А има ли некоја дефиниција за врска? Има некои правила?
Секоја врска си е приказна за себе...
Секоја е врска е онаква каква што ќе си ја направат тие двајца...
Се` зависи од нив...од нивните желби, потреби, од она како ќе си се договорат...
Врската не е и не треба да биде шаблон...или да се одвива онака како што очекува околината...Напротив, треба да тече како што му одговара на нив двајца...
Има 1/8, 1/4, 1/2 врска и целосна врска. Не може да биде фул врска онаа каде што партнерите не знаат на пример како мириса вецето после вршење голема нужда од страна на едниот партнер, а тоа се постигнува само со заеднички живот
Лесно е пола ден за викенд да се набаци добра облека, да се одглуми ако има потреба нешто, да се напраи филм, затоа имаме и такви осмина врски, често завршуваат за кратко време. Кај вецето нема лага
Порано немало такви ствари, се знаело дојде времето 15-20 години и тоа е тоа, дали биле таксани, дали поинаку биле договорени од породица, дали профи шемаџии договориле или инаку. Денес е транзиционо време во тој поглед низ цел свет, улогата на заедничкиот живот поради потомство и породица иако сеуште број еден се заменува со други улоги.
Изминатава недела се раскаравме за се ова што тука го пишувам, за се отворено зборевме. Јас дури работите низ шала и ги кажувам, а она сериозна ми кажува како не сум во право и не сум можел во врска да правам што сакам. Кажуваше како некогаш е нервозна поради проблеми од работа, факс и дома, ја советував и кажувам млада е, да де опушти, но она тоа не го сфаќа, јас сум бил тој што неќел да се промени, не сум бил сериозен.
Вечерва изгледа се заврши. Самата вика веќе немала да дава никој да ја заебава, јас се неа сум ја кривел, па нашето тука заврши, секој по свој пат со се најубаво си посакавме.
Може ова премногу не ме погоди, но осеќам некое измачување на душата. Нешто како океј веќе не морам да ја гледам, ама бар уште еднаш да ја видев. Некаде длабоко и скриено во мене тешко ми падна.
Девојката ќе ја видиш за пар години со количка во која турка бебе
ете и сам викаш, работи и оди на факс, значи за нејзини години е прилично сеериозна, нејзе и е изгледа целта јасна и одлучно сака да се посвети на тоа, значи сериозна врска, брак, деца, имот...
Немаш мака, се случува и тоа, breakdown in communications