Мене па баш ми е убав овој нов дизајн.
Малку ја скрши монотоноста на форумот, добро би било кога би било достапно и во темна верзија но па и вака не е лошо.
За да се привлечат нови членови и за да се задржат старите потребно е да се направи некоја промена, па и да не е својствена за форумот, а привлечна за луѓето.
Еве размислете малку facebook како социјална мрежа пред да го воведе чатот не беше ништо повеќе од другите социјални мрежи што тогаш се користеа, со воведување на чатот како и понатамошно подобрување на веб страната, се искачи на многу висока позиција.
Да не ме разберете погрешно, не ми е зборот да воведете чат туку да размислите малку што би можело да биде тоа што би било привлечно за луѓето, а да може да се вметне во форумот.
Ако ете не можете да дојдете до некоја идеја, направете една анкета и пуштете ја по социјалните мрежи па самите луѓе ќе кажат што е тоа што би ги привлекло и што е тоа што би ги задржало кај форумите.
Замисли го моето мислење, како што сме ја замислиле анкетата.Ајде да замислиме дека има таква анкета и ете сега треба ти да одговориш...Кое е твоето мислење!?
Мислев дека ќе ми дадеше потешка задача за да мислам, а твојов одговор кажува дека немаш никаква идеја...Затоа, еве јас ќе кажам, барем нешто нели, значи секој што ќе се регистрира и не постира мислење или не отвори тема во рок од месец дена( може и два или повеќе месеци), да се избрише од листа на членови.Замисли го моето мислење, како што сме ја замислиле анкетата.
Убава идеја, ете гледаш не било тешко да се размисли. Доколку би имало анкета и ти би ја напишала оваа идеја, таа би била една од многуте што можат да помогнат за подоброто функционирање на форумот. Не гледам тука ништо спорно ни неостварливо што би можело да наштети на форумот со една обична анкета.Мислев дека ќе ми дадеше потешка задача за да мислам, а твојов одговор кажува дека немаш никаква идеја...Затоа, еве јас ќе кажам, барем нешто нели, значи секој што ќе се регистрира и не постира мислење или не отвори тема во рок од месец дена( може и два или повеќе месеци), да се избрише од листа на членови.
гледам овде нови членови а се регистрирале пред пет шест години, фигурираат на форумов а немаат ниту една буква куцнато.
Ете тоа е моето мислење, ако веќе дојдам на форумов, барем и да пишам нешто..инаку коњчето Дорчо, твојата идеја нема врска, сулуда неостварливаи мислам дека ти можеш подобро да замислиш, само потруди се малку
нема потреба за коментирање(можеби ако направиш анкета па тек тогаш да размислам)Убава идеја, ете гледаш не било тешко да се размисли. Доколку би имало анкета и ти би ја напишала оваа идеја, таа би била една од многуте што можат да помогнат за подоброто функционирање на форумот. Не гледам тука ништо спорно ни неостварливо што би можело да наштети на форумот со една обична анкета.
И јас секако би дала свое мислење и ќе дадев да не пристапи толку грубо и иритирачки.
Но во ред секој си има свој начин на изразување, јас пример таквите груби пристапи не ги толерирам и се оградувам од било какви одговори.