http://www.advocate.com/politics/ma...why-gay-couples-dont-divorce-straight-couples
https://www.psychologytoday.com/blo...elationships-can-be-more-stable-straight-ones
подобро ? извини ако е така шо гледаш ''добро'' во животите на геј лугето ? не си ни малце во право -.- помисли на секунда,барем на секунда како ти си еден од тие... знаеш ли колку е тешко да живееш во сенка ? да се криеш бидејки оној онде ке те навреди,или онаа онде ке ти се исмејува. секако дека не знаеш,неможеш ни да имаш представа како е. Колку расипани луге имало во Македонија што дури ми е срам да кажам дека живеам во неа.
Пошто имам многу блиска особа, близок роџак кој е бисексуално настроен и пошто го знам цел живот што се вели - познати ми се проблемите и дилемите кои произлегуваат од склоноста кон, во случајов двата пола, најстрого чуваната тајна во пошироката фамилија и фактот што никогаш нема да `излезе од плакарот`...
Иако сум за целосно прифаќање на рајата со алтернативни сексуални склоности па дури и да имаат можност за официјализирање на партнерство - мора да се каже дека проблемите колку што произлегуваат од неприфаќањето на околината (во помал дел) толку произлегуваат од самата природа на хомо/бисексуалноста.
Може слободно да се каже дека се работи за проблем, нема врска со класичните психички болести, повеќе со оние `новите` зависностите како наркоманија, алкохолизам, коцка...затоа што постои патолошки, манијакален промискуитет и од него произлегуваат купови проблеми, од СПБ до депресија до суицид и многу други срања. Најтешки случаи тука се баш бисексуалците кои колку што можам да заклучам према роџаков на периоди им се пали привлечноста кон жени а на периоди кон мажи, пропаднати врски, раскинати веридби (како еден `колега` на роџаков) разводи, пренесување СПБ на женска/сопруга, двоен живот, лаги и превари...
Зависни се од секс, сериозно пореметени се во тој поглед до степен кој тешко постои дури и кај најзапален стрејт манијак или најтежок случај на нимфо-бештија, а тоа како шо кажав повлекува куп проблеми. Исто како и кај џанакот кој е на игла, алкосот кој тера една флаша на ден, пушачот кој ја отвара четвртата кутија, рандом лик кој прокоцкал куќа...
На обичните гејеви им е полесно, барем знат на што се (can`t help the pun, sorry
)