Хомосексуалност

Elence

Полноправен Член
13 февруари 2012
96
86
18
33
New York, New York
twitter.com
Како се размножуваме не треба да дефинира како ќе живееме??? Арогантно е да почитуваш природа? Епа ај да отфрлиме се што знаеме, да шетаме голи по улица, да ловиме мали деца за доручек - ќе отфрлиме се што е природно, шо има везе!?!

Не постоиме во некоја мисловна реалност, каде владеат розеви пеперутки и меки, слатки облачиња, туку во овој вистинскиов, реален, материјален свет! Ти биолошки функционираш секој ден - мораш да спиеш, јадеш, извршуваш физиолошки потреби и да се социјализираш. Живееш во природа - колку и да е модифицирана преку технологијата. Сфакам дека имаш неконвенционални ставови и искрено, ти се восхитувам за тоа, али мора да постојат ГРАНИЦИ. Не се што е неортодоксно е и правилно и вредно за бранење.

А парадата, според мене е вулгарен и агресивен медиум. Сакате права - супер! барајте ги, али барајте ги на начин кој е малку посуптилен за да може да ве сфатиме озбилно!

Мислам дека прифаќањето на геј луѓето и на се тоа што доаѓа со тоа е одраз на комплексноста на човекот. Ние како прво ни одблиску не разбираме како функционира природата па да глумиме сезнајковцки за што е природно или не е, иако според мене тоа е релативен термин. И ако сакаш да го карикираш тоа што го кажав повели, али тоа е одраз на тоа како ти ги сфаќаш ствариве а не јас.

Семејството како што постои денес е социјална конструкција која настанала низ времето и тоа не значи дека не треба да се менува и да еволуира и да опфаќа и друг вид на заедници. И не се сметам себеси за личност со хетеродоксни ставови околу оваа тема, едноставно сметам дека се човечки.

А парадата е израз на желба за прифаќање и заедничко живеење а ако нешто е агресивно или вулгарно тоа е фактот да не се дозволуваат или одобруваат такви настани. И геј луѓето не се тука за да ни угодат на мене и на тебе па да бидат суптилни или да се однесуваат како што некој друг очекува. Исто како што ти придонесуваш за општеството и очекуваш еднакви права, така и тие.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Ти биолошки функционираш секој ден - мораш да спиеш, јадеш, извршуваш физиолошки потреби и да се социјализираш.

Во природата е и сексиоалното привлекување, и сексот е физиолошка потреба, не служи само за размножување. ;)
 

Markov

Нов член
11 март 2012
12
28
3
33
Значи се сведува на мајка природа. А самата си контрадикторна на себеси. Мене кој ме напрај, мајка неприрода? Јас сум некој изрод во случајов?
Значи заедно со мајка природа евоулираме и ние, очигледно некој поспоро, некој побрзо. Малку ќе смешам историја. Ако погледнеш низ историјата, претходно вие жените, немавте право на глас, бевте потценети и ред други работи. Црнците беа сметани за нечисти, искористувани како робови и слично. Холокаустот ви е познат, да не продолжувам. Целта на горенаведенето ми е, дека следна поголема маса, која се соочува со неразбирање и проблеми во секојдневното живеење е LGBT заедницата. Мислам... се надевам ќе успееш да видиш/те на што пробувам да посочам.

И Black Mamba во секој случај, пак та мајка природа смешала прсти, стерилните родители патат од истиот проблем од кој патат и истополовите партнери. Резултатот е ист, без разлика на полот.
 

Black Mamba

Активен Член
6 март 2012
121
125
43
Мислам дека прифаќањето на геј луѓето и на се тоа што доаѓа со тоа е одраз на комплексноста на човекот. Ние како прво ни одблиску не разбираме како функционира природата па да глумиме сезнајковцки за што е природно или не е, иако според мене тоа е релативен термин. И ако сакаш да го карикираш тоа што го кажав повели, али тоа е одраз на тоа како ти ги сфаќаш ствариве а не јас.

Семејството како што постои денес е социјална конструкција која настанала низ времето и тоа не значи дека не треба да се менува и да еволуира и да опфаќа и друг вид на заедници. И не се сметам себеси за личност со хетеродоксни ставови околу оваа тема, едноставно сметам дека се човечки.

А парадата е израз на желба за прифаќање и заедничко живеење а ако нешто е агресивно или вулгарно тоа е фактот да не се дозволуваат или одобруваат такви настани. И геј луѓето не се тука за да ни угодат на мене и на тебе па да бидат суптилни или да се однесуваат како што некој друг очекува. Исто како што ти придонесуваш за општеството и очекуваш еднакви права, така и тие.


Нормално дека е одраз на тоа како јас ги сфаќам работите, инаку не би го пишувала ова. Еве ке повторам, јас сум ПРОТИВ легализирањена брачната геј заедница и правото што таа го носи - посвојување деца.

Сеа кога тоа го расчистивме, кој за кој став се залага да ти одговорам - секој може да каже: еј, ти не си доволно комплексна личност за да можеш да разбереш зашто се поддржува овој или оној став, али реално е дека други аргументи освен и они се луѓе (што и никој нормален не им го оспорува) немате. Мнозинството (а тоа сепак нешто важи) не ги дозволува овие права, така да по некоја логика - не може 90 % да бидат недоволно едуцирани и недоволно комплексни, а вие 10 % да го претставувате врвот на комплексноста. Шансите за тоа се милимикронски.

И уште нешто - геј лугето не мораат ниту мене, ниту тебе да ти угодуваат, али мораат да се однесуваат како што се очекува, зашто сите ние се однесуваме според некои општествени норми и правила. Кога секој би правел што ќе му текне...да не се повторувам по 100 пати, напишав веќе погоре.

Значи се сведува на мајка природа. А самата си контрадикторна на себеси. Мене кој ме напрај, мајка неприрода? Јас сум некој изрод во случајов?
Значи заедно со мајка природа евоулираме и ние, очигледно некој поспоро, некој побрзо. Малку ќе смешам историја. Ако погледнеш низ историјата, претходно вие жените, немавте право на глас, бевте потценети и ред други работи. Црнците беа сметани за нечисти, искористувани како робови и слично. Холокаустот ви е познат, да не продолжувам. Целта на горенаведенето ми е, дека следна поголема маса, која се соочува со неразбирање и проблеми во секојдневното живеење е LGBT заедницата. Мислам... се надевам ќе успееш да видиш/те на што пробувам да посочам.

И Black Mamba во секој случај, пак та мајка природа смешала прсти, стерилните родители патат од истиот проблем од кој патат и истополовите партнери. Резултатот е ист, без разлика на полот.

Ни на крај памет не ми е да те претставам тебе или било кој друг како изрод. Не ми ги извртувајте зборовите. Стојам на ставот против посвојување од причини кои 100 пати ги објаснив. Морам да излегувам , али би сакала да го продолжиме муабетов. Се надевам дека нема навредени, пошто тоа не ми е намерата. Поздрав :)
 

Elence

Полноправен Член
13 февруари 2012
96
86
18
33
New York, New York
twitter.com
Tи го карикираше моето мислење и јас те замолив да не го правиш тоа бидејќи твојата интерпретација не го рефлектираше тоа што јас го кажав.

Тој аргумент за мнозинството е сосема празен, бидејќи како што рече Марков погоре историски гледано работите кои сега се прифатени воопшто не биле прифатени. Општеството не е статичен ентитет туку нешто кое сите ние секојдневно го менуваме и во кое се прилагодуваме.

Нормално дека е одраз на тоа како јас ги сфаќам работите, инаку не би го пишувала ова. Еве ке повторам, јас сум ПРОТИВ легализирањена брачната геј заедница и правото што таа го носи - посвојување деца.

Сеа кога тоа го расчистивме, кој за кој став се залага да ти одговорам - секој може да каже: еј, ти не си доволно комплексна личност за да можеш да разбереш зашто се поддржува овој или оној став, али реално е дека други аргументи освен и они се луѓе (што и никој нормален не им го оспорува) немате. Мнозинството (а тоа сепак нешто важи) не ги дозволува овие права, така да по некоја логика - не може 90 % да бидат недоволно едуцирани и недоволно комплексни, а вие 10 % да го претставувате врвот на комплексноста. Шансите за тоа се милимикронски.

И уште нешто - геј лугето не мораат ниту мене, ниту тебе да ти угодуваат, али мораат да се однесуваат како што се очекува, зашто сите ние се однесуваме според некои општествени норми и правила. Кога секој би правел што ќе му текне...да не се повторувам по 100 пати, напишав веќе погоре.
 

Astrostoper

Активен Член
5 март 2012
224
249
43
Не се легално признаени двојките од ист пол, законот за анти-дискриминација не ја вклучува геј популацијата што значи дека технички тебе може и на работа да те дискриминираат поради твојата сексуалност поготово кај нас каде што сеуште нема прифаќање итн.


Добро како што реков, јас не размислувам околу прашањето за хетеросексуални фамилии на тој начин. Едноставно ги гледам научните докази и доказите од моето искуство.

технички може да те малтретира или даде отказ некој геј управител на некоја фирма
тоа не спаѓа во правата
.
никој нема право да втури дете во хомосексуална фамилија без детето лично да се согласи, а да може лично да се согласи де јуре, тогаш мора да има 18 години... значи ништо од посвојување деца
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Black Mamba

Markov

Нов член
11 март 2012
12
28
3
33
Се додека е дискусијата на ниво, без подли и ниски зборови, нема зошто да би се чуствувал некој навреден. Сепак овде споделување мислења и ги прошируваме нашите погледи. :)
Поздрав. :)
 

Markov

Нов член
11 март 2012
12
28
3
33
Еве една статија, може да ни ги отвори очите малце повеќе за каква е ситуацијата кај нас.

http://www.globalgayz.com/europe/macedonia/gay-macedonia/

Oва го читав, на самиот почеток, ко се запознавав со ситуацијата на геј луѓето во Македонија и сфатив колку светла иднина ме чека. Немам што да прокоментирам освен дека... треба многу време да помине, за да се искорени типичниот хомофобичен балкански менталитет.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MKD

Elence

Полноправен Член
13 февруари 2012
96
86
18
33
New York, New York
twitter.com
Oва го читав, на самиот почеток, ко се запознавав со ситуацијата на геј луѓето во Македонија и сфатив колку светла иднина ме чека. Немам што да прокоментирам освен дека... треба многу време да помине, за да се искорени типичниот хомофобичен балкански менталитет.
Ќе не биде и нас :), се додека има дијалог има и надеж. А и секаде постои хомофобија не сме само ние, само можеби на други места не е толку очигледна и е порегулирана.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MKD