентина, Чиле и Узбекистан.
Белорусија е единствената европска земја која сè уште ја спроведува.
Од дваесет и петте земји кои ја спровеле смртната казна во 2008, Кина е најригорозна. Ви извештајот се вели дека властите од Кина користеле смртоносна инјекција и стрелање во најмалку 1718 егзекуции. Официјален Пекинг никогаш не објавува податови за извршените смртни казни. ќ
САД се наоѓаат на шестото место во светот по бројот (37) на спроведени егзекуции на осудениците.
Други земји во кои најчесто се извршува смртната казна се Иран (346), Саудиска Арабија (102), Пакистан (36) и Ирак (34).
Либерија ја воведе најстрогата казна за извршување грабежи, тероризам и грабнување.
Од земјите од нашето соседство, Албанија ја укина смртната казна во 2000 година, Босна и Херцеговина во 1997, Хрватска во 1990, Грција во 1993, Србија во 2002, Бугарија во 1998, Црна Гора во 2002.
Од европските земји, Австрија ја укина во далечната 1950, Данска во уште подалечната 1933, Финска во 1949, Франција во 1981, Германија во 1949, Норвешка во 1905, Швајцарија во 1942, Холандија во 1870, Исланд во 1928, Шведска во 1921, Шпанија во 1978, Словенија во 1989, Португалија, во 1867 година, додека Сан Марино, се чини, најрано, во1848.
Македонија ја укина во 1991 година.