Па сите си одат као нешто увреџени, снегулки кои се топат
или као немаат време (освен за чекирање на секои 5мин. на ФБ, Твитер или Инстаграм или пишување на некој друг форум итн. не дека нешто као го намалиле значајно времето кое го минуваат на нет или Јутјуб пак играње игрици на ПЦ) како да живне форум кога скоро сите се на штрек да не случајно биднат увреџени, ко оние спринтери на 100м коа се на стартна линија.
Е сега ок, имало и ќе има и стварно увреди, но може да се извинат луѓе едни кон други, да се помират и тоа е тоа, зошто да не, секому може да се случи да употреби груб збор или поим на кој не му е место, за жал, сепак зад никовите и аватарите стојат живи луѓе кои можат да погрешат.
Не знам за тебе, ама што имам слушано од луѓе дека им досадило нет, не им верувам баш, стварта е во тоа која платформа ја претпочита човек, мене оваа ми е најдобра, ФБ ми е срам што во меѓувреме станав присутен на тоа срање од мрежа, малку сите турци, малку силом прилика, има стабилен чат ако ништо друго, а Твитер...имам доволно самопоштовање да не одам на тоа орвелијанско ѓубре од мрежа.
Не гледам рационална причина зошто повторно форумов не би заживеал.
Ирационални, има многу